Така и мислев, иначе тотално неважна информација, таков е механизмот на страната, прво требаше 20 000, па кога дојдоа ставија 35к, сигурно на 35к кога ќе стигнат ќе им е ко нов milestone 50к или некоја слична бројка.2та. Каква е таа петиција која бара само име, презиме и емаил? Треба да се прикаже лична карта, а се бара и матичен број и потпис. Првата нема никаква правна сила, евентуално може да послужи како податок за евентуалното незадоволство. И до 35.000! Како дошле до таа бројка? Треба 100.000 за референдум.
Инаку 2та иако е правно легитимна е под покровителство на опозициската партија, што некого може и да натера и да не ја потпише затоа што тоа се чисти политички поени, што на крајот и да се соберат тие 100.000 потписи, нема да доведат до референдум, иако истиот е задолжителен, но само ако истите се достават до Собранието. Јас сум сигурен дека ова ќе помине и како 2-те петиции претходно кои завршија во партиските складишта.![]()
100 000 потписи во живо не се ништо ако го земеме во предвид фактот што ВМРО се собираа по илјадници луѓе за слични патриотско-политички протести. Само што сега нема целата партија да подржи пак масовно вакво нешто да се собере, уценети се тие да молчат, направиле споразум. Познавајќи го нашиот менталитет чисто сомневам дека освен ако не сме водени од некоја партија, ќе може да се собереме толкава толпа на луѓе, да не кажам нема шанси.
П.с. Случајно дечкиве што ја водат петицијава за собирање потписи да не се на плоштад седнати? Дека мислам имаше нешто поставено навечер, ама не пишуваше ништо. Ако е тоа истото, добра е локацијата, би се потпишал и јас, само нека обележат натписи дека се собираат потписи, кога поминав завчера вечерта немаше никакви натписи само масичка и 4-5 луѓе
Последно уредено: