Се додека греењето е на COP поголем од 3, а сезонски поголем од 4, добро се гледа на работите.
Проблем настанува кога некој сака да чури и да не труе во сред град, како да се наоѓаме во сред планина. Не викам дека греење на горива дрво/пелети/нафта нечини. Тоа си е добро. Ама за во села каде нема густо население и чадот ќе го снема веднаш.
Од друга страна во густ град јас на стакло чист воздух овие 4-5 дена, мене ми труе се на чад зошто околу мене 5 куќи горат масовни количества на дрва. Мерна станица вика дека воздухот е стакло со PM10 честички испод 50, ама јас неможам да отворам прозор од трујачи.
Тоа треба да е најстрого казниво во Скопје. Поготово во Центар/Карпош/Аеродром. Најстрого казниво!!!
А дали било Вивакс Аери 18ка, или било Mitsubishi FH35VE, или пак Грее хансол -20, или Тошиба 16... тоа е многу помалку важно. Во тој поглед е важно само да му грее климата на човекот беспари скоро. Да е задоволен од цената/загреаното и да го шири добриот глас за греење на клима на трујачите. Ништо повеќе. Секако јас сум имал еден куп клими за сите можам да кажам по нешто, ама тоа се повеќе финеси кои произлегуваат од лични желби. Основните работи се тие.
Ама мора да видат луѓето.