Не смееме да одиме во мечевите со девизата
АБЕ НИЕ СО ГЕРМАНИЈА ЗА МАЛКУ ЌЕ ТЕПАВМЕ, не пак со Чешка, тоа ќе е автогол.
Да не прајме муабет за првокласни репки како Шпанија и Данска..
Да не се лажиме, Данска на ова ЕП во секој поглед е посилна од Германија.
Германците се или тотално прочитани, или навистина не се таа класа за која сите мислевме дека се.
Шпанија е веќе друга приказна, но и тие не ми се верува да се послаби од Швабите, баш напротив, не смееме да се залетуваме со нив, а ако не бидеме концентрирани и со Чесите како што се палат со нас ќе биде многу заебано.
Тоа што Словенија и Германија го играа со нас, технички грешки, безидејност во напад, ова сигурно нема да го играат Шпанците и Данците ( дај боже да грешам), иако лесно може да се предвиди дека нема да имаат толку многу фрлени топки во аут, или дека нема да ни направат вишок, посебно Данците, која школа се овие
, од пионери сигурно уште од старт ги тренираат брз проток на топка и правење ситуација за чист шут кон гол, страшно нешто.
Мене ме плаши нашиот променлив пристап кон мечевите, речиси на секое првенство (од 2009 досега) ќе изигравме еден меч во висок ритам на наредниот како сосема други играчи да излегуваа на терен, и губевме од кој стигниме,
променливост во игра и пристап кон меч -левел експерт.
Се надевам дека тие времиња се зад нас.
Сега ќе се види во Вараждин дали сме ја научиле лекцијата, дали сме заслужиле да седиме на масата на големите или ќе се задоволиме со трошките.
Да не скокаме дека вредиме, мора на терен да се покажеме, играме против играчи кои освојувале ЕП, СП, ОИ, ракометари кои играат во најсилните екипи во светот со милион утакмици зад себе како оние нашите со Словенија и Германија .
Па и за Чесите чии играчи играат во Ловосице, Талант Плзен, Татран и компанија ќе треба максимум да дадеме.
Се надевам, уствари сигурен сум дека добро работеле овие дена, дека тактичката подготвеност нема да не изневери, па на терен да се пробаме.
Шпанците кој и да дојде за селектор играат речиси исто, широка ротација, по некој шаблон на делење минутажа на играчите по некои 30ина минути.
Во одбрана стандард, двајцата киклопи-Гедеон Гвардиола и Виран Морос, добро е што сеуште не ги менуваат овие, и мора да забават за да се заменат, што нема да е случај со Данците кои далеку помалку ротираат одбрана-напад и имаат повеќе можност да ни направат брза транзиција.
Чесите им влегоа во машината и за само 10 минути беа сомелени, Унгарците на пример дадоа далеку посилен отпор.
Мора да се пронајде некое чаре да ги забавиме, да ги натераме да грешат, немаат такви бекови како Данците, пробивни , брзи на прв чекор, кои ќе распалат од било која позиција, имаат техничари да, но немаат такви опасни шутери како Данците па би требало полесно да се справиме со нив, освен можеби со Алекс кој добро не знае, но и ние го знаеме него, да ги натераме да се мачат за головите, ако им дозволиме лесни голови многу потешко ќе оди во напад да компензираме, посебно ако ги разбраниме нивните голмани, нападот не ни е сјаен, сигурно немаме некои добри офанзивни статистики.
Значи не е само Борко да има 10 одбрани ако процентот е низок, мора тие одбрани да бидат добро распределени за да има некој ефект,а нападот да го подобриме, барем за неколку процентни поени за да има некој ефект.
Добра одбрана, збиена, чести прекини, да ги принудиме на технички грешки и неизградени шутеви, паметно да се одигра, или да се избере некоја тактика, или да се затворат бековите, па да се остави повеќе простор за крила, или пак да се остават да дишат бековите со развлечена зона околу линија од 6 и да се затворат Агинагалде и крилата, многу од ова ќе зависи и ефектот на БОРЕТА наш.
Би требало и тој да фати нешто повеќе од неговиот просек, сепак добро ги познава и тој, го знае нивниот менталитет, нивниот стил на игра, ваљда ќе знае кај треба да се постави.
Со паметна игра, и се надевам на некое тактичко изненадување од страна на Раул да пробаме да видиме до каде сме.
Шансата е сега, и којзнае дали и кога пак ќе имаме ваква шанса за полуфинале, во Србија за малку не искористивме, се надевам сега ќе имаме повеќе среќа, тогаш имавме се само не среќа.
Многу работи ќе бидат појјасни утре.