Од страна на акционерот беше наведено дека ја поддржува Одлуката за зголемување на акционерскиот капитал преку емисија на акции по пат на приватна понуда, бидејќи смета дека е во интерес на сите акционери. Истакна дека цената која купувачот Сосиете Женерал СА ја плаќа за акциите е коректна и единствено се надева дека во иднина Банката нема да се задолжи со нов субординиран долг, како и дека Банката ќе продолжи со политиката на делење на дивиденда, и тоа во зголемен износ од 32 % ‒ 33 % од расположивата добивка за делба.
Тоа сум јас!!! Да нема забуна. И на форумот пред собранието ја изразив мојата подршка.
Некои ликови мешаат дивиденден принос 15% со поделба на 33% од профит . . . Тие две работи не се споредливи... Побитно е банката да расте годишно по 15% отколку да дели добра дивиденда.
Некој неможат да ми опростат за СТБ и моето предупредување кога таа беше најпопуларна на МСЕ, за денес скоро никој да не ја спомнува . . .
И не се каам ама баш ни малку што Ве предупредив дека СТБ и не е така ефтина акција на 970 денари . . . Тоа и пазарот го потврди. Види таа после 6-7 месеци е на 940 денари . . . Купував јас тогаш КМБ на 2600, 2700, па ми се нафрлија многумина дека сум безврска . . . . Охридска дополнив на 4600, 4750, 4850 пред месец дена. . . Можна е дополна на ОХБ или КМБ деновиве . . . .
Тие вносни дивиденди од СТБ ги оставам на други, нека им се алал парите. Јас распродадов 75% од СТБ акциите . . .
КМБ и ОХБ се банките на кои се кладам следните 2-3 години . . .
Всушност французите денес ги платија ОХБ акциите по 5536 денари, а вие имате можност да си купите на 5050/5100 денари скоро 10% поефтино од нив.
p.s.
Некои ликови неможат да поднесат кога некој не им ги преферира нивните акции . . . . Тоа не ти го простуваат. Они се во состојба да навлечат милион луѓе за да направат профит . . .
Па и кога сте во право они ја копаат главата во песок и те етикетираат политички, те вадат од контекст . . . . . . Цела среќе што приказната со СТБ и ТПЛФ се на моја страна сега за сега . . . инаку ќе ме расчеречеа до сега . . .
Кој сака дивиденда од СТБ 120 денари уште утре да си купи. СТБ ви се тргува на 1,25 боок бидете претпазливи !!!
А јас глуп мислев дека ќе добијам благодарност околу предупредувањето за СТБ, за предупредувањето околу резервациите на СТБ, па и Фени се случи, а тие ме убедуваа дека СТБ има „непостоечка“руда како залог . . . А ќе ги видите резервациите за 2017 год. благодарение на таа „руда“
.
Да нема забуни и потпрашања. . .
Акциите од ОХБ почнав да ги собирам на 2200, 2800, 1800, 1100, 950, 1000, 1700, 3500, 4700 . . . . Просек за ОХБ ми е 2500 денари сега проверив
.
Има се на мојновац и од 2017 на кајгана . . . .
98% од трансакциите ги објавувам може да се провери. . .
А и во СТБ бев еден од поголемите физички акционери и добро ја познавам банката, па и тоа лесно се проверува. . . .