Како шо го оставаа цела утакмица, ќе помислиш дека после две стативи погодени од исто место ќе се свестат ама очигледно не.
Едно нешто е факт за вчера, Конте го растури Валверде тактички, посебно во прво полувреме, Барса делуваше како Барса на Тата, си играше „Око Ниша киша, а у Нишу суво“ со голот на Челзи, кружеа без идеја и не знае што да прават, тројката позади се залепи за Суарез и не му даде да мрдне, а Алонсо покриваше супер кај што требаше, Алба, Бускетс и Иниеста може го изиграа најлошо полувреме годинава.
Си кажа Конте дека ја има изанализирано Барса, излезе дека не лажел за тоа, секој потег на Барса го знаеја одбранбените на Челзи пред да се случи, да се чудиш кај беше овој Челзи претходните неколку кола кога примаше по 2-3 гола од кого стаса.
Е сега Валверде не е Тата, ќе си ги проучи грешките за реваншот, плус секако Челзи ќе мора да нападне сега, нема да можат да се бранат толку многу, ќе мораат да бркаат гол, а тука веќе многу повеќе простор ќе се отвори.