Мене ова се ми е кристално јасно, зборам дека не можеш да држиш такви транспаренти а да фигурираш како резидент на тие земји и да им ги користиш благодетите. Чим се зло, врати се назад па шкрапај со фломастерот такви доскочици. Не може ти со милион бенефити (не ти, одреден Петко таму) во Холандија да ми држиш такви транспаренти а ни на крај памет да ти доаѓа да се вратиш, зошто нели, wo6и биле. Ако се лоши, има Визер, бујрум назад. Извини што не те тагнав, зошто видов дека си моментално активен на темава па ќе ја видиш дискусијава, еве нареден пат ќе те тагнам.
Ок, значи се приближивме со ставот, а блиску сме и да се сватиме ....
Дали ти имаш исто мислење со сите луѓе на работа ?!? Има разни луѓе и разни мислења... Има и разни луѓе, некои се свесни а некои и несвесни што се случува, па и на крајот на краиштата ставовите се субјективна работа, неможеш да го измериш дали е исправен или не... Имаш и суетни луѓе кои за да одбранат глупост влегуваат во поголема глупост... Тоа е нивно право они чим живеат во тоа општество, остави го нивното општество нека ги суди за тоа... можеби и не се во право што го пишуваат тоа можеби се во право, можеби го пишуваат заради револт-симболика, а реално не го мислат тоа.
Едноставно ни даваат поддршка, некои го прават тоа поинтелектуално, некои попросто, пошто претежно од толку народ, мал процент се интелектуиалци, повеќето се обични луѓе, едноставни секојдневни... така им е презентирано, така сватиле и така тераат... Но важно е дека ни даваат подршка за името... Нема потреба да ги плукаме, ниту мораме да ги послушаме, ниту имаат моќ да сменат нешто за да се поставуваме во толку одбранбена положба према нив... Тоа е во најмала рака контрапродуктивно...
Утредента можеби и ти ќе отидеш во странство да живееш и глупо ќе ти биде некој да ти рече дека немаш право да изразиш мислење или револт за тоа што се случува тука и тоа ќе те боли и тебе....без разлика дали имаш можност да го дадеш твојот глас или не,..