..лабораториски резултати ти се ОК, за хеликобактер пилори Helicobacter pylori бактерија(не сакам да коментирам за грешките на докторот што како субспецијалист е недозволиво вакво „опилори“ и други грешки во неговото пишување, ако „гледа“ како што пишува
) си пиел тројна терапија (антиулкус + антибиотик + антимикробик) две недели по шема и би требало тоа веќе да го реши проблемот со зголемениот титар на таа бактерија, оти таа бактерија живее во нашиот стомак „нормално“, но прави проблеми кога ќе „збувне“ поради Х причини и доколку пак сакаш да ја провериш лабораториски најмалку треба да поминат шест месеци, оти во крвта уште кружи антителата од предходниот висок титар (резултат) и ќе се добие повторно висока вредност, но како погрешен резултат, затоа можно е испитување во фецес каде ќе даде точни резултати пред поминување на тие шест месеци ако некој сака( или со пиење на уреа и испитување на здивот) ...
ама тебе изгледа одредувањето на зголеменото присуство на оваа бактерија е направено за време на ендоскопското испитување кога ти е земено парче за биопсија на присуство на хеликобактер пилори со четири плуса... но тоа е споредно, јас мислам дека проблемите ти се и од каскадниот желудник, но пак се сомневам на хернија, како и да е се живее со тоа само треба дисциплина во намалени и чести оброци и одрекување на све што има бабл како газирани сокови, алкохол, цигари...
п.с.
нека докажат за каскаден желудник и радиолошки со РТГ снимка !
[DOUBLEPOST=1507497590][/DOUBLEPOST]
...според тоа што покажа од испитувањето кај ендоскопија има штиклирано две работи од која една е стомачна хернија при што едно од забранетите работи се многу слатки овошја како смоква, урма како и масни овошја како
лешници, бадеми и ореви