Џабе се мачиш да му објасниш, мисли дека ако играт СБ Таунс ќе одмара ко Капела
Има една работа која ти ја воочуваат, а упорно не ја признаваш како аргумент. Без разлика дали и колку има повреди ГСВ - истите имаат систем на игра и ги одмараат играчите, тоа ќе продолжи така и до ПО, а се кладам дека и во сам ПО.
Од друга страна, зарем мислиш дека Тибодо нема да прегори некој од првотимците?
Јас ти гарантирам дека ДА. Имаш околу 40 натпревари до ПО, на западот ситуацијата не е кој знае што сјајна, Тибодо ќе брка некое 3-4 место на табела, а тоа значи ФУЛ сезона за џими. Ако него го извадиш од равенката тогаш можеш оваа Минесота (дефанзивно) да ја отпишиш против еден сакраменто и атланта, а камоли против ГСВ и тоа во плејоф.
Типувам на Џими дека прв ќе оди јабана, иако Џеф Тиг веќе го јаде апот заради играње по 35+ минути на натпревар.
И да, истиот аргумент важи во ПО како и за ГСВ така и за Минесота, ќе имаат тежок пат во прва рунда, па тек потоа сè додека (потенцијално) да стигнат до ГСВ. Западот е силен, сигурно Минесота нема да го добие Попович во 4 натпревари или истото да го направи со Хјустон, Оклахома, било кој друг противник...
ГСВ, доколку Дјурант е здрав... пат до финале, рамнење на „Кралот“ со земја и нова титула.
Единствена закана гледам во Хјустон, не ради добрата одбрана која може да ја игра туку ради брзата транзиција и напад и способноста да збрцаат на било кој натпревар над 100 поени (под услов да се дочуваат од повреди).