the_kop
Модератор
- Член од
- 14 јануари 2011
- Мислења
- 10.432
- Поени од реакции
- 13.558
Заслужена победа на Јунајтед вчера.
Никогаш не сум плукал по играч на Ливерпул, секој играч од мене имал 100% поддршка, ама Ловрен е ужас и мора да си оди на лето. Двата гола на негова душа. Не е срамота да загубиш воздушен дуел од Лукаку ама НАЧИНОТ на кој ги изгуби е поразителен, го остави сам Лукаку ни дуел ни ништо. Да му влезеше во дуел, цврсто, немаше така добро да ја спушти за Рашфорд и барем првиот гол можеше да биде избегнат. Нормално и ТАА излета на најглупата можна финта на светот на Рашфорд, ама ова Ловрен што го прави е ненормално. После тоа, ситуацијата со Мата, цела дефанзивна линија во линија, Декичот 5 метри зад нив и го игра онсајд Мата. Трета ситуација беше кога на два пати го откорна Фелаини со два лизгачки старта во 3 секунди. Брука од светски размери, со црни букви во историјата на Ливерпул треба да се испишани годините кога Ловрен играл за Ливерпул. Па и самопроценето гомно е, никогаш немам видено негов пост на социјалниве мрежи после лоша партија барем да се извини. За пример ТАА еј, 19 годишно дете од кое ништо не се очекува се уште, сношти одма пиша на инстаграм дека се извинува за лошиот настап.
Ливерпул го изгуби мечот (односно Јунајтед го доби) во средината на теренот. Тотално ги отсече сите пасеви од средина до офанзивниот дел, па не е ни чудо што Салах не се спои со топката. Во вториот дел, Клоп им даде инструкции на Мане и Фирмино да се извлекуваат поназад и да земаат топки, па тогаш Ливерпул беше поопасен. Се на се одлично поставена игра на Мурињо и тоа што Јунајтед прв даде гол ја направи задачата уште потешка. Нема простор за разочарување, на 8 кола до крајот имаме 4 бода предност пред Челзи, следен викенд Челзи игра со Спарс ние со Вотфорд и ако Челзи киксира а ние победиме едно 90% ќе сме во топ 4 на крај.
Околу пеналите:
- Играта со рака од Валенсија беше чист пенал, нема простор за дискусија.
- Влечењето на Јанг врз Салах не е пенал единствено заради тоа што Салах е еден од најфер играчи и не падна.
- Од Фелаини со Мане, мене повеќе ми делува на контра фаул од Мане него пенал, пошто Фелаини со телото е поблиску до топката и Мане е тој кој доаѓа од зад него.
- Стартот од Валенсија искрено сум 50-50. Можеше и да го исклучи, ама и ваква одлука нема да е космичка неправда.
п.с. Можно е бе стварно толку да личам на Кејн? Секој шо прати фудбал ова ми го вели.