Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.063
Поени од реакции
23.505
Не бе чоек, не те демантирам и јас сум за да влеземе во ЕУ и НАТО, не дека ги сакам, дека немаме алтернатива.... цела политика овие 27 години ни е таа...

Ама има разни луѓе во ЕУ и НАТО, дел од нив смета дека НАТО и ЕУ е штетна... Па воГрција која највеќе има бенефит од ЕУ и НАТО, па е главно дувло на антиглобалисти и проруски активисти.... Нема тука лицемерие, туку став... Тие што се за одбрана на името се групираат од разни причини.... Како што се групираа во шарената револуција, некој беше кај шарените заради криминалот, некој заради двојазичност, некој заради лични интереси.... Па не те видов да го ловиш и да го пишеш тоа лицемерие на времето...
Ti teknuva ona so cevlite pred vlada demek zlatni deca ni zaminaja. E tie zlatni deca po edna godina stanaa prvoklasni nebanjati smrdeni dusmani koi kako picki izbegaja od rezimot i nema sto tie tuka ova ona. Celi 600000 na broj. A tolku bese simpaticno toa so cevlite, koj li se seti.
 
S

silmarillion

Гостин
Не бе чоек, не те демантирам и јас сум за да влеземе во ЕУ и НАТО, не дека ги сакам, дека немаме алтернатива.... цела политика овие 27 години ни е таа...

Ама има разни луѓе во ЕУ и НАТО, дел од нив смета дека НАТО и ЕУ е штетна... Па воГрција која највеќе има бенефит од ЕУ и НАТО, па е главно дувло на антиглобалисти и проруски активисти.... Нема тука лицемерие, туку став... Тие што се за одбрана на името се групираат од разни причини.... Како што се групираа во шарената револуција, некој беше кај шарените заради криминалот, некој заради двојазичност, некој заради лични интереси.... Па не те видов да го ловиш и да го пишеш тоа лицемерие на времето...
Дали НАТО и ЕУ се штетни, неможе да ми каже некој што мигрирал во НАТО и ЕУ земја за подобар живот, и не се вратил! Да мигрирал, и да рекол батали не бива, и да се врател тогаш ОК. Ама сеа да се праиме на очи слепи, барем ја неможам.

Околу шарените може не си видел зошто не си сакал да видиш, ама одма штом Павле и компанија најавија дека ќе влезат у политика им се наебав мајке прописно. Не дека треба на некој да му докажам нешто, таков сум, тие ми се ставовите. Ставот пред да има воопшто промена на власт ми беше и е, дека Заев дојде на власт благодарение на Грујо. Не дека Заев е политички капацитет или визионер, него дека она смрдлено искомплексирано еба мајка на све. Силом прилике беше Зоран Заев личноста, можеше да биде и Јамајка и Силмарилион, исти курац, кутија за конудри да имаше ставено како кандидат ќе добиеше против Грујо. Секако помогнато од америчката амбасада која пресуди у 5 за 12 ДУИ со кој смее да праи коалиција.

Шарената револуција, иако тоа е се само не револуција, донесе смена на власт која не понуди ништо подобро од претходната, вработи пар џаболебари за 2000 евра плата, отвори можност фирми блиски на СДС да чепнат од буџетот, и секако шерифите на ДУИ и на даље да бидат бог и батина во државата. Шарената револуција не смееше да биде предизборна пропаганда за СДС исто како што Единствена Македонија беше за ВМРО, и истите луѓе се сега и во овие новиве протести.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.235
Поени од реакции
16.380
Албанија да го избрише поимот „Чемерија“ од учебниците, бара Атина

еве, Албанија е поодамно во Нато, седната е на Маса ( не како ние што стоиме во ходникот) ама пак ништо не бидуе... не се работи за територија, туку нејќат да чујат грците ниту за имотите ниту за чемерското малцинство..
Башка во акцијата за добивање подршка за преговори со ЕУ им даде владата и доста од морето, богато со гас, ама мислам Уставен суд на Албанија оспори тоа, не знам до каде е..
Така да нема многу надежи демек кога ќе седнеме рамноправно на маса ...
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.000
Поени од реакции
12.584
Офф кога ќе прочитам коментари како тоа од дијаспората имале поголемо достоинство, биле поголеми Македонци од нас кои всушност живееме во Македонија, како тоа тие повеќе ја сакале државата...Па излегле на протест за да го зачуваат идентитетот! Кој црн идентитет! Мислиш на Петко и Трајко кои 25+ години се меткаат во транзиција, немаат пари за леб, работат и празник и делник, одмор не виделе со години, чекаат ред за на лекар по 3-4 месеци, и кога ќе стигнат на ред пола од апаратурата не работи, мислите на вакви луѓе им е дојдено до идентитетот, името или јазикот?

