Premier League - Season 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

#МукиАут

  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Заслужена победа на Јунајтед вчера.
Никогаш не сум плукал по играч на Ливерпул, секој играч од мене имал 100% поддршка, ама Ловрен е ужас и мора да си оди на лето. Двата гола на негова душа. Не е срамота да загубиш воздушен дуел од Лукаку ама НАЧИНОТ на кој ги изгуби е поразителен, го остави сам Лукаку ни дуел ни ништо. Да му влезеше во дуел, цврсто, немаше така добро да ја спушти за Рашфорд и барем првиот гол можеше да биде избегнат. Нормално и ТАА излета на најглупата можна финта на светот на Рашфорд, ама ова Ловрен што го прави е ненормално. После тоа, ситуацијата со Мата, цела дефанзивна линија во линија, Декичот 5 метри зад нив и го игра онсајд Мата. Трета ситуација беше кога на два пати го откорна Фелаини со два лизгачки старта во 3 секунди. Брука од светски размери, со црни букви во историјата на Ливерпул треба да се испишани годините кога Ловрен играл за Ливерпул. Па и самопроценето гомно е, никогаш немам видено негов пост на социјалниве мрежи после лоша партија барем да се извини. За пример ТАА еј, 19 годишно дете од кое ништо не се очекува се уште, сношти одма пиша на инстаграм дека се извинува за лошиот настап.

Ливерпул го изгуби мечот (односно Јунајтед го доби) во средината на теренот. Тотално ги отсече сите пасеви од средина до офанзивниот дел, па не е ни чудо што Салах не се спои со топката. Во вториот дел, Клоп им даде инструкции на Мане и Фирмино да се извлекуваат поназад и да земаат топки, па тогаш Ливерпул беше поопасен. Се на се одлично поставена игра на Мурињо и тоа што Јунајтед прв даде гол ја направи задачата уште потешка. Нема простор за разочарување, на 8 кола до крајот имаме 4 бода предност пред Челзи, следен викенд Челзи игра со Спарс ние со Вотфорд и ако Челзи киксира а ние победиме едно 90% ќе сме во топ 4 на крај.

Околу пеналите:

- Играта со рака од Валенсија беше чист пенал, нема простор за дискусија.
- Влечењето на Јанг врз Салах не е пенал единствено заради тоа што Салах е еден од најфер играчи и не падна.
- Од Фелаини со Мане, мене повеќе ми делува на контра фаул од Мане него пенал, пошто Фелаини со телото е поблиску до топката и Мане е тој кој доаѓа од зад него.
- Стартот од Валенсија искрено сум 50-50. Можеше и да го исклучи, ама и ваква одлука нема да е космичка неправда.

п.с. Можно е бе стварно толку да личам на Кејн? Секој шо прати фудбал ова ми го вели. :D
 
Прво, деки нема брзина да се носи со Лукаку, затоа и се обидуваше да не му остави простор да спушти топка. Лукаку и он вчера бркаа топка во второ полувреме од центар некаде, каде што деки имаше можеби 3-4 метри head start, и Лукаку успеа да го стигне до топката, и да влезе во дуел со него. Е сега, вирџил у второ му покажа како треба, не дозволувајки му на Лукаку ниту да прими, ниту да спушти топка со глава, ама штетата веќе беше направена.

Вториот гол иде на негова душа во комбинација со голманот, ама вчера таа ви беше најслабата карика и тоа Јунајтед се обиде да го искористи. Не можеш да очекуваш од централниот да го добие секој воздушен дуел против Лукаку.

Па не знам баш дали е побрз Лукаку со топка кај него од Ловрен, за тоа не можам да се согласам. Во второ имбецилот веќе беше у бонус, не знаеше што му се дешава и мислам дека и од мене ќе изгубеше да се пуштевме на 30 метри дистанца. Работата е дека Ловрен е срам за сите штопери на светот и не смее да дозволи да губи мада не ги ни изгуби, туку скроз ги промаши воздушните дуели.[DOUBLEPOST=1520761557][/DOUBLEPOST]
Сам се цени, му е гајле за други. :D
Љубоморне душе могу да га пуше фазон4е :D
 
Дежан играше добро во последниов период, последниве месец-два многу подобро од Матип кој скроз се изгуби, затоа и стартуваше вчера. Тоа што човекот е нестабилен ко тинејџерка и може да изигра сосема солидно а следната да биде мрднат, се повторува веќе неколку сезони и е очигледен проблем. Единствен стопер во екипата е ВВД, кој дојде сега, другите да ги споиш заедно нема да излезе солиден стопер. На лето купување на ВВД вол.2 , или пак иста песна ќе биде, глупаци ко Ловрен ќе прават вакви срања.
Клоп претерува со Арнолд. Никој не вика дека не треба да добива шанса, ама самото тоа што се доведе во ситуација да стартува детето на огромен број утакмици сезонава и да биде примарен избор на позиција е само негова грешка. Клајн умре, Гомез не е за бек, и се паѓа на 18 годишник што до пред некоја година не ни играл бек.
 
