Точно. Русија од друга страна нема таква потреба, претежно се дефанзивно ориентирани. Би било глупаво да се однесуваат како Американците имајќи предвид дека Русите се енергетска супер сила. Многу земји зависат од нивните енергенси, самите се обезбедени со векови, спротивно на Американците кои имаат потреба да ги контролираат изворите и рутите на енергенсите на тој начин обезбедувајќи си сигурен прилив на енергенси. Впрочем оттука и различните стратегии што се пресликуваат на различните вложувања во технологија.
Исто интересен е фактот што кај Русите фали комерцијализација на технологијата иако по развојни и истражувачки центри се далеку пред било која Европска земја и се на скоро исто рамниште со САД. Нијанса послаби. Далеку се било какви Кинези, Индијци или било кој да се мерат технолошки со САД и Русија. Децении назад.
Русија е веројатно единствената самодржлива земја, во некоја елементарна смисла, тоа без или со некоја незначителна развојна компонента, меѓутоа тоа во сегашни околности не може да пркоси онака како што можело пред едно 30+г сега ти пишувам од мајкрософт софтвер инсталиран на воглавно интел компоненти, добар дел од монополот врз модерната технологија го држи силиконската долина од Калифорнија, дека сето тоа нема проектирани задни врати кои би биле експлоатирани од безбедносната машинерија на САД чисто се сомневам, благо речено. Тука е една огромна предност во денешниот дигитален свет.
Делумно воената доктрина се базира на потребата за енергенси, една енормна потреба, меѓутоа не е тоа се, се работи за нешто многу повеќе, едноставно САД во моментот ги диктира глобалните трендови,се работи за американизација на светот.
Огромна е разликата на средства кои се вложуваат и со кои располагаат безбедносните сили на САД и Русија, сепак САД е класа за себе, Русија исто, а тука позади е Кина, Германија итн, шо значи се согласуваме, иако Кина има енормен напредок поради тренсферот на технологии со релокацијата на производствто од Запад на нивна територија.
Не знам со што се Русија располага шо би го анимирало комерцијалниот свет а е надвор од воено безбедносниот сегмент, факт е дека до неодамна немаше сопствен домицилен паметен телефон, значи некои банални работи, што никако не значи дека заостануваат ептен позади амери во други сегменти, посебно воениот.
Поентата ми е дека ние еве расправаме на кирилско писмо и словенски јазик, меѓутоа не знам за тебе, ама еве јас сум поминал период во исклучиво англиско говорно подрачје без ниаков проблем, а не би можел исто да го кажам за руското затоа шо не го знам јазикот, а по логика би требало да биде обратно бидејки ми е сроден со мајчиниот.
Едноставно е, не е само до носачите на авиони и можноста да се проектира сила.
САД може да реагираат воено било каде во светот за кратко време. Можат и Русите но неспоредливо подолго време би им требало.
Споредба на авион со авион не е можна бидејќи истите делуваат во состав со еден куп друг системи и се приспособени на тие системи. Така да јачањето Ф-22ката е подобар од Су-35ката или Су-57 партал го прави Ф-35 е смешно.
Русија може меѓутоаодблиску како тоа може да го направи САД, значи неспоредливи капацитети за проекција на моќ.
Настрана факорот време, тоа е реалноста, нажалост за нас шо кирилското писмо и словенски јазик ни се мајчини.
Е сеа, сто посто си во право за споредбите, битно прво да се одредат вистинските соперници од арсеналот на едните и другите, нивните техничко експлоатациони к-ки, и сето тоа се става во динамични сценарија т.е симулации, тогаш верувам може да си ги мерат, а колку шо знам така и се прави. Проблем е шо констатно се унапредуваат базичните верзии особено на борбените возудхоплови било на америте или русите, сеедно фикснокрилна или ротокрафтна авијација, па има по некое изненадување повремено, некој ќе се истакни со нешто.
Едно е факт, русите се секогаш далеку поефтини од било кој Западен производител, згора се и доста дил ориентед ептен големи капиталисти па немаат проблем да прилагодата нешт на STANAG. А и немаат лош квалитет за цената.
Е сеа битно е да си во позиција во која имаш право на избор, а ние и неаме баш...