Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Хаха, чиста класика.

Не дека играме во Лига на шампиони, јас лично секогаш Купот го множам со нула, ама да не ги победиш циганиве кои што имаат утепана психа сезонава, полуписмен тренер на клупа и „паразит“ на гол, практично полуголман, стварно треба да се самоубиеш под хитно.

Психички, кондициски, тактички и во секој друг можен аспект паднаа. Тактички не можеме да го добиеме Милан кој ќе повторам, игра без тренер. Уште пред да го земеме Спалети знаев што може да се очекува од него - ништо, тренер кој водел просечни екипи може да ти вети просечни резултати, а ако изгураме во Лига на шампиони, тогаш да земеме да се собереме во некоја кафана и да не излеземе една недела.

Утакмицава ти е одраз на тоа како генерално работи клубот - АМАТЕРСКИ. Тоа е максимумот од оваа екипа која што на лето до таа мера беше осакатена, што неспособната управа го остави клубот со само 13-14 играчи, од кои 3-4 играчи се да ги пратиш во логор во Сибир, а не да им дадеш дрес и да играат фудбал.

Ако реши Конте да си оди од Челси и не успееме да го прибереме, и во следни 10 години гарантирам дека Интер нема Т од титула да види, ништо, НУЛА.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Смирете се бе, аман. :pos:
Малