Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Што е фората со The Following, зошто има толку мала оценка на имдб (7.5)?
Јас изгледав 6 епизоди во еден здив што се вика и страшно сум навлечен...
 
7.5 и не е баш мала. Јас ја гледав кога почна да излага, ама негде на средина на прва сезона веќе почна да здосадува.
 
Не е мала, ама јас досега немам гледано серија со помала оцена од 8, а 10 пати е подобра (сега за сега) за разлика од некои серии со поголем рејтинг.
Дури се мислев дали да ја почнувам :pos:
 
Продолжи па пак пиши. И јас бев ептен хајпнат по првите неколку епизоди :D
 
Што е фората со The Following, зошто има толку мала оценка на имдб (7.5)?
Јас изгледав 6 епизоди во еден здив што се вика и страшно сум навлечен...
Фората е што е лоша, а 7,5 и не е така мала оцена. Јас изгледав една епизода и доста е
 
Добро што му предложувате серии на овој погоре ама ни жанр кажа, ни спомна некои серии кои му се добри за да му дадеш слични ни ништо. Може да ве испцуе утре за предлозите :D

Фала ви за Following, баш сега гледав која серија да ја почнам додека имам слободни денови, ми спасивте време за некоја друга.
 
Јас не би ја препорачал иначе. Ми се свиѓаше идејата првите неколку епизоди ама брзо ја откажав.
 
@wicked_1 се уфрли со препорака за Ханибал, ќе и дадам шанса :D
 
Таман се израдував на втората сезона за Чапо, и глупите амери и нетфликс ја синхронизирале на англиски.:pos::pos::pos: Гомна да јадат ти ебам дебилната заглупавена нација.
 
Dark германската серија на Netflix вреди да се гледа за тие што сакаат да почнат нова а немаат идеја.

Гледајте ја во оригинал пошто тапа е со англиско аудио.
 
Почнала втора сезона на American Crime Story

Ја најавуваат со месеци веќе. Не ми е гледан ОЈ, али се мислам да прејдам на сезонава само, и онака нема поврзано.
Би сакала да кажам доста се серииве со психопати и нивните болни мозоци, али ова изгледа стварно добро скоцкано.
Се кладам дека Пенелопе ќе ги собере сите награди за Донатела, ја има скинато со гласот и акцентот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom