Русија - смена во надворешната политика?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Па потврдив де дека трошок се базите, ама затоа добиваат поврат илјадници милијарди долари профит.

Путин нема природни ресурси, туку на таа територија има ресурси НО чија е сопственоста е битна, каде иде кајмакот :cool: .
Африка и Блиски Исток се богати арно ама :cautious:
А за човечки ресурси, како тоа неограничени o_O, од почеток на 90те, секоја година Русија се намалува население по ц.ц. 700.000 а за квалитетот каде им бега да не збориме.
Промената на центарот на моќ е неизбежен. 99% ќе биде во Азија, Русија со нејзините олигарси е осудена на стагнација.
Кина ја развива својата економија, а секоја земја која има јака внатрешна економија ќе излезе како победник од кризата која доаѓа следните години.

Русија е вратена на сцена само на воена и тоа за потребите на западот. Украина Америте си се позиционираа во индустриите кои им требаа, Сирија си градат бази, не гледам Русите нешто да ги бркаат од таму или они да собираат кајмакот или па се многу скромни :toe:

Јасно ми е зашто влечеш накај Русите, ама иди работи со нив, па ќе видиш колку покварени се. Сталин и Ленин се погрижиле се што вредело на времето да го снема а и нивните наследници.:(
Види сеа, прејудицираш работи, ти си тука од 2011 година и не знаеш дали и зошто сум наклонет кон Русија, од причина што тој став еволуира, а ти не си бил тука да ја видиш таа еволуција... Тенеке може знае... Братот сигурно знае но го нема.. Единствената наклонетост што ја имам јас е Македонија... Тоа може си немал прилика да го видиш...

Точно е дека јака Русија е потреба на западот, за да може да ја порасне контролата врз територијата што ја има, но и обратно, Путин нема да биде јак без силна Америка... и ако си ме прател некогаш, и во темава, и во други теми, можеш да видиш дека баш тоа го пропагирам од поодамна, движењето кон неминовна биполаризација... Мора да ти е јасно дека јас не сум ниту русофил, ниту проамериканец, и мораш да ги разликуваш моите пишувањата кои ги кажуваат моите ставови и пишувањата кои се едноставно геополитичка анализа.

Што се однесува до профитите на САД од тие војни бази.. Дали сериозно мислиш дека САД како држава има некаков ќар. Имаат ќар поединци, исти онакви какви што се олигарсите што ги викаш на Путин.Тие нели ги спонзорираат војните па дури имаат и приватни војски, што дестабилизираат цели региони. Така да, колку важи муабетот за стагнацијата на Русија со нејзините олигарси, уште повеќе тоа важи за САД.

А што се однесува тежнеење на центарот на моќ, кој го проектираш на Кина, тука и те како се лажеш. За да продуцираш центар на моќ, мораш да имаш јака воена технологија, Кина во тоа заостанува со децении.... Кина ако не гледаш е свесна за ситуацијата, и едноставно го прифати лидерството на Русија... Што ќе биде ќе видиме, но фактот говори дека уште пред деценијатука на форумов се смееја на улогата на Русија и како алтернатива ја кажуваа Кина... Денеска тој став е со све помалце аргменти.[DOUBLEPOST=1521210210][/DOUBLEPOST]
Да се надополнам само, мојата струка ми дала можност да работам и соработувам со Руси, Американци, Израелци, Европјани, Кинези и Индијци.

Точно Русите се малце тешки за соработка, од причина што имаат таков мајндсет..Но кога збориме за поквареност.. Американците мислиш дека се фер и ОК ?? Или Израелците... Додека им требаш ти го лижат гзот сите, кога не им требаш чао... Слаткоречивоста нека не те буни, сите фирми си ги тераат своите бизнис интереси и тоа е тоа... А за квалитет, да не ти зборам за Кинезите, тотална утка се, бетер се од Индијците во квалитетот...

