Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Си се запрашала дали можеби ти пречи поради тоа што воопшто протестираат против нешто чии ставови застапуваш... Не ли е лицемерно да плукаш против протестот како протест, одколку да речеш чесно дека си против тој став и дека сакаш да се смени името... Тоа важи за сите што плукаат по дијаспората...
преку тасе од такви што од градинка ме знаат и знаат што мислам за некои работи :) види, да пишам дека сум против смена на името (а сум, зошто името не е нива остаена од прадедо), ти пак исто мислење ќе имаш, така што не знам што ќе ти смени, зошто сто пати имам пишано на форумов, еве дури пак пред 5 минути пишав дека името ни е најмал проблем на нас како нација. Прво да се ослободиме од неписменоста, непрофесионалноста и шабанскиот шунд па потоа ќе сме достојни за покомпплексни прашања како дипломатски спорови.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.750
Поени од реакции
9.908
Нашите проблеми се многу подлабоки од политичари, име, економија. Постојано ги кривиме политичарите, арно ама ДПМНЕ и СДСМ не се увезени од Мозамбик. Политичарите излегуваат од народот и се слика за истиот. Шака народ сме, се знаеме сите. Ги знаеме и политичарите кои се што се пред да дојдат на функција. Тоа што скоро 30 години не се најде чесен човек и партија зборува за нас како народ (зборам во глобала, секако има исклучоци). Од градинка до факултет, од кариера до преглед во болница - корупцијата и непотизмот се навлезени во секоја пора од нашето општество и тоа најдлабоко што може, до тој степен што веќе не ги регистрираме и приметуваме. 90% од учениците и студентите имаат добиено оценка со врски или кафе и бонбоњера. Одиш на доктор, од предна врата излегува некој што влегол од задна...ама ете комшија му бил. Да не збориме за градење кариера за лепење плакати или пишување папагалски постови на форумов.

Незнам зошто сме такви како народ. Немаме трошка свест за општествено добро, интересот и грижата ни запираат кај своето лично добро и корист, макар и врз грб на останатите. Вистината можеби боли, ама ние не сме способни да водиме држава. Немаме дисциплина, спосбност, интелект, менталитет за такво нешто. Ние сме само за кладилници и крадење. Во која ебена држава некој што кради предизвикува реакции ко "се снашол, си умее човекот"? Не личи на ништо ова веќе, перверзија и трагикомедија. Не сакам да звучам ко нихилист, но реалноста е таа. Ниту една споредба со соседи или трети држави нема да ме убеди дека ние имаме здраво општество и ниту една споредба нема да го смени фактот дека сме тумор, канцер вукојебина. Ниту избори, ниту име, ниту НАТО нема да го сменат нашиот менталитет. Нам ни се потребни бар 100 години под контрола на некој саглам од страна за да достигнеме општествена свест да можеме да водиме држава без да се измачуваме меѓусебно. 30 години поминаа, поранешни СССР членки изгледаат ко утопија во споредба со нас.

Секако дека боли тоа што не дупи кој сака, ќе не прекрстуваат и се - арно ама поарно не заслужуваме. Ја сфаќам дијаспората што не и е сеедно и протестира, ама мене, како свежа дијаспора, како некој што израсна во вукојебината што по 28 години не е излезена од транзиција, повеќе ме боли ситуацијата во која и тие што се способни и имаат свест се наоѓаат поради останатите. Безизлезноста, немањето никакви перспективи доколку не се вклопиш во таа безмозочна маса од партиски војници. За мене вистински патриот ќе биде оној политичар што наместо да биде уште еден од низата што ќе дојде на функција, ќе искраде колку може и ќе си замине, ќе рече без никакво верглање дека нема што да се мачиме да си играме држава - стави се комплет на аукција од камен до планина и нека не учат другите па можеби за 100-200 години ќе го достигнеме тоа ниво.
 
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161


Приведени двајца средношколци кои повредија малолетник на Рекорд

Двете приведени лица за настанот се среднокшколци во гимназијата „Цветан Димов“

Иста шема 101-пат.. малолетни албанци сами признаваат
како јануари 2016 кога е убиен Леарт и фатен починителот од навивачката група а близок со ДУИ... утредента сами се јавија 2 малолетника и го признаа делото. Тој е ослободен а тие што признаа МУВА НЕ ГИ ЛАЗЕ
нема да ме чуди и за Смилковско да најдат убијци малолетници...
Не се малолетници. По 18 години имаат двајцата што се фатени.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.710
Поени од реакции
26.231
преку тасе од такви што од градинка ме знаат и знаат што мислам за некои работи :) види, да пишам дека сум против смена на името (а сум, зошто името не е нива остаена од прадедо), ти пак исто мислење ќе имаш, така што не знам што ќе ти смени, зошто сто пати имам пишано на форумов, еве дури пак пред 5 минути пишав дека името ни е најмал проблем на нас како нација. Прво да се ослободиме од неписменоста, непрофесионалноста и шабанскиот шунд па потоа ќе сме достојни за покомпплексни прашања како дипломатски спорови.
Па така де, ако дијаспората протестираше да се смени името, тие ќе беа тогаш во ред, нели ?!?
Сите што не го застапуваат вашиот став се неписмени, незаслужни, нерелевантни и така натака... Ти и за оние што денеска протестираа го имаш истото мислење како за дијаспората, само користиш подруги епитети... можеби шабански шунд...
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.302
Поени од реакции
21.755


Имаат телефони поскапи од 6 месечна моја плата и пијат кафе поскапо од моја дневница и ќе ми кажуваат за државата во која јас живеам.
Урамиси го Муртињо ако не. Иначе Македонија е држава на сите Македонци.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.302
Поени од реакции
21.755
Не е тоа оправдание, ако ти е толку тебе до Македонштината, ќе ја продолжиш со ставање на македонски имиња на децата, како афро американците во Америка итн.
Абе има и мешани бракови на пример ако ги гледам презимињата. Уште поќе е за пофалба ако си ги знаат корените и не се одкажуваат од македонскиот идентитет.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Абе има и мешани бракови на пример ако ги гледам презимињата. Уште поќе е за пофалба ако си ги знаат корените и не се одкажуваат од македонскиот идентитет.
Што е за нив македонскиот идентитет во суштина? Живеат во странство, имаат странски имиња, земаат за жени странкињи, имаат мешани деца, втората и третата генерација на нивните потомци нема да го знае и јазикот, државјани се на странска земја, што останува?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.710
Поени од реакции
26.231
еве дури пак пред 5 минути пишав дека името ни е најмал проблем на нас како нација. Прво да се ослободиме од неписменоста, непрофесионалноста и шабанскиот шунд па потоа ќе сме достојни за покомпплексни прашања како дипломатски спорови.
Дали ова што го напиша е токму причина дека во моментов не треба да се размислува за промена на името, баш од овие причини што не сме достојни за покомплексни прашања како дипломатски спорови....
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Па така де, ако дијаспората протестираше да се смени името, тие ќе беа тогаш во ред, нели ?!?
Сите што не го застапуваат вашиот став се неписмени, незаслужни, нерелевантни и така натака... Ти и за оние што денеска протестираа го имаш истото мислење како за дијаспората, само користиш подруги епитети... можеби шабански шунд...
Ти му кажуваш дека си против промена на името, тој ти вика сите што не го застапувале твојот став се неписмени :чда:
Види, 500 пати повторив ама и уште 500 да повторам пак ќе цитирате со глупости, навистина не знам што луѓе ќе бевте. Во ред е што си протестираат, секој си има право на протест, не е во ред што ти пишат на чет, потпиши ова, потпиши она, не доаѓај нагоре, срање е, седете во мајка Македонија а утре ќе оди да си го собере пејчекот за кој тука ќе работи 6 месеца.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.710
Поени од реакции
26.231
Што е за нив македонскиот идентитет во суштина? Живеат во странство, имаат странски имиња, земаат за жени странкињи, имаат мешани деца, втората и третата генерација на нивните потомци нема да го знае и јазикот, државјани се на странска земја, што останува?
Нивниот идентитет е загарантирано основно човеково право со повелба на обединети нации.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.302
Поени од реакции
21.755
Ако е чисто патриотски протест, зошто едно од барањата е ослободување на бандитите од ДПМНЕ кои дивееја и организираа насилија на 27 април?
Заради нееднаков третман на Македонци и Албанци во Македонија. Македонец влезе во собрание = затвор. Учка претепа Македонска полицајка = херој. Ти живееш во Макеоднија, ако ти не гледаш што е проблемот никој не може да ти помогне.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Нивниот идентитет е загарантирано основно човеково право со повелба на обединети нации.
Ама што е нивниот идентитет, во што се состои, еве ја сум прост не знам и сакам да ми се објасни
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom