Судот забрани „Макпетрол“ да му префрли имот вреден 15 милиони евра на „ОИЛКО“
19/07/2013 // Пред 2 часа //
ЕКОНОМИЈА //
Коментирај
Cе запира постапката во која „Макпетрол“ требаше да продаде имот вреден 15 милиони евра на фирмата „ОИЛКО“, според решението донесено во Основниот суд Скопје II.
Решението е донесено на барање на здружени надворешни акицонери (кои имаат околу 8.500 гласа на акционерското собрание). Адвокатката Љубица Рубен која ги застапува здружениете акционери во изјава за „Економски.мк“ вели дека со ова решение се оневозможува „Макпетрол“ да префрли имот вреден 15 милиони евра кој се состои од подвижни и недвижни ствари на фирмата „ОИЛКО“.
„Меѓу другите ствари, во прашање е и имотот во општина Илинден каде има бензинска пумпа, мотел, погон за биодизел. Со времената мерка се забранува префрлање на овој имот на „ОИЛКО“, објаснува Рубен.
Одлуката за префрлaње на имотот на „Макпетрoл“ на „ОИЛКО“ беше донесена на акционерското собрание кое се одржа на 01.06. Застапникот на акционерите и тогаш предупредил дека одлуката е незаконска затоа што за ваква зделка е неопходно ревизорско мислење, но и покрај тоа одлуката била изгласана.
„Ревизорското мислење е задолжително. Ревизорот мора да објасни дека ваквата зделка е фер и е извршена по пазарни услови. Тоа е потребно за да не се случи да се намалува имотот на „Макпетрол“ за сметка на „ОИЛКО“, објаснува Рубен.
Тужителите и натаму ќе ја продолжат постапката и ќе бараат времената мерка да се замени со поништување на одлуката донесена на акционерското собрание, вели Рубен за економски.мк.
--- надополнето: 19 јули 2013 во 16:57 ---
Топлификација победи и во Стразбур
19/07/2013 // Пред 6 часа //
ЕКОНОМИЈА //
Коментирај
Топлификација и нејзините сметки за парно греење не паднаа ниту во Cтразбур, пишува Дневник. Европскиот суд за човекови права ја одбил жалбата на скопјанецот Стрезо Стрезовски кој се жалеше дека му се нарушени основните човекови права и слободи од страна на jавната власт во земјава и Регулаторната комисија за енергетика (РKЕ).
Тој, како што напиша во жалбата, од Судот бараше заштита, бидејќи „со Правилата на РKЕ е присилен, спротивно на својата волја и на дискриминаторски начин повторно да ги користи услугите на дистрибутивниот систем за топлинска енергија, а ако го одбие тоа, неограничено долго да плаќа паричен надомест за ангажирана моќност“.
Во одлуката нема конкретно образложение.
„Земајќи ги предвид сите достапни материјали и во границите на својата надлежност, Судот оцени дека критериумите на допуштеност што се дефинирани во членовите 34 и 35 од Kонвенцијата не се исполнети. Оваа одлука е конечна и не може да биде обжалена ниту пред Големиот совет, ниту пред кој и да е друг орган. Секретаријатот не ќе може да Ви дава натамошни објаснувања во врска со одлуката на судијата-поединец. Оттука произлегува дека Вие нема да добиете од судот други дописи во врска со овој предмет. Во согласност со упатствата на Судот, вашиот предмет ќе биде уништен во рок од една година“ – се наведува во известувањето од Судот што деновиве го доби Стрезовски, кој пак, е разочаран од ваквата одлука и вели дека сега ќе мора правдата пак да ја бара на домашен терен.