Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше среќа шо погоди хахах, или ако сакаш шо Ракитич не влезе во блок, муабетот ми беше дека бевме поконретни во второ, за разлика од вас шо освен голот па и немавте некоја шанса како во прво, нападите ви беа прочитани.
А не се среќа за Барса 2те стативи ?
 
Голот на Челзи беше на среќа (не шутот), туку начинот на кој дојде до него.
Фабрегас шутна топка која едвај до корнер знаменце ќе стигнеше, ама Иниеста се најде паметен да го блокира и корнер досудија. Од корнерот падна голот.

Абе сега ќе земеме да анализираме и како шутнал голманот на Челзи напред, па како дошла топката до напаѓачите....
Единствена грешка во овој случај е што не го маркираа Вилијан, тоа не смее да им се случи на ваков меч.
 
Абе сега ќе земеме да анализираме и како шутнал голманот на Челзи напред, па како дошла топката до напаѓачите....
Единствена грешка во овој случај е што не го маркираа Вилијан, тоа не смее да им се случи на ваков меч.
Епа тоа ми е зборот, имаше грешка Барса при голот на Вилијан.
Имаше грешка Кристенсен при голот на Меси.
Тоа е тоа, нема што да се филозофира. Врти како сакаш 80-90% од головите после грешки паѓаат, ретко се гледа совршен гол после 30+ подавања.
 
Маркирање, немаркирање - тоа не е грешка во класична смисла на зборот. Вилијан остана немаркиран 3 пати и само тешка среќа не спаси од 3 гола. Еднаш, се случува. Три пати значи погрешна поставеност и тактика. Немаркирањето на ист играч што погодува 2 стативи е недостаток на добра тактичка замисла. Голот на Меси беше по грешка, и без таа грешка ќе немавме ниту една саглам шанса.

Незнам што се тешите со посед, реално се затворија Челзи, одеа на контра додека ние кружевме 90 јалови минути без ниту една изградена акција. И знаевме сите дека така ќе игра Челзи, не играме првпат против нив. Арно ама, очигледно ни со Валверде немаме одговор на таква игра. Да ја немавме таа среќа, двомечот ќе беше готов уште вчера. Страшна утка и разочарување.
 
Се играше премногу претпазливо од наша страна, како само да се чека да поминат 90 минути па ќе решаваме дома. И во групната фаза имаше вакви утакмици, а и во лига. Валверде очигледно оди само на сигурно, колку што е можно без ризик. Дури после примениот гол, тргнавме да дадеме гол и штом го постигнавме повторно не бевме заинтересирани за победа, во момент кога челзи беше во нокдаун. Дали е исправно ова ќе видиме.
 
Во сабота мора да му се дадат 90 минути на Дембеле, мора да сврзи 5-6 утакмици по ред за конечно да влезе во ритам, и да имаме некаква претстава што можеме да очекуваме од момакот. Иниеста нека одмара оваа утакмица, Кутињо нека истрча 90 минути и он.

Иначе рачунајте на Меси уште најмалце 5-6 сезони. :cool:

https://kajgana.com/bartomeu-mesi-kje-potpishe-nov-dogovor-so-barselona
 
Не ве разбирам шо сте загрижени за играта во прво полувреме, па цела сезона играме така. :D
И не се согласувам дека Валверде бил надигран или надмудрен од Конте. Валверде не ни отиде со намера да се надигрува со Челзи. Не изгубивме, а нерешено со гол во гости и не е така лош резултат.
Секако дека имавме и среќа со двете стативи на Вилијан, ама во никој случај не би рекол дека Челзи издоминирал.

Очекувам исто така многу претпазлива игра и на реваншот, без разлика што играме дома. Очигледно мора да навикнеме дека до крај на сезоната ќе играме вака претпазливо, без многу ризик. Со доаѓањето на Валверде се сменија некои работи. Не е веќе оваа Барса која ќе создава по 20 стопроцентни шанси на секој натпревар и ќе напаѓа како без со сите сили 90 минути. Многу помирно и посигурно играме сега, може не постигнуваме многу голови, ама за таа сметка сме многу подобрени дефанзивно. Се додека ова носи резултати, Валверде заслужува максимална поддршка од мене, дури и со ваква игра.
 
Нема трет напаѓач, затоа вака се игра. Да не се исподешаваа со Дембеле повредите, друга приказна ќе беше. Стои тоа за добрата одбрана, но како доаѓаат се потешки утакмици, немоќта на нападот доаѓа до израз. Буквално се зависи од Меси во напад, од организација, до голови. Но, нема друг избор Валверде, оваа сезона таква ќе е играта, па ќе видиме каков резултат ќе донесе на крај.
 
Сега со Џирона убаво би било да започне Валверде со Семедо позади а со Роберто и Кутињо у средина, напред со Меси Дембеле и Суарез. Да видиме на што ќе изгледа тоа.
Вака некако:

Штеген
Семедо - Мина - Умтити - Алба
Роберто - Бускетс - Кутињо
Дембеле - Меси
Суарез​

Со тоа што Дембеле во текот на натпреварот би ротирал и на десно и на лево крило.
 
Bartomeu: “After signing with Beko, our next goal is to get a sponsor for the naming rights to the Camp Nou. The total investment (by Beko in training shirt sponsorship) will be 600m euros, the highest that the club has ever done in the city of Barcelona.” [bloomberg]

:bravobe:
 
Алба и Суарез се на еден жолт од суспензија. Ако не прават утре за да не играт со Лас Палмас, ќе биде ризично зошто после Лас Палмас доаѓа Атлетико на кампот. Јас сум за да се чистат утре.
 
Супер состав. Иниеста, С.Роберто и Паулињо на одмор, а Семедо и Дембеле стартери. За прв пат сезонава Меси, Суарез, Кутињо и Дембеле стартери заедно. :icon_lol:
 
Кутињо игра како повеќе години да е во тимов, Дембеле од друга страна игра како фамилијата да му е под пиштол на глава дома. Незнам зошто толкав психолошки притисок кај него. Го гледав често во Дортмунд, овој Дембеле нема допирна точка со тој од Дортмунд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom