Оф леле. Според ова што го кажува Докторот, сварно нема никаква врска и логика. Ако Господ предходно ни ја креирал судбината, тоа значи дека на светов што и да правиме се е залудно, едноставно тој предходно не селектирал кој ке иде, а кој не кај него и крај(како што вели Докторот). Сварно бесмислено.
Друго.. се е тоа ок, Господ постои, тој не создал нас, планетите универзумот и сл. А кој го создал Господ? Не може туку-така ШТРАК и еве го Господ, па ај сеа ке си создавам луге, планети универзум и сл.
За да се создаде тоа се' тоа треба да се има простор. А кој го создал тој простор? Еве да речеме дека Господ. А Господ во каков простор настанал? Кој е почетокот?
Исто така ние христијаните веруваме во Господ и на крај мислеме дека он ќе не спасе. ОК е тоа се'. А што да речеме за будистите, за муслиманите? Они си имаат СВОЈ Господ кој мислат дека после смртта ке ги спасе, така? Ако само нашиот Господ е единствен, тогас како ќе ги спасе овие души? Или нив ги става на друго место? Друго.. неможеме ни да си замислеме колку е огромна вселената, универзумот. Сами ли сме во овој огромен простор? Единствена ли цивилизација сме? Ако ме прашувате мене. -НЕ! Има многу други светови далеку од нас, на други планети и можда се многу поразлични од нас и адаптирани на други средини и подруго функционираат. Нив како ке ги спаси Господ кога ке умрат(а 100% ке умрат, зашто нема НИШТО вечно). Друго.. како верувале предходните генерации(да ги нарешам(мислам за оние пред исус)) ? Они верувале во Богови, и тогаш како Господ ги спасувал нив кога ни Г од него не се спонувало во нивните животи? Или пак можда тогаш СВАРНО постоеле богови и они биле во блиски врски со Господ, па као демек ај еве спаси ги нивните души?
Друго.. од кога ке умреме, тие што заслужиле идат во Рајот. ОК е тоа. А каде е Рајот? Некаде во/вон универзумот? На некое друго место? Каде?
Значи уште еднаш ќе напоменам. ЛЕСНО Е НЕШТО ДА СЕ СОЗДАДЕ АКО ПРЕДХОДНО НЕШТО ПОСТОЕЛО. Целата дилема е во ПОЧЕТОКОТ. Ок е да има Господ и ова се' он да создал, ама тогаш дилемата е Господ како настанал. ПОЧЕТОКОТ НА ПОЧЕТОКОТ!
Благодарам.