Дали се џебни ножеви легални во МК?

...штом се продаваат на секој чекор би требало да се легални! мислам дека имаше некоја законска регулатива во должина на сечивото!
 
...штом се продаваат на секој чекор би требало да се легални! мислам дека имаше некоја законска регулатива во должина на сечивото!
бит пазар не би го сметал секој чекор :ROFLMAO::ROFLMAO:
Еден пријател имаше ноже и у автобус(ЈСП) нонстоп го криеше, алфите да не му го нашле...
па затоа прашувам ако некој е по упатен у работата да ми каже, јас го прегледав уставот но не најдов ништо за оружја воопжто а не пак за ножиња
 
мислам би требало да е легален оној Универзален џебен нож со разни отварачи за конзерви и шишиња
 
мислам би требало да е легален оној Универзален џебен нож со разни отварачи за конзерви и шишиња
да, ама тој е се, само нож не
 
Више ако се решиш да носиш џебно ноже, тогаш треба да бидеш спремен и да го збрцаш во некој. А за да го збрцаш треба да имаш СРЦЕ тоа да го направиш, и добро да размислиш за последиците од твојата постапка, и за повредите што ќе му ги нанесеш на непријателот.

Мој совет, ако веќе си решил нешто за самоодбрана, набави си од тој солзавецот во мало шишенце што е. Ем нема да го повредиш, туку само ќе го оневозможиш непријателот.
И мислам дека е легално тоа, и плус мислам дека помалку место зафаќа од ножето.
 
бит пазар не би го сметал секој чекор :ROFLMAO::ROFLMAO:
Еден пријател имаше ноже и у автобус(ЈСП) нонстоп го криеше, алфите да не му го нашле...
па затоа прашувам ако некој е по упатен у работата да ми каже, јас го прегледав уставот но не најдов ништо за оружја воопжто а не пак за ножиња

Не ти треба устав за оваа работа туку Закон за оружје затоа што конкретниот нож спаѓа во ладно оружје кое преставува оружје кое се разликува од огненото оружје и како такво може да се разгледува секој инструмент изработен и наменет за напад на луѓе или за самоодбрана. Таквото оружје може да има сечиво, како што се: меч, рапир, бодеж, бајонет, нож, нож - скакулец (нож со скриено сечиво на склопување) и слично, како и остро и контактно оружје како: гумени палки, боздогани, метални прстени (боксери), електрошок-оружје и слично.
 
Нож/ноже не може да биде нелегално. Да, може да биде средство за извршување на кривично дело ама тоа не го прави нелегално.
 
Можеш да ги купиш по пазари ги има насекаде, но не смее да ги носиш со себе ... значи по дома во куќа/стан ок или пак во автомобил да си имаш некое ок, но никако при движење не смее да се носи било каков нож !
Шипки и ножеви (било какви) не смее да се носат бе луѓе, полицијата не за џабе секој ден ги претресува тинејџериве по автобусите (а и ние кога бевме тинејџери понекогаш не претресуваа по ранците превентивно) овие предмети се забранети за носење по ранци, панталони, јакни, никако ... е сега ако се оди на планинарење тоа е веќе друго ок е да носиш ваков предмет во ранец, но за која цел носење ножеви при движење низ град ... освен за самоодбрана од крволочни кучиња скитници ... :)
 
Јас носам ноже привезок на клучеви а клучевите се во џеб.
 
Кога сме веќе кај џебни ножиња, нелегалност и такви ствари..., по продавнициве за светла/лустери и по пазариве имам видено електрошок лампи, батерии или како и да се викаат. Дали е легано таква да се поседува и колку може да се наштети некому при одбрана?
 
Луѓе пиштоли, калаши и скорпиони носат.

Taка е носат ама затоа па во затворите повеќе нема место за новите осуденици кои секојдневно пристигнуваат од секаде па мора владата да прави закони за амнестија за да колку-толку се добие некоја слободна ќелија плус за новите дечки !
Огненото оружје е нелегално ... освен за оние кои имаат дозвола за него !
Ладното оружје е легално но само ако се чува по дома, или за во планина, а не да се носи по градските улици ... замисли луѓето да почнат масовно низ урбаните средини да носат со себе чекани, тесли, секири, шипки, безбол палки, ножеви и сл. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom