Македонска берза

Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Штама на форумов . . .
Тука се пишува само кога берзата е во зелено . . .
Ова „ЖИВОТОТ“ изгледа не одмина нас шпекулантите . . . .
Изгледа само Шарените молери ги прегрна . . .
Главата горе. Еден ден корекцијата мора да заврши :D . . .
Добро во целава оваа работа е тоа што од ниски гранки стартува 2018 година. Мора да имаме рекорден принос. Од ова неможе да е полошо . . . .

http://telma.com.mk/vesti/kapitalnite-investicii-definitivno-slabi-za-11-meseci-584-otsto

Добро е тоа што ќе остане некој денар во буџетот, па ваљда ќе се гради следна година . . .

Старо добро правило.
Секогаш купувајте акции од добри и просперитетни компании кога тие не се во мода . . . Ако купувате „модерни компании“ ризикувате поскапо да ги платите.

Мој тип за раст од 30-35% во следната година е Охридска банка!!!

Денес помина докапитализацијата. SG ја плати по 5536 ден, а Вие утре имате можност по 4800 ден. . .
Следна година очекувам добивка од 1000 денари по акција, а вие сами пресметајте со таа добивка до каде ќе летне . . .

Модата на СТБ ќе помине во 2019, а ОХБ и КМБ ќе бидат ин, да не испадне после не сум кажал ;) . . .


@Bafra Уни банка не ја следам . . . Купувам акции од големи банки, помалите ги избегнувам, не се толку профитабилни. Оваа година имаше убави резултати . . . но минатите години беше тапа. . . . Јас сакам компании што имаат раст неколку години во континуитет . . . Сакам да видам некоја насока во нивниот развој.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Интересно е дека неколку членови тука не разликуваат компании што работат лошо од перспективни компании. Нормално дека овие што остваруваат резултат под потенцијалот имаат можност за поголем раст во иднина, прашањето е зошто некој што работи лошо со години одеднаш ќе работи добро.

Пример сите зборите за КМБ која е катастрофа и нормално е дека има потенцијал за раст но како? Две години по ред има опаѓање на приходите од камата и провизија додека проекцијата за резервации е иста со сегашната за наредните 3-4 години. Додека да почне да работи како што треба СТБ и ТНБ веќе се дуплираа во вредност и поделија неколку дивиденди од 10 проценти
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.116
Поени од реакции
713
Znae li nekoj koj svrte tolkava kolicina na OHB?Golemi kolicini pominaa ovie denovi....
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Има некои големи разлики на тарифите на брокерските куќи и банките? Вреди да се отвора сметка во друга банка или да се контактира брокерска куќа за пониска провизија?

За Алкалоид што мислите? Ми делуваат на екстра стабилна компанија, сите параметри им се во постојан раст години уназад.
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
318
Има некои големи разлики на тарифите на брокерските куќи и банките? Вреди да се отвора сметка во друга банка или да се контактира брокерска куќа за пониска провизија?

За Алкалоид што мислите? Ми делуваат на екстра стабилна компанија, сите параметри им се во постојан раст години уназад.
Variraat od 0.7~1.2% kade kako... sto povekje promet tolku povekje ti se namaluva %

ALK dolgorocno ti e top kako firma, stabilen kontinuiran rast, i solidna dividenda 4~5%
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Da mi kazuvashe nekoj pred 2-3 godini koga TETE kupuvav samo jas I odvreme navreme nekoe nepoznato drugarce, deka nitu na 2.000 den nema da mozam da soberam 5-600tini akcii kje mu se smeev... denes se na se imashe 59 akcii na prodazna strana, a sto e najsimptomaticno nema ponuda nitu na 2.200, nitu na 2.500, nitu na 3.000 den...
P.s. izvinete ama I jas ja podigam letvickata od ocekuvana cena za izlez od 3.075 nagore... barem na okolu knigovodstvenata vrednost (nad 4.100 den)... osekjam deka kje imame interesna medicinsko-plasticna prolet ovde... :pistoldz:
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Ептен си упатен во Тетекс, убав раст има оваа година. Одличен избор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom