Се е во ред, знам дека сме клуб со најретардирани потези во историјата што се тиче трансфери, ама за Кутињо воопшто не ми е криво. Така викам затоа што да останеше кај нас сега ќе играше во Флуминенсе или Крузеиро, а не во Барселона. Едноставно кај нас немаше што да бара, доби шанса, не ја искористи и тоа беше тоа. Дојде и во малце турбулентен период, кога почнавме да тонеме и требаше мало недозреано дете да не оправа... Некои работи не беа поклопени и неминовно беше да си оди од кај нас. Мене ми е драго што направи ваква кариера и што веројатно тек ќе ја прави уште подобра истата, боље тоа отколку да останеше кај нас и да потонеше.