Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Православната азбука и не е баш иста со Библиската. Колку толкувата, колку азбуки.Нервозен? Кај запримети моја нервоза...аааа, да не си станал и ти објективен субјект па рабоќето сами од себе ти се прикажуваат?...
Ај малку православна азбука...
Самиот поим „бог„, означува;
- се‘ знајност,
- се‘ опфатност,
- се‘ присутност.
Така, јасно е дека Бог навистина знае се‘, се‘ засекоја честичка во Вселената па така, Он знае(л) и за дејанијата од луѓето од Содом (од таму и доаѓа противприродниот блуд наречен „содомија„) па Бог, гледајќи во каква гревовна кал заглавиле жителите на Содом, Он решил да ги истреби од Земјава.
Авраам пак, кој бил Божји угодник и кој со Бога разговарал на „ти„, нажален и свесен за последиците кои им следеле на Содомјаните, решил да се „пазари„ со Бога, односно од Бога да измоли милост за блудното Содомоско „пучанстсво„. Но Бог, иако се нафатил да „тргува„ со Авраама, сепак Он не нашол ниту еден праведен Содомјанин, заради чија правдина Бог ми покажал милост кон сите Содомјани. Ситуацијата со Содом била таква што сите граѓани се впуштиле во блуд па токму ради тој нивен тежок противприроден грев, Он решава да ги збрише градот и граѓаните од лицето на Земјава.
Така е или не е?...
Бог не знаел за дејствијата на луѓето од Содом, туку се координирал според гласините кои стигале до него. Па затоа и пратил 2 ангела да ја испитаат состојбата. Да знаел се’, точно ќе знаел колку чесни луѓе има во тој град и дали требал да го уништи во тој даден момент. И во другите свети книги има вакви описи, во Куранот за “Антантида на песоците“, каде Аллах го збришал целиот град поради тоа што биле неверници, и имаш Мохенџо Даро, според хинду писанијата бил избришан од историјата поради истите причини. Сега дали се опишуваат исти настани, поврзани со некакви променливи временски непогоди кои довеле до изумрување на цели градови, а на сторителот од страв му се дало некакво лице или форма на Бог, тоа е друга тема за дискутирање.
Бог не знаел, ниту можел се’. Тоа е потенцирано во Библијата неколку пати, а и за ова веќе имаме дискутирано. Како Ездра кога го прашува за знаците и за неговиот живот и добива одговор во форма дека за знаците Бог може да му каже делумно, а за животот вели дека не му е познато. Не знаел каде се Адам и Ева, ниту што направиле. Не знае каде е Авел.....Тоа се текстови настанати во различни доби и напишани од различни автори, и ако сите разговарале со тој еден и единствен Бог, тој Бог би требало да биде константен...или можеби авторите добиле погрешна перцепција за Бог?