Ова на Трент му е прва лоша утакмица на која мозок му испија и одма „вововов Клоп праел глупост, многу му давал шанса“ а до сеа беше откритие на сезона за Ливерпул. Клајн се враќа од повреда, не може да го стартува а Гомез кажа дека ќе биде прекомандуван на штоперска позиција, неговата примарна. Не знам дали не пратите пресови, не пратите информации поврзани со клубот и само си лупате глупости, да си напишете нешто или што е работава?
 
Ловрен е до толку заштитен од универзумот што дури и Клоп кога тргна да му се дере го опоменаа :pos:
 
Ова на Трент му е прва лоша утакмица на која мозок му испија и одма „вововов Клоп праел глупост, многу му давал шанса“ а до сеа беше откритие на сезона за Ливерпул. Клајн се враќа од повреда, не може да го стартува а Гомез кажа дека ќе биде прекомандуван на штоперска позиција, неговата примарна. Не знам дали не пратите пресови, не пратите информации поврзани со клубот и само си лупате глупости, да си напишете нешто или што е работава?
Па што има везе што му е прва лоша утакмица? Не е премногу за било кој 18 годишник да игра 150 утакмици по сезона? Клајн не се повреди во сред сезона, се знаеше дека ќе пројде доста време додека се врати. Гомез од секогаш бил стопер, принудно играше бек така што превод почна сезона со 18 годишник и стопер на десен бек.
 
Со Гомез на неприродна позиција, Клајн повреден цела сезона кого би играл ти на десен бек?

Премногу очекувата од 18-19 годишни деца, тие ќе имаат киксови, ќе играат лошо ама тоа е процесот низ кој мора да поминат за да станат врвни играчи.
 
Како што има врска? Да се бламира секоја втора утакмица ко Матип/Ловрен/Клаван па да ти ги разберам коментариве ама кај младинец, па кај прва лоша утакмица и одма Клоп праел глупости, го прегорел.
За Клајн баш и не се знаеше дека ќе пројде толку долго зошто не се ни знаеше кој е проблемот и немаше определено време за враќање се до октомври средина ако добро ми текнува, кога кажаа дека ќе треба подолг период за рехабилитација. За што да купи уште еден бек, за следна сезона да има тројца на иста позиција?
 
Со Гомез на неприродна позиција, Клајн повреден цела сезона кого би играл ти на десен бек?

Премногу очекувата од 18-19 годишни деца, тие ќе имаат киксови, ќе играат лошо ама тоа е процесот низ кој мора да поминат за да станат врвни играчи.
Би играл нов играч, трансфер на proper десен бек.
Се слагам и ја со ова погоре, затоа и пишав горе дека ТАА е топ, одлична сезона игра само што станува збор за огромен број утакмици, премногу е тоа за било кој поискусен играч а не па за дете кое може да прегори.
 
Размисли колку време му требаше на Клоп да ви го донесе Ван Дајк, кој додека патуваше накај Пул веќе беше најдобриот дефанзивец што го имате и тоа без да изигра секунда, па види дали ќе има нов трансфер на десен бек :)

Клоп е класично магаре и треба да сте среќни ако летово сериозно атакува на Алисон и Жоргињо според шпекулациите досега.
 
Каков Алисон, изгледа се договориле со Стоук за Батленд, 40 милиони фунти. Не дека е лош ама многу е инџри прон.
 
Каков Алисон, изгледа се договориле со Стоук за Батленд, 40 милиони фунти. Не дека е лош ама многу е инџри прон.
Не би купувал голман од Премиер Лига да сум на нивно место освен секако ако тој голман не се вика Куртоа или Де Геа.
 
Каков Алисон, изгледа се договориле со Стоук за Батленд, 40 милиони фунти. Не дека е лош ама многу е инџри прон.
Пејпер ток на скај спортс, дабогда нема ништо од ова.
 
Пејпер ток на скај спортс, дабогда нема ништо од ова.
https://highlightsfootball.com/video/motd-bbc-match-of-the-day-week-30-10-03-2018/

Те цитирам за линков, види на МОТД од 14 минута некаде, според Лампард, Чан требало да му помогне на Ловрен со Лукаку, не знам сега колку држи вода ова како прво зошто Ловрен не ни скокна првиот пат а второ, така па празна ќе остане средината.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom