- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.105
- Поени од реакции
- 37.567
Cannot agree more! Јас го гледав во неделата, ама поради обврските со Kajgana Movie Awards 2017, не стигнав да пишам ништо. Мене ми се допадна. Поради лошите оценки од сите вас на LB, очекував многу помалку од тоа што го добив. Искрено, прво мислев дека станува збор за некој обичен трилер со оригинална приказна. Немав поим дека е историографска (мета?)фикција. И за тоа ми се допадна уште повеќе. Мислам, ОК е, јасно дека некои сцени се заради драмски ефект, и изгледаа по малку нереално и клише, но со самиот факт дека постоело такво место како Colonia Dignidad, те лазат морници од филмов. Инаку, како што прочитав, местото било далеку пострашно од "идиличниот" живот прикажан во филмов. Можеле и тука малку погрубо да играат, мое мислење е дека ќе било поефективно. Ама и вака не губи многу филмот. Глумата е добра, Брул е одличен актер... Реков, само да немаше толку стереотипизирани сцени, во стилот на крајната со авионот (ме потсети на Argo на Афлек, исто заради клишеата не ми се допадна), ќе беше далеку подобар филм. Вака - 7/10