Ај да помине некоја недела-две да изгледаат поише луѓе новава сезона, па да отворам една интересна дебата поврзана со целиот концепт на Black Mirror .
Баш сакам да слушнам што би имале да кажете ...
И да, као човек што дозна дека постои серијава дури трета сезона, морам да кажам дека стварно е најunderrated и најНЕЕКСПОНИРАНА серија.
Ај да помине некоја недела-две да изгледаат поише луѓе новава сезона, па да отворам една интересна дебата поврзана со целиот концепт на Black Mirror .
Баш сакам да слушнам што би имале да кажете ...
И да, као човек што дозна дека постои серијава дури трета сезона, морам да кажам дека стварно е најunderrated и најНЕЕКСПОНИРАНА серија.
Брат мислам дека не е потценета ниту непромовирана доволно, буквално кај и да се свртиш ја има Блек Мирор, а најмногу на инстаграм сториња по ново. Или можеби е ствар на перцепција
Брат мислам дека не е потценета ниту непромовирана доволно, буквално кај и да се свртиш ја има Блек Мирор, а најмногу на инстаграм сториња по ново. Или можеби е ствар на перцепција
Не ми беше тоа муабетот.
Сепак е ствар на вкус нели, субјективно е... ама за мене серијава ее на исто рамниште со BB по јакост, а еден панишер е боље промовиран и етаблиран моментално на нетфликс.
Не е серијава за секој, да се разбереме. Затоа и не е толку позната да речам.
Ова е мој дојам.
Последнава е врв. Неам зборови... одамна немам гледано 60 минути со толкаво внимание и интерес. Не трепнав у тие 60 мин. Вожња.
Доста шарена и експериментална сезона. Повеќе акција, крв, насилство (у 4 епизоди имаше такви моменти, што е статистички највеќе досеа) и тоа се испостави супер . А не џоди фостер срање драма моменти, иако и таа не е до толку лоша епизода. Но споредена со другите беше флоп и да речам - "комерцијална" .[DOUBLEPOST=1514899281][/DOUBLEPOST]
Четвртата ја глеав онака прилично stoned. Беше тешка епизода, да, посебно ради тоа што беше црно бела.Епизодата ти дава простор и време да си ја толкуваш и да имагинираш околу мистериите кои се случуваат.Тоа беше и убавината на истата. Не толку адреналинско дејство, не толку WOW моменти, туку простор да размислуваш и да го довршуваш дејството.
Така, според мене (иако ова е една од оние stoned ideas) мислам дека тие кучиња се дигитална и усовршена верзија на овие вистинските живи кучиња кои ги имаме . На почетокот прототиповите првично биле прости играчки и миленичиња (и мислам дека ради тоа се прикажаа плишаните мечиња на крајот - да се даде асоцијација дека све почнало од стадиум на кучиња-играчки) а после тоа апгрејднати биле користени као футуристички миленичиња( првично не биле убијци) и воедно биле софистициран безбедносен систем (како што денес вистинските кучиња се "безбедносен систем" за домот и куќата) пошо нели имаат систем за детектирање,отпосле почнале да испуштаат чип-локатори као шрапнели (за да го убијат оној што влегол или евентуално да го детектираат ако се дрзне да бега) и директно да убиваат крадци и сл. Подоцна, се поусовршени и поусовршени, најнови модели излагаат а-у...и почнуваат да ги убиваат луѓето
Пошо ако ви текнува, имаше sleep mode кучето, кога оваа беше на дрвото. Што значи дека е проектирано да "спие", баш како живо суштество. Ете уште една корелација со вистинските кучиња.
Пак ќе речам, ова е една од моите луди stoned идеи.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.