Измешани ми се очекувањата за денес.
Имам некоја потајна надеж дека можеме да ги попариме, пред се од она што го видов на мечот на Германија со Словенија кога во голем дел од мечот беа изгубени тоталка, плус голем фактор РАУЛ, ако некој знае како се победуваат Германски тимови тоа е овај момак.
Би требало да пронајде нешто, да ископа некоја тактика, било што, а дали на терен ќе ја спроведат играчите тоа е веќе друг свет.
Се виде дека и Германците не знаат да се носат со притисокот, пред се грото се млади ракометари, посебно во бековските позиции Јанке, Вебер, Кун, играчи кои треба да ја потегнат таа машинерија, кога нон стоп го бараа очајно во секој напад Уве јасно е дека не беа како што треба.
Е овде треба да ги удриме ние, да ги затвориме добро бековите, да не дозволиме течен напад, посебно погубно ќе е кога во напад ќе биде тешкаш како Паул Друкс, дечкото е како тенк, не е брз на прв чекор, но е многу силен и има завидна техника со оглед на конструкцијата, тука треба да ги удриме, да не дозволиме како Црногорците ДА НИ СЕ ШЕТААТ НИЗ ОДБРАНА, ако дозволиме таква игра на здравје.
Мора да се внимава на дупки по крилата, тука се најсилни, и десниот бек да се брани добро, и Вајнхолд и Хафнер се опасни техничари, играчи еден на еден, ќе мора да се затвори овде максимално.
Словенија со една таква одбрана, со еден таков бедем од играчи како Сухолезник, Благотиншек, Жабиќ+ Мачковшек + Лесјак кој бранеше перфектно кога не успеа значи нас ќе ни треба многу повеќе од само добра одбрана- расположени голмани, не знам зошто Раул упорно и упорно го форсира Борко од прва минута, кога и со Словенците и со Црна Гора очајно отвори, внесе несигурност во одбраната, па дури откако влезе Митревски фаќавме ритам, исто сценарио на двете текми.
Пушти го Николче, нека осети и тој како е да се почне еден ваков меч од старт, можеби поголема самодоверба ќе добие, а и сите математики се на негова страна, процент на успешно одбранети удари, и се.
Доколку одбраната успее нешто да изигра, и вратарите скинат тоа шо треба да го скинат, значи не е само финтата да кажат дека имале 10 ина одбрани ако процентот на одбранети удари е под 25%, ( и ова е малку), важно е да има придонес во играта.
Нападот ќе мора паметно, без брзање, ако одиме на меч со многу голови тешко нас.
Ако форсираат како Киро со Црна Гора нема добро да поминиме.
Провокатори се големи, посебно Силвио, не смее да се подлегне под притисок како Словенците.
И секако,
ЛУЃЕТО ВО ЦРНО, Литванци судии, Гателиз, Мазејка, господ напомош.

Нека изиграат машки, без респект, никој нема да им замери, не се сомневам во ова, мислам дека ќе удрат денес машки на панцирите, па шта буде.
Никој нема да им замери ништо ако одат со отворен гард, денови на паѓање на фаворити се, кога можеше една умрена Чешка која ја шлакаме секогаш да го тепа Олимпискиот шампион, кога можеше една Шведска да ја изгази Хрватска среде Сплит се е можно, само треба да се има доверба во себе.