Мислам дека со сите на темава можам да се разберам ама со тебе никако, нема муабет што не си го извртил до коска.
Финтата е Петко што го спомнав од погоре да има шанси во својата држава да се избори за пензија со која што нема да се мисли како ќе врзува крај со крај и нема да се моли утре на лекар да му препишат ново лекарство за дијабетесот што го има па да има не му остане на крај на месец ни за сув леб за гулаби ранење.
Јас не ги сметам Јанезите за величина ниту па велам дека не ни правеле сопки во минатото, ти ги кажувам како пример да се забрани двојното државјанство па да видиме кој е Македонец до коска како што се лупаат в гради
не може бе чоек некој отиден со происход, успут пишана цела фамилија Бугари до 20ти прадедо да ми вика не за ЕУ и НАТО или во конверзација да ми збори како било тешко таму а на статус утредента постира прва слика со новиот Самсунг S8 и слични симптоми на borderline personality disorder.
Во ред, си зел пасош, знаеме сите дека е тешко, си се снашол, браво за тебе, дај боже сите со мака да се снајдат ама не прај филмови дека не се враќаш заради пензии или слични изговори во кои не веруваш ни сам.