Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 ноември 2014
Мислења
311
Поени од реакции
464
Името не е причинител на проблемите во ова општество, глупо е да се мисли дека со негова промена проблемите ќе бидат надминати. Напротив, промената на името ќе отвори нови прашања, нови конфликти и ќе биде дефинитивен крај на какво-такво делумно суеверно функционирање на овој народ на оваа територија.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
21.794
Името не го даваме, отишол во Австралија и од Ѓорги станал Џорџ.
А, и? Тоа не негово лични име а името на државата е на сите Македонци, значи и на дијаспората. Не може еден да одлучува за тоа. Ефтини ви се коментариве.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.763
Поени од реакции
26.325
Ти му кажуваш дека си против промена на името, тој ти вика сите што не го застапувале твојот став се неписмени :чда:
Види, 500 пати повторив ама и уште 500 да повторам пак ќе цитирате со глупости, навистина не знам што луѓе ќе бевте. Во ред е што си протестираат, секој си има право на протест, не е во ред што ти пишат на чет, потпиши ова, потпиши она, не доаѓај нагоре, срање е, седете во мајка Македонија а утре ќе оди да си го собере пејчекот за кој тука ќе работи 6 месеца.
Нивните карактеристики што ги кажуваш ги одслукува воопшто нашите карактеристики што ги имаме тука, ни повеќе ни помалце.... Ти го посочи постот кој не објаснува, не се ништо поразлични и тие од дијаспората.... Генерално си имаме проблем...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Дали ова што го напиша е токму причина дека во моментов не треба да се размислува за промена на името, баш од овие причини што не сме достојни за покомплексни прашања како дипломатски спорови....
Да, дојава ми е од Јункер, па пробувам да ја протнам.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.763
Поени од реакции
26.325
Ама што е нивниот идентитет, во што се состои, еве ја сум прост не знам и сакам да ми се објасни
Тоа е интимна категорија де, кој како си се сваќа... Ти се чувствуваш ли како Македонец ?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Заради нееднаков третман на Македонци и Албанци во Македонија. Македонец влезе во собрание = затвор. Учка претепа Македонска полицајка = херој. Ти живееш во Макеоднија, ако ти не гледаш што е проблемот никој не може да ти помогне.
Aко имаме беззаконие во едната страна, зошто наместо да не се реши тоа треба да имаме беззаконие и на другата страна само заради баланс?
Учесниците и организаторите за 27 април мора да бидат осудени за да бидат пример на сите други во иднина кои би се осудиле да направат нешто слично.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.763
Поени од реакции
26.325
Да, дојава ми е од Јункер, па пробувам да ја протнам.
BTW не те сватив дека си против промена на името, туку дека го релативизираш прашањето...И се извинувам и го повлекувам тоа што го кажав...

Меѓутоа, пак ќе речам расправајте за ставовите на дијаспората.... А не да ги исмејувате и омаловажувате нивната загриженост.
 
Последно уредено:
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Името не е причинител на проблемите во ова општество, глупо е да се мисли дека со негова промена проблемите ќе бидат надминати. Напротив, промената на името ќе отвори нови прашања, нови конфликти и ќе биде дефинитивен крај на какво-такво делумно суеверно функционирање на овој народ на оваа територија.
Единствена гаранција на суеверено функционирање на овој народ на оваа територија е влез во НАТО. Само така можеме да добиеме гаранција дека нема да има промена на границите на државата. Зошто пак ако им текне да кренат востание брачата, повторно ќе се третираат како борци за права, а ако сме дел од НАТО ќе се третираат како терористи. :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.931
Поени од реакции
15.945
Добро бе вол еден не ти текнува дека можеби се македонци од трето или четврто колено?Според презимињата сигурно се егејци кои највероватно се имаат преселено после граѓанската војна во Грција.
Што ако ти живееш тука кога си го продал гзот и душата.Што фајде од тебе има оваа држава.
некој од нив ги носат и сменетите презимиња ( Грција не признава славјански презимиња... сите таму родени се заведени во матичните книги со погрчени презимиња ... Gelavitis а веројатно бил Гелевски) ..
а Поентата е дека Грција не признава воопшто национална припадност македонец, не само на тие што имаа славјански презимиња, туку ниту на власи па и на грци кој се родени таму.. е сега Мицотакис му пушта на Ципрас бомбички дека има во грчка Македонија луѓе кој сакаат да се декларираат како македонци, но официјално владата отфрли се тоа... а имам сретнато на интернет, дури и по потекло доселени грци-маџири од Турција, детето што се родило во грчка Македонија сака да се декларира македонец...
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
21.794
Што е за нив македонскиот идентитет во суштина? Живеат во странство, имаат странски имиња, земаат за жени странкињи, имаат мешани деца, втората и третата генерација на нивните потомци нема да го знае и јазикот, државјани се на странска земја, што останува?
2018 не е 1945. Денес можеш да живееш на Марс и да си Македонец, Албанец, Германец и да се чувствуваш таков. За нецел ден можеш секаде вп светот да одиш и да се селиш. Глобализам и денешен начин на живеење е тоа. Значи можеш да живееш во Австралија и пак да си Македонец. Не знам што ви е чудно? Тие што се одкажале од Македонија не идат на вакви протести иначе.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.206
Поени од реакции
25.940
Единствена гаранција на суеверено функционирање на овој народ на оваа територија е влез во НАТО. Само така можеме да добиеме гаранција дека нема да има промена на границите на државата. Зошто пак ако им текне да кренат востание брачата, повторно ќе се третираат како борци за права, а ако сме дел од НАТО ќе се третираат како терористи. :)
Како на Ердоган што не му досаѓаат што ги апси пучистите, и истите ги третираат како терористи?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Тоа е интимна категорија де, кој како си се сваќа... Ти се чувствуваш ли како Македонец ?
Да.

Разбирам што сакаш да кажеш, индивудуално право е секој што сака може да се чуствува, но јас сакам да укажам дека голем дел од објективните причини поради кои би требало да се чувствуваат како македонци тие луѓе ги изгубиле, а нивните деца ќе ги изгубат целосно. Правото да се чувствуваат како сакаат не им е ускратено ниту ограничено во никој случај.
 
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Како на Ердоган што не му досаѓаат што ги апси пучистите, и истите ги третираат како терористи?
Ердоган е диктатор. Не си сфатил дека западњаците не толерираат режим? Истото беше и со Грујо па видовме како заврши и со чиј притисок и поддршка падна од власт.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
21.794
Да.

Разбирам што сакаш да кажеш, индивудуално право е секој што сака може да се чуствува, но јас сакам да укажам дека голем дел од објективните причини поради кои би требало да се чувствуваат како македонци тие луѓе ги изгубиле, а нивните деца ќе ги изгубат целосно. Правото да се чувствуваат како сакаат не им е ускратено ниту ограничено во никој случај.
Припадност и чувство на припадност кон една нација не се мери објективно туку е страшно субјективна работа. Емоциите и национализам како чувство. Некои од идните генерации сигурно ќе го изгубат чувството на Македонци ама други и не. Тоа е индивидуално.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom