jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.422
Види сеа, прејудицираш работи, ти си тука од 2011 година и не знаеш дали и зошто сум наклонет кон Русија, од причина што тој став еволуира, а ти не си бил тука да ја видиш таа еволуција... Тенеке може знае... Братот сигурно знае но го нема.. Единствената наклонетост што ја имам јас е Македонија... Тоа може си немал прилика да го видиш...Па потврдив де дека трошок се базите, ама затоа добиваат поврат илјадници милијарди долари профит.
Путин нема природни ресурси, туку на таа територија има ресурси НО чија е сопственоста е битна, каде иде кајмакот.
Африка и Блиски Исток се богати арно ама
А за човечки ресурси, како тоа неограничени, од почеток на 90те, секоја година Русија се намалува население по ц.ц. 700.000 а за квалитетот каде им бега да не збориме.
Промената на центарот на моќ е неизбежен. 99% ќе биде во Азија, Русија со нејзините олигарси е осудена на стагнација.
Кина ја развива својата економија, а секоја земја која има јака внатрешна економија ќе излезе како победник од кризата која доаѓа следните години.
Русија е вратена на сцена само на воена и тоа за потребите на западот. Украина Америте си се позиционираа во индустриите кои им требаа, Сирија си градат бази, не гледам Русите нешто да ги бркаат од таму или они да собираат кајмакот или па се многу скромни
Јасно ми е зашто влечеш накај Русите, ама иди работи со нив, па ќе видиш колку покварени се. Сталин и Ленин се погрижиле се што вредело на времето да го снема а и нивните наследници.![]()
Точно е дека јака Русија е потреба на западот, за да може да ја порасне контролата врз територијата што ја има, но и обратно, Путин нема да биде јак без силна Америка... и ако си ме прател некогаш, и во темава, и во други теми, можеш да видиш дека баш тоа го пропагирам од поодамна, движењето кон неминовна биполаризација... Мора да ти е јасно дека јас не сум ниту русофил, ниту проамериканец, и мораш да ги разликуваш моите пишувањата кои ги кажуваат моите ставови и пишувањата кои се едноставно геополитичка анализа.
Што се однесува до профитите на САД од тие војни бази.. Дали сериозно мислиш дека САД како држава има некаков ќар. Имаат ќар поединци, исти онакви какви што се олигарсите што ги викаш на Путин.Тие нели ги спонзорираат војните па дури имаат и приватни војски, што дестабилизираат цели региони. Така да, колку важи муабетот за стагнацијата на Русија со нејзините олигарси, уште повеќе тоа важи за САД.
А што се однесува тежнеење на центарот на моќ, кој го проектираш на Кина, тука и те како се лажеш. За да продуцираш центар на моќ, мораш да имаш јака воена технологија, Кина во тоа заостанува со децении.... Кина ако не гледаш е свесна за ситуацијата, и едноставно го прифати лидерството на Русија... Што ќе биде ќе видиме, но фактот говори дека уште пред деценијатука на форумов се смееја на улогата на Русија и како алтернатива ја кажуваа Кина... Денеска тој став е со све помалце аргменти.[DOUBLEPOST=1521210210][/DOUBLEPOST]
Да се надополнам само, мојата струка ми дала можност да работам и соработувам со Руси, Американци, Израелци, Европјани, Кинези и Индијци.....
Точно Русите се малце тешки за соработка, од причина што имаат таков мајндсет..Но кога збориме за поквареност.. Американците мислиш дека се фер и ОК ?? Или Израелците... Додека им требаш ти го лижат гзот сите, кога не им требаш чао... Слаткоречивоста нека не те буни, сите фирми си ги тераат своите бизнис интереси и тоа е тоа... А за квалитет, да не ти зборам за Кинезите, тотална утка се, бетер се од Индијците во квалитетот...
Исто така сум имал можност да контактирам и помагам на постдипломци во сферата на AI од скоро цел свет. Тие што излегуваат од Руската школа се надмоќни во секој сегмент. Просечен бачелор во Русија е еднакво на мастер во било која друга светска земја, кога збориме за техничките факултети. Едноставно се интелектуално надмоќни од своите врсници од Европа и Америка, а да не збориме за Индија и Кина... Капацитеот и компарацијата лично сум ја видел и тоа не лаички, туку од стручен аспект. И Руската школа и те како се цени во Европа...
Последно уредено: