Да да да да, со другите серии е муабетот рангирање епизоди скала - Најдобра до најтапа, овде е од ВРВТОПMINDBLOWNНЕМИСЕВЕРУЕСЕВИШНОИСКУСТВО до "еј, навистина топ поминат саат" .
Но сепак, за мене White Christmas е епизода од друг свет исто како Меси.
Инаку еве да иницирам една дебата, пошто гарантирам дека исто ко на мене многу често ви се дешава daydreaming за некои теми изнесени у блек мирор, и посебно е интересн моментот кога некои од нив ги "глеаш" во сегашноста, и се стремат кон прикажаното (или приближно кон она што е прикажано) у блек мирор. Пошо да не се лажеме, човешвото е технолошки МНОГУ напреднато од пред 30 години до денес, и мислам дека напредокот ќе се зголемува у идниов период. Така да не мислам дека е чудно некоја такви слични иновации и технологии да се воведат у иднина...
Која конкретна технологија од серијата вам ви изгледа реална дека (макар и приближно) ќе се оствари, земајќи во предвид дека секоја изнесена технологија има различна сложеност и комплексност?
Кој социјален момент мислите дека би предизвикала истата технологија (различен или ист со блек мирор)?
Дали мислите дека конкретната технологија ќе го унапреди човештвото, или повеќе го глеате светот како дистопија (неретко изнесена у серијава) ?
Искрено, според мене она со рејтингот ми е многу реално да се случи, иако сепак, тоа е меѓу наједноставните од сите технологии изнесени во серијава. Многу пати епизодата ме потсеќа на тоа што претставува инстаграм на пример... и како инстаграмушите си "разменуваат лајкови" (нешто као си го имаат на ти го - дај ми го). И како што се глеа у серијата, ретко некој(а) со 5 000 followers(над 4.5 рејтинг у Б.М) да се дружи, и да се слика околу себе со некоја што има ептен ептен малце фолоуерс (под 4 рејтинг у Б.М) и е "неактуелна" на инстаграм. Нешто ала тие двете.
Она со webcam-от и уцените по телефон е исто интересно. И она со војниците би рекол дека е возможно.
Ајде, оставам простор на вас да развиете продуктивна дебата. Ваше мислење
p.s Под технологија мислам на секој футуристички апарат, device, иновација, социјална мрежа, waldo, чип и тн и тн... буквално све што е изнесено као технологија у серијава. Ме разбирате.