Исто така сум имал можност да контактирам и помагам на постдипломци во сферата на AI од скоро цел свет. Тие што излегуваат од Руската школа се надмоќни во секој сегмент. Просечен бачелор во Русија е еднакво на мастер во било која друга светска земја, кога збориме за техничките факултети. Едноставно се интелектуално надмоќни од своите врсници од Европа и Америка, а да не збориме за Индија и Кина... Капацитеот и компарацијата лично сум ја видел и тоа не лаички, туку од стручен аспект. И Руската школа и те како се цени во Европа...
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.523
Поени од реакции
36.473
А инфлацијата не ја рачунаш, у времето на Буш доларот беше 75 денари сеа е 55. Русија со многу помал буџет развива многу различни проекти. Иначе носачи на авиони се ок, ако бомбардираш ќори држави.
Поголем е буџетот и покрај инфлацијата. Русија вади добри резултати во однос на парите што ги има на располагање. Разликата е што САД парите што ги има на располагање се неспоредливи. Не правиме муабет за 2 спрема 1, туку збори за тоа 10:1 однос на потрошени пари за војна (денес популарно наречено одбрана).

Носач за авиони значи дека САД може на секоја точка на планетата да испорача воздушен напад од големи размери. Тоа моментално само они може да го изведат.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.658
Поени од реакции
40.722

Ако под секоја точка на планетата подразбираш, Ирак, Сирија, Јемен, Либија, Југославија, Северна Кореја ок, ја мислев збориш за Русија и Кина.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.523
Поени од реакции
36.473
Види сеа, прејудицираш работи, ти си тука од 2011 година и не знаеш дали и зошто сум наклонет кон Русија, од причина што тој став еволуира, а ти не си бил тука да ја видиш таа еволуција... Тенеке може знае... Братот сигурно знае но го нема.. Единствената наклонетост што ја имам јас е Македонија... Тоа може си немал прилика да го видиш...

Точно е дека јака Русија е потреба на западот, за да може да ја порасне контролата врз територијата што ја има, но и обратно, Путин нема да биде јак без силна Америка... и ако си ме прател некогаш, и во темава, и во други теми, можеш да видиш дека баш тоа го пропагирам од поодамна, движењето кон неминовна биполаризација... Мора да ти е јасно дека јас не сум ниту русофил, ниту проамериканец, и мораш да ги разликуваш моите пишувањата кои ги кажуваат моите ставови и пишувањата кои се едноставно геополитичка анализа.

Што се однесува до профитите на САД од тие војни бази.. Дали сериозно мислиш дека САД како држава има некаков ќар. Имаат ќар поединци, исти онакви какви што се олигарсите што ги викаш на Путин.Тие нели ги спонзорираат војните па дури имаат и приватни војски, што дестабилизираат цели региони. Така да, колку важи муабетот за стагнацијата на Русија со нејзините олигарси, уште повеќе тоа важи за САД.

А што се однесува тежнеење на центарот на моќ, кој го проектираш на Кина, тука и те како се лажеш. За да продуцираш центар на моќ, мораш да имаш јака воена технологија, Кина во тоа заостанува со децении.... Кина ако не гледаш е свесна за ситуацијата, и едноставно го прифати лидерството на Русија... Што ќе биде ќе видиме, но фактот говори дека уште пред деценијатука на форумов се смееја на улогата на Русија и како алтернатива ја кажуваа Кина... Денеска тој став е со све помалце аргменти.[DOUBLEPOST=1521210210][/DOUBLEPOST]
Да се надополнам само, мојата струка ми дала можност да работам и соработувам со Руси, Американци, Израелци, Европјани, Кинези и Индијци.

Точно Русите се малце тешки за соработка, од причина што имаат таков мајндсет..Но кога збориме за поквареност.. Американците мислиш дека се фер и ОК ?? Или Израелците... Додека им требаш ти го лижат гзот сите, кога не им требаш чао... Слаткоречивоста нека не те буни, сите фирми си ги тераат своите бизнис интереси и тоа е тоа... А за квалитет, да не ти зборам за Кинезите, тотална утка се, бетер се од Индијците во квалитетот...

Исто така сум имал можност да контактирам и помагам на постдипломци во сферата на AI од скоро цел свет. Тие што излегуваат од Руската школа се надмоќни во секој сегмент. Просечен бачелор во Русија е еднакво на мастер во било која друга светска земја, кога збориме за техничките факултети. Едноставно се интелектуално надмоќни од своите врсници од Европа и Америка, а да не збориме за Индија и Кина... Капацитеот и компарацијата лично сум ја видел и тоа не лаички, туку од стручен аспект. И Руската школа и те како се цени во Европа...
Јас не велам дека американците не се покварени или што и да е, јас велам дека имаат ебано многу пари и затоа ситуацијата е таква каква што е.

За тоа дали некој бил интелектуално надмоќен оти би Русин или Кинез, не би навлегувал и мислам тие филозофии на интелектуална надмоќност на луѓе само оти се родиле во Русија или Германија се застарени.

Јас само гледам дека најдобрите научници во технолошките области без разлика од која држава се, најчесто завршуваат во САД на Калтек, МИТ и слично и после дел од нив завршуваат во Northop Grumman, Lockheed Martin и слично.
 
B

Bafra

Гостин
Што се однесува до профитите на САД од тие војни бази.. Дали сериозно мислиш дека САД како држава има некаков ќар. Имаат ќар поединци, исти онакви какви што се олигарсите што ги викаш на Путин.Тие нели ги спонзорираат војните па дури имаат и приватни војски, што дестабилизираат цели региони. Така да, колку важи муабетот за стагнацијата на Русија со нејзините олигарси, уште повеќе тоа важи за САД.

А што се однесува тежнеење на центарот на моќ, кој го проектираш на Кина, тука и те како се лажеш. За да продуцираш центар на моќ, мораш да имаш јака воена технологија, Кина во тоа заостанува со децении.... Кина ако не гледаш е свесна за ситуацијата, и едноставно го прифати лидерството на Русија... Што ќе биде ќе видиме, но фактот говори дека уште пред деценијатука на форумов се смееја на улогата на Русија и како алтернатива ја кажуваа Кина... Денеска тој став е со све помалце аргменти.
Бајден ја финансираше во Украина и си доби тоа што сакаше. Е сега Бајден каде живее, каде го носи профитот од Украина, каде ги троши парите... значи САД имаат исто ќар од тоа. Руските тајкуни каде ги чуваат парите, каде ги трошат :D

САД дозволуваат други да напредуваат кај нив ги наградуваат и ги мотивираат, Руските олигарси НЕ. Иди во Москва и отвори ресторан без дозвола од мафијата/олигарсите за 48ч ќе те снема. Ако по тебе истото важело и за едните и за другите зашто САД се САД а Русија се вукојебина .... САД полека почнува да прифаќа социјализмот кај нив (за да можат корумпираните политичари да полнат сметките), па затоа ќе си платат цехот.
Во секоја држава ќе ти прифатат 1 долар. А во колку ќе ти прифатат рубљи :D.

Точно Русите се малце тешки за соработка, од причина што имаат таков мајндсет..Но кога збориме за поквареност.. Американците мислиш дека се фер и ОК ?? Или Израелците... Додека им требаш ти го лижат гзот сите, кога не им требаш чао... Слаткоречивоста нека не те буни, сите фирми си ги тераат своите бизнис интереси и тоа е тоа... А за квалитет, да не ти зборам за Кинезите, тотална утка се, бетер се од Индијците во квалитетот...
Јас не реков дека САД се цвеќиња за мирисање, нормално додека има интерес ќе те негува, почитуваат бизнис правила и норми, а Русинот ни за тоа не го бива, сака да ти биде господар, тој да е главниот а за тебе НИШТО. :neetaka:

Врска моќта, кога империите се распаѓаат, а тоа е секогаш самите од себеси, тогаш и парите и квалитетните луѓе си одат од таму а нивното знаење и богатство се префрла на друга попросперитетна територија. Примери ти се сите поголеми светски империи како Македониа :cool: , Византија, Рим, Кина, Индија, Англија.

Еве живи здрави па во 2033 кога со @мкд владе ќе пиете пиво во некоја пушална нека ти текне на муабетов за Кина :D
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Базите низ целиот свет се вториот елемент на воената политика на САД како глобална супер сила. Тоа они што го прават (еден куп бази со стотици илјади војници и опрема низ цел свет) никој не може ни приближно да го го направи.
Точно така, јас тотално се слагам со тоа... Меѓутоа тие бази носат и трошок на грбот на обичниот американец, а на корист на олигарси, кои се богатат на сметка на Американскиот буџет.

Затоа цела таа бизнис машинерија спонзорира воени судири низ целиот свет

Русија има еден прастар носач на авиони. Овие имаат 11 од кој што сите на нуклеарен погон. Тие носачи на авиони што ги пензионираат се понапредни од Кузнецов. Последниот што го пуштија УСС Џералд Форд, Кина и Русија нема да можат таков да развијат во наредните 20 години.
Види сеа, потребата на САД да развива носачи на Авиони, не ја покажува предноста на САД, туку хендикепот... Зошто Русија да се ориентира кон носач, кога истовремено граничи и со САД, и со Јапонија и со Кина и со Среден Исток и со Блиски Исток и со Балкан и со Мала Азија и со Европска Унија.. Предноста на геостратешката положба на Русија САД мора да ја манифестира со носачи на авиони, кои морам да кажам во денешна констелација на воената технологија што ја поседува Русија се речиси неупотребливи против Русија...

Никој друг не е ни блиску да развие нешто како B-2 Spirit бомбардерот.
Бомбаредерот кој пред 30 години беше технолошко чудо, денеска може да се употреби против Сирија, Ирак и евентуално Иран (за што се сомневам), за Русија... тешко...

Дрон програмата на САД е децении пред сите други.
Тука си грешка, ракетните системи на Русија кои се интелегентни системи и се дефакто дронови и се далеку надмоќни од тие на САД.

После Втора светска војна доминираат со иновации. Затоа и Советската шпунажа е пред се индустриска шпиунажа додека Американската е информативна.
Дали е тоа така? САД во неколку наврати копира Советски ракетни и млазни иновации, како од технички така и од аеродинамички карактер... Единствен технолошки производ од авио-ракетната индустрија на западот, кој бил технолошко надмоќен над советската e SR-71 Blackbird кој мислам дека сеуште е надмоќен во брзината, но нема никакви маневрирачки способности, и во моментов е неупотреблив.. со оглед на неговата намена и перформанси...

Страшно многу пари се фрлени во нивната воена индустрија.
Сега Трамп одобри буџет за Пентагон во висина од 900 милијарди долари. Во ерата на Буш во екот на војните во Ирак и Авганистан, буџетот на Пентагон беше околу 500 милијарди.
Ти реков, тие пари на крајот се слеваат по олигарсите околу Трамп, немаат никаква вредност....
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.277
Поени од реакции
22.043
Еве живи здрави па во 2033 кога со @мкд владе ќе пиете пиво во некоја пушална нека ти текне на муабетов за Кина :D
Bas ke se setime na tebe i ke recime ti teknuva na muabetot na Bafra. E vo pravo bese :)
P.s Ako sakas da te druzime samo kazi, ne vaka odokolu kako kisa oko Kraguevca :cautious:
P.s.s Kako zamaecot, vrti :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.523
Поени од реакции
36.473
Ако под секоја точка на планетата подразбираш, Ирак, Сирија, Јемен, Либија, Југославија, Северна Кореја ок, ја мислев збориш за Русија и Кина.
Такви конвенционални војни не се можни со нуклеарни сили. Плус нема да им требаат оти ги имаат опколено со бази од сите страни :)
Кина ако го нападне Тајван ќе го освои после месец дена борби и ќе изгуби две третини од армијата, а камоли со армијата на САД да се мери.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Јас не велам дека американците не се покварени или што и да е, јас велам дека имаат ебано многу пари и затоа ситуацијата е таква каква што е.
Точно е ова, но корупцијата е страшно зголемена.. Буквално бетер тендераши се од МК...

За тоа дали некој бил интелектуално надмоќен оти би Русин или Кинез, не би навлегувал и мислам тие филозофии на интелектуална надмоќност на луѓе само оти се родиле во Русија или Германија се застарени.
Пази сега, не зборам јас за обичен човек, зборам за човек со завршен факултет... Тоа не збори за неговата вродена интелектуална способност, туку за тоа колку е квалитетно образование имаат... Ако Русија има квалитетно образование во техничките науки, кое се истакнува од секој друг образовен систем, тоа значи само дека Русија во брзо време ќе стане доминантна во технолошката сфера.

Јас само гледам дека најдобрите научници во технолошките области без разлика од која држава се, најчесто завршуваат во САД на Калтек, МИТ и слично и после дел од нив завршуваат во Northop Grumman, Lockheed Martin и слично.
Точно е и тоа дека во моментов голем дел од научните капацитети се слеваат во САД, но можам да ти кажам дека најголем број на успешни стартапи од полето на информатичката технологија имаат Евреите.... А Еврејските ассети се повеќе инвестираат во Русија.... Сеуште се далеку од комерцијализација на образовните капацитети кои се несомнено големи и доминантни, но ќе дојде и тоа време...
 
B

Bafra

Гостин
Bas ke se setime na tebe i ke recime ti teknuva na muabetot na Bafra. E vo pravo bese :)
P.s Ako sakas da te druzime samo kazi, ne vaka odokolu kako kisa oko Kraguevca :cautious:
P.s.s Kako zamaecot, vrti :)
НЕ идам по пушални.
Знаеш онаа лета магарето, ама ниско. Така и замаецот, врти ама споро :D .

Не реков дека ќе бидам во право, може состојбата ќе налага да пиете пиво на Крим и да се смеете: ти текнуе на оној Бафра шо велеше Кинезите ќе ги надминеле Русите :D
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.523
Поени од реакции
36.473
Точно така, јас тотално се слагам со тоа... Меѓутоа тие бази носат и трошок на грбот на обичниот американец, а на корист на олигарси, кои се богатат на сметка на Американскиот буџет.

Затоа цела таа бизнис машинерија спонзорира воени судири низ целиот свет

Види сеа, потребата на САД да развива носачи на Авиони, не ја покажува предноста на САД, туку хендикепот... Зошто Русија да се ориентира кон носач, кога истовремено граничи и со САД, и со Јапонија и со Кина и со Среден Исток и со Блиски Исток и со Балкан и со Мала Азија и со Европска Унија.. Предноста на геостратешката положба на Русија САД мора да ја манифестира со носачи на авиони, кои морам да кажам во денешна констелација на воената технологија што ја поседува Русија се речиси неупотребливи против Русија...

Бомбаредерот кој пред 30 години беше технолошко чудо, денеска може да се употреби против Сирија, Ирак и евентуално Иран (за што се сомневам), за Русија... тешко...

Тука си грешка, ракетните системи на Русија кои се интелегентни системи и се дефакто дронови и се далеку надмоќни од тие на САД.

Дали е тоа така? САД во неколку наврати копира Советски ракетни и млазни иновации, како од технички така и од аеродинамички карактер... Единствен технолошки производ од авио-ракетната индустрија на западот, кој бил технолошко надмоќен над советската e SR-71 Blackbird кој мислам дека сеуште е надмоќен во брзината, но нема никакви маневрирачки способности, и во моментов е неупотреблив.. со оглед на неговата намена и перформанси...

Ти реков, тие пари на крајот се слеваат по олигарсите околу Трамп, немаат никаква вредност....
Тие руски системи што ги наброја оперативно ги имаме видено на клипови на интернет и во Сирија против брадести терористи со пушки и пиштоли.

Американската авијација од друга страна во Југославија и Ирак беше сериозно тестирана од руски одбрамбени системи и ракети. На крај Америчката авијација и технологија се покажа како страшно доминантна.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Бајден ја финансираше во Украина и си доби тоа што сакаше. Е сега Бајден каде живее, каде го носи профитот од Украина, каде ги троши парите... значи САД имаат исто ќар од тоа. Руските тајкуни каде ги чуваат парите, каде ги трошат :D
Швајцарија, Сејшели ?!? Бајден не ја финансираше Украина, туку САД ја финансираше за да Бајден лапне нешто... Иначе Украина не е класичен случај, мислам дека немаат база у Украина Американците...

САД дозволуваат други да напредуваат кај нив ги наградуваат и ги мотивираат, Руските олигарси НЕ. Иди во Москва и отвори ресторан без дозвола од мафијата/олигарсите за 48ч ќе те снема. Ако по тебе истото важело и за едните и за другите зашто САД се САД а Русија се вукојебина ....
Точно, вукојебина се сеуште, ама се движат во добар правец. Но ајде да те видам отвори нафтена компанија во САД, можеш ? Или па примерот со ресторанот.. Можеби таму рекетот е сведен на бирократско ниво.. Пак повеќе пари ќе трошиш на Америчката бирократија, одколку во Русија на рекет....

САД полека почнува да прифаќа социјализмот кај нив (за да можат корумпираните политичари да полнат сметките), па затоа ќе си платат цехот.
Во секоја држава ќе ти прифатат 1 долар. А во колку ќе ти прифатат рубљи :D.
Така е и тоа, ама пак јас со ништо не го негирав ова... САД се број 1 во светот сеуште, не заради што сега стануваат јаки, туку дека беа премногу јаки претходно па направија светска хегемонија....Сега процесот е реверзибилен и полека ќе се изедначат со Русија...дали САД ќе паѓа или пак Русија ќе расте, сосема небитно...

Јас не реков дека САД се цвеќиња за мирисање, нормално додека има интерес ќе те негува, почитуваат бизнис правила и норми, а Русинот ни за тоа не го бива, сака да ти биде господар, тој да е главниот а за тебе НИШТО. :neetaka:
Дали знаеш да посочиш пример таков тука, Јас имам работено со неколку Руски банки и доста добар однос имав со луѓето, ниту пак ми изгледаа врботените како ептен робови, туку беа бајаги порелаксирани од просечна америчка компанија, повеќе како европска компанија да речеме...

Врска моќта, кога империите се распаѓаат, а тоа е секогаш самите од себеси, тогаш и парите и квалитетните луѓе си одат од таму а нивното знаење и богатство се префрла на друга попросперитетна територија. Примери ти се сите поголеми светски империи како Македониа :cool: , Византија, Рим, Кина, Индија, Англија.

Еве живи здрави па во 2033 кога со @мкд владе ќе пиете пиво во некоја пушална нека ти текне на муабетов за Кина :D
Ее немора да чекаме до тогаш, а САД сигурно нема да се распадне до тогаш, меѓутоа дефинитивно балансот ќе биде оформен, а тој нема да биде Кина... Инаку еве и тебе те вика Владе на пиво па заедно сите ќе опрааме светска политика...Под услов да е надвор и да има добра храна...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.658
Поени од реакции
40.722
Тие руски системи што ги наброја оперативно ги имаме видено на клипови на интернет и во Сирија против брадести терористи со пушки и пиштоли.

Американската авијација од друга страна во Југославија и Ирак беше сериозно тестирана од руски одбрамбени системи и ракети. На крај Америчката авијација и технологија се покажа како страшно доминантна.
Кога ќе ја тестираат против s-400 тогаш може да речеме дека е доминантна, а не против ракети од шеесетите
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Американската авијација од друга страна во Југославија и Ирак беше сериозно тестирана од руски одбрамбени системи и ракети. На крај Америчката авијација и технологија се покажа како страшно доминантна.
Од Руски одбранбени системи од втора генерација и на крај пак им го бутнаа F117...

Пази, до сега САД не се осудила да нападне држава која го има застарениот ракетен систем С300, да не збориме за С400 или недај боже С500...
Така да ниту Американците своите пронајдоци не ги тестирале над држави со достојна одбрана....

петодневната војна во Грузија и уништнањето на ниванта флота и армија покажа далеку понапредна воена тактика и успех во однос на Американците во војните во Ирак и Авганистан на пример.... Во Украина ја покажаа својата надмоќ во организирање на месното население кое е наклонето кон Русија, а во Сирија покажаа успешен боост на режим кој беше на стаклени нозе...

Со вакви и волку успешни сценарија САД неможат да се пофалат во последните 30 години, а незнам и за претходно...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.523
Поени од реакции
36.473
Кога ќе ја тестираат против s-400 тогаш може да речеме дека е доминантна, а не против ракети од шеесетите
Баш би сакал да го видам тоа. Иако мислам дека F-22 Raptor и новата F-35 нема да можат ни на мапа да ги најдат.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Муабетиве ви Русија-САД ви се толку 6-7 одделение, просто е неверојатно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom