Штама на форумов . . .
Тука се пишува само кога берзата е во зелено . . .
Ова „ЖИВОТОТ“ изгледа не одмина нас шпекулантите . . . .
Изгледа само Шарените молери ги прегрна . . .
Главата горе. Еден ден корекцијата мора да заврши
. . .
Добро во целава оваа работа е тоа што од ниски гранки стартува 2018 година.
Мора да имаме рекорден принос. Од ова неможе да е полошо . . . .
http://telma.com.mk/vesti/kapitalnite-investicii-definitivno-slabi-za-11-meseci-584-otsto
Добро е тоа што ќе остане некој денар во буџетот, па ваљда ќе се гради следна година . . .
Старо добро правило.
Секогаш купувајте акции од добри и просперитетни компании кога тие не се во мода . . . Ако купувате „модерни компании“ ризикувате поскапо да ги платите.
Мој тип за раст од 30-35% во следната година е Охридска банка!!!
Денес помина докапитализацијата. SG ја плати по 5536 ден, а Вие утре имате можност по 4800 ден. . .
Следна година очекувам добивка од 1000 денари по акција, а вие сами пресметајте со таа добивка до каде ќе летне . . .
Модата на СТБ ќе помине во 2019, а ОХБ и КМБ ќе бидат ин, да не испадне после не сум кажал . . .
@Bafra Уни банка не ја следам . . . Купувам акции од големи банки, помалите ги избегнувам, не се толку профитабилни. Оваа година имаше убави резултати . . . но минатите години беше тапа. . . . Јас сакам компании што имаат раст неколку години во континуитет . . . Сакам да видам некоја насока во нивниот развој
.