Па дијаспората имала поголемо достоинство од нас. Нормално дека ќе има. Животот овде сам по себе не е достоинствен.
Ама треба да дојде, да засука ракави овде, да го спотне газот за 200 мочани евра, да плати и сметки, и кредит, и да му остане за јадење. Па бујрум, нека излезе да протестира за името. Пола од овие што протестирале вчера за името ќе се натопорат летово Охрид, со тие капите свртени наопаку, со тетоважите со Вергина,ќе се налокаат една недела по сите локални дискотеки, и ќе продолжат две недели на Миконос или Санторини. Ама не брат, не чинат Грците.

Најголемо зло, отров.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.235
Поени од реакции
16.380
Зајко не паламуди и не продавај магла...јасно е како бел ден...:confused:

Павлополус: Промена на Уставот за решение и „за заштита на самиот премиер на ПЈРМ“

Промена на Уставот и име кое нема да зрачи иредентизам, а ќе обезбеди три гаранции: „не“ за промена на границите, „не“ за етнички заедници вон границите и „не“ за јазик што би настојувал на права вон границите.

[DOUBLEPOST=1520245628][/DOUBLEPOST]ајде и малку соживот
Најдени девет минофрлачи пред куќа во Арачиново
 
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
Офф кога ќе прочитам коментари како тоа од дијаспората имале поголемо достоинство,

Па дијаспората имала поголемо достоинство од нас. Нормално дека ќе има. Животот овде сам по себе не е достоинствен.
pa sto se vregas
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Околу дијаспорава...значи со зурли тапани или како и да сакаш искочи на протест слободно. Ок е да протестира дијаспората за промена на името, се тоа држи. АМА, да искочи некоја со транспарент НЕ во ЕУ не во НАТО и ЕУ ФАШИСТИ, а се накрмила 15 години у некоја скандинавска земја или Белгија Холандија или Австралија, Америка, Канада (кои или се во ЕУ или се НАТО или се ДВЕТЕ без исклучок) епа тогаш ќе ти се наебем мајке па задње да ми е. Така да прајте малце разлика за што се критикува дијаспората конкретно у случајов. И да не се праиме будали, да ги величиме тука дека се незнам какви патриоти кога ако утре се донесе закон дека само едно државјанство смеат да имаат, 0 (нула) од нив ќе се откажат од посилното државјанство во корист на македонското.

Дијаспора се сите оние што се отселиле во време на СФРЈ, во време на транзицијата, во време на војната, во време на Грујо и што ден денешен се отселуваат. Ниту еден од нив, ниту еден, 0 (нула), не најде причина да организира протест за сиромаштијата во државата. Или сиромаштијата е внатрешен проблем кој треба ние да го решаваме, а името е надворешен проблем што и нив ги тангира. Ја мајката, многу паметни бе. Што не искочи од вас патриотски порив да застанете на плоштадите во градовите каде што се собирате да се побуните за немањето правна држава? Или не иде Јонче Христовски на таков протест? Или на Пацето неможеш да и објасниш за што треба да искочи на протест, тешко е? Затоа сте биле, сте и ќе бидете ирелевантни. А за тоа парите што ги праќала дијаспорава и сме требале сите да бидеме благодарни, па ако не ги пратат ќе им поцркаат роднините ко паразите што останаа да живеат. Не дека другите некој аир видовме, напротив.
Сега јамајка ќе ти пише дека релативизираш со проблемот со името и дека немало никаква врска тоа што еден ебан систем не функционира во државата. Ја на протестиве го гледам на ФБ еден од Џрмани, син му тука чирак механичар е за не верувам повеќе од 200 евра, по никоја цена не во ЕУ и НАТО. Го прашуваат у коментар кога ќе се враќаш, тој одговара, да ја почекам пензијата :pos: :pos:

Само забрана за двојно државјанство, како што имаат чинам Словенија и Германија па да се преброиме кога веќе не можеме на попис.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.408

А што, зарем да се врати на пензија е штетно за Македонија ? Не е на товар на буџетот, а влегуваат пари во мк... Словенија Словенија... Знам дека работиш за Словенците и ги сметаш за некаква величина, ама ако веќе ја споредуваш Словенија ... мораш да кажеш дека немаше сопка, како промена на името за влез во ЕУ и НАТО и башка не сум видел некад Словенците да плукаат по својата дијаспора, па каде и да се наоѓа....

Релавитизирањето и исмејувањето на било каков протест на дијаспората ради некакви глупи причини што си ги измислуваат мајсторите на пропагандата тука во Македонија е во најмала рака дебилно.... Ма колку и да е точно тоа што го тврдиш... Без разлика какви ставови и да бранат и дали се за или против промена на името, па дури не е важно дали мислиш дека се во право или не ... Тоа е човеков став, во случајов групен ...

Ако идеш по таа идеја дека тие од таму не смеат да одлучуваат за нас... Што тогаш им дава право на белосветски „дипломати“ да ни кажуваат како треба ?
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.349
Поени од реакции
1.219
Стојанче? Да бидеме сериозни. Стојанче прво треба да научи кој е Толстој (и не само Стојанче), кој е главен град на Словачка, Австралија, Канада... ОК си е човекот, ама сепак, треба некоја наобразба да се има. Не само школска...
Stojance e golem patriot, covekot ima voeno iskustvo, ima ogromno iskustvo so oruzje, i mu e idealno da bese minister za vnatresni raboti, ili odbrana.
Jas ti garantiram deka ovaa situacija so pajakot nemase ovaka lesno da se zavrsi, I ke sledea kazni I prijavi.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.811
Поени од реакции
30.691
Не е крива дијаспората криви се овие нашите шо немаат муда да си ги бараат правата па секој не ебе како шо сака, да ги прекинеа безсмислените преговори на време до сега можеби и ќе бевме во нато и еу...ама не они сакаат да ги избришат сите неправди кон македонецот, као немало бугари фашисти, грците не ги протерале егејците сите мирно си живееле и ние не постоиме.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
А што, зарем да се врати на пензија е штетно за Македонија ? Не е на товар на буџетот, а влегуваат пари во мк... Словенија Словенија... Знам дека работиш за Словенците и ги сметаш за некаква величина, ама ако веќе ја споредуваш Словенија ... мораш да кажеш дека немаше сопка, како промена на името за влез во ЕУ и НАТО и башка не сум видел некад Словенците да плукаат по својата дијаспора, па каде и да се наоѓа....

Релавитизирањето и исмејувањето на било каков протест на дијаспората ради некакви глупи причини што си ги измислуваат мајсторите на пропагандата тука во Македонија е во најмала рака дебилно.... Ма колку и да е точно тоа што го тврдиш... Без разлика какви ставови и да бранат и дали се за или против промена на името... Тоа е човеков став ...
Мислам дека со сите на темава можам да се разберам ама со тебе никако, нема муабет што не си го извртил до коска.

Финтата е Петко што го спомнав од погоре да има шанси во својата држава да се избори за пензија со која што нема да се мисли како ќе врзува крај со крај и нема да се моли утре на лекар да му препишат ново лекарство за дијабетесот што го има па да има не му остане на крај на месец ни за сув леб за гулаби ранење.

Јас не ги сметам Јанезите за величина ниту па велам дека не ни правеле сопки во минатото, ти ги кажувам како пример да се забрани двојното државјанство па да видиме кој е Македонец до коска како што се лупаат в гради :) не може бе чоек некој отиден со происход, успут пишана цела фамилија Бугари до 20ти прадедо да ми вика не за ЕУ и НАТО или во конверзација да ми збори како било тешко таму а на статус утредента постира прва слика со новиот Самсунг S8 и слични симптоми на borderline personality disorder.
Во ред, си зел пасош, знаеме сите дека е тешко, си се снашол, браво за тебе, дај боже сите со мака да се снајдат ама не прај филмови дека не се враќаш заради пензии или слични изговори во кои не веруваш ни сам.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.235
Поени од реакции
16.380
Само забрана за двојно државјанство, како што имаат чинам Словенија и Германија па да се преброиме кога веќе не можеме на попис.
не фантазирај, ете Аљи прашај го забрана на двојно државјанство... тие по 3 имаа и плус швицарско
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
не фантазирај, ете Аљи прашај го забрана на двојно државјанство... тие по 3 имаа и плус швицарско
Дај број да свртам додека имам бесплатни. :oleee:
 
S

silmarillion

Гостин
Сега јамајка ќе ти пише дека релативизираш со проблемот со името и дека немало никаква врска тоа што еден ебан систем не функционира во државата. Ја на протестиве го гледам на ФБ еден од Џрмани, син му тука чирак механичар е за не верувам повеќе од 200 евра, по никоја цена не во ЕУ и НАТО. Го прашуваат у коментар кога ќе се враќаш, тој одговара, да ја почекам пензијата :pos: :pos:

Само забрана за двојно државјанство, како што имаат чинам Словенија и Германија па да се преброиме кога веќе не можеме на попис.
Абе никако во ЕУ и НАТО, ни ка ко! Остај ме ти мене у Холандија што живеам веќе 15 години, си имам јас мака не ми е лесно. Ама за вас ми е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom