Ништо не бидна, немаше доволно заинтересирани за да напишат воведен пост за МСЕ компанија по избор, само еден се пријави.
Ако сакате, еве пак ве повикувам, пишете ми ПП ако сакате да придонесете со воведен пост, па ако има доволно ќе отвориме посебни теми во овој подподфорум, а после ќе може да се префрлат во посебен.
А може ли да се искористат основните податоци што се на МСЕ, еве пример за Алкалоид
http://www.mse.mk/mk/issuer/alkaloid-ad-skopje
""Алкалоид АД Скопје е компанија која работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и производство на козметички и хемиски производи. Компанијата нуди неколку илјади различни фармацевтски, хемиски, козметички и прехрамбени продукти, и се исто така активно инволвирани во пронаоѓање и воведување на нови производи.
Подружниците на Алкалоид АД Скопје се лоцирани во Русија, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија. """
Управен одбор
Живко Мукаетов - претседател на УО и генерален директор
Виктор Стојчевски - член на УО и директор на финансии
Милкица Глигорова - член на УО и директор на производниот сегмент на ПЦ Фармација
Ѓорѓи Јованов - член на УО и директор за акционерство и имотни прашања
Кире Ицев - член на УО и директор на Службата за Општи работи
Надзорен одбор
Проф.д-р Миодраг Мицајков - претседател
Проф.д-р Илија Џонов - член
Бојанчо Кралевски - член
Значи основни податоци, неутрални, колку да се започне темата па понатаму ќе си тече дискусијата