Drugs Inc e интересна емисија, се согласувам. А за која конкретно моторџиска банда? Имаш бандидос, имаш хелс ангелс, имаш вагос, оутлавс, и многу многу други.[DOUBLEPOST=1516634907][/DOUBLEPOST]Сега што ме држи меморија Hells Angels се формирани после ВСВ у 1948. Први членови и биле многу војници и најчесто влегувале за да го почувстуваат адреналинот од војната. Задолжително било мотор Харли. Тоа правило стои до ден денес. Први кривични дела им биле обични тепачки и користење дроги од 1950 до некаде крај на 1960. Со тек на време после 1948 се создаваат се повеќе и повеќе клубови, ова доведува до така наречена Biker Wars (Војна на бајкерите) во средина на почеток на 90ти. Војната е помегу Оutlaws MC и Hells Angels. Централен дел на САД традиционално бил на Outlaws. Hells Angels почнуваат да навлегуваат и тука баш и не разбрав да ли имале таму група или па направиле наречена Hell's Henchmen. Тука почнува сето тоа од бомбардирање до убиства. Тие имаат и почнато и војна со Монголс. Тоа започнува после 2000та негде. Причина за тоа е што Mongols на својата јакна ја имале South California или нешто друго имаше, не сум сигурен. Важно пишуваше некоја локација и со тоа Hells Angels се чувстуваа навредени и тука имаше кратка војна. Имаа и војна со Bandidos, причината не ја знам. Знам само дека на оноа огромното бајкерско собирање во Дејтона, имале наредба секој бандидо што ке го сретнат на автопатот да го скинат. Така скинале околу 10. Hells Angels ги има секаде околу светот, најблиску до нас ги има во Тирана каде што имаат проспект клуб, односно треба уште да се мачат за официјално да признаат дека имаат MC Hells Angels Albania, некаде 2016 се направени. Ги има и во Грчка направени во 2000, ама имаат официјално клуб и тоа во Крете, Атина, Тесалоники, Кос, Патрас и на неколку локации како номади (често се во движење). Ги има и во Бугарија од 2014. Ги има во Тарново, Асеновград, и Blacksea. Во Србија ги има од 2013. Во Белград, и имаат тн. hangaround club. Тоа е за неофицијални членови, кои само се дружат со членовите на клубот. Нашиот Рамбо од Битола имаше слика со членови на Hells Angels Белград. Ги има во Романија од 2013. Ги има во Тимисоара, Букурешт, Букурешти, Константа,и имаат еден номадски клуб. Ги има и во БиХ од 2015. Ги има во Сарајево само. Прифаќаат само бели членови, ама на цел интернет само успеав еден црн хеллс ангелс да најдам и тој му бил обезбедување на некој од Канада.
Бандата како банда се занимава со дрога/убиства/пљачки/кражби на мотори/проституција.[DOUBLEPOST=1516635663][/DOUBLEPOST]Mongols се формирани 1969 у Монтебело Калифорниа. Имаат од 1000 до 1500 членови. Ги имаш у Италија, Шведска, Мексико, Германија, Канада, Малазија, Тајланд, Сингапур, Индонезија, Австралија. Интересно е што прифаќаат членови од сите бои, и има и членови од разни банди. Имаш суренос, имаш нортенос, имаш блодс, имаш крипс. Војна имаа со Hells Angels i La Eme (Мексиканската мафија). Ви кажав причина за тоа војна со HA. Причина за војна е што многу членови од банди привлекле кај себе и им рекле да платат такси и за членови и за продавање дрога. Тие одбиваат и почнува војната. Тие исто така имале правило само Harley Davidson мотор ама тоа е тргнато поради недостиг на улични војници. Војната завршува така што тие нешто решаваат, никој всушност не знае што. На gangland што гледав полицајците рекоа дека гарант платиле. Сега моментално освен по некое убиство и тепачка војната мегу бајкерите е мирна. Убиство се случува по еднаш до два пати годишно. Овие исто се занимаваат со убиства/дрога/проституција/кражба на мотори/перење пари. Целиот бајкерски свет скоро се занимава со ист тип на криминал.[DOUBLEPOST=1516636454][/DOUBLEPOST]Vagos MC се создадени у 1965 година у Сан Бернадино, Калифорниа. Прво била направена од латиноси, ама денес едвај да има латиноси у грпата. Имаат белци веќином и по некој шпанец. Имаат 4000 члена. Ги има во Монако, Шпанија, Шведска, Северен Мексико, САД, Канада и Австалија. Тие се создадени кога членови од еден клуб кој мислам дека Psychos ке имаат караници во клубот, и половина ке го напуштат и ке го направат Вагос. Знам дека непријатели се со Hells Angels и Galloping Goose, не знам зошто. Се дружат со Mongols. Ист тип на криминал како и другите. Зелена боја им е затоа што први членови како што напишав биле Мексиканци. Една интересна случка за која читав, жена на полицаец сакала да го убијат мажот и, и ги контактирала, а овие пријавиле у полиција.[DOUBLEPOST=1516642901][/DOUBLEPOST]Outlaws се формирани во 1935 година во МcCook illinois. Се задржуваат за време на војната, после војната почнуваат со криминални дела односно им продаваат на малите банди од Чикаго синџири, ножеви, палки. Имаат некаде до 2000 членови. На балкан ги има само во ЦГ во Бар, и во БиХ само не знам кај ми рекоа. Се занимаваат со ист тип на криминал како и другите банди, само што овие ретко користат пиштоли и пушки. Тие вршат бомбашки напади, да ли под кола или под мотор не им е важно. За нивната војна со Hells Angels, реков во истиот пост кога пишував за нив.
Sons of Silence Motorcycle Club се формирани во 1966 во Colorado Sprigs, Colorado. Мислам дека и тие се и најмалите 1% бајкери (Кои вршат криминални дела). Ги има околу 500. Ги има и во Германија од 1998 кога во Минхен се прави и првиот клуб надвор од Америка. Не сум сигурен кој им се ривали, ама блиски се со Hells Angels. Ги има малку, ама па на некој начин се најопасни пошто имаат највише оружје од сите овие горе наведени. Во еден случај им имаат запленето тенк. Како и поголем дел од бајкерските банди, и тие прифаќаат само белци у клубот. Многу ретко некој латино. Криминал им е како и сите од убиства до дрога, кражба на мотори. Не знам да ли имале војна со некој, но штом се со Hells Angels, мора да се борат со некој заради нив.[DOUBLEPOST=1516643039][/DOUBLEPOST]Ми остана за уште две мислам дека. Ке напишам можеби вечер или утре.[DOUBLEPOST=1516643512][/DOUBLEPOST]Warlocks MC се создадени летото 1967 во Орландо, Флорида. Ги има малку повише од 500. Ги има во Германија, Англија, и на источен дел од САД. Ривали главни им се Outlasw и Pagans. Се се белци. Исти криминални активност како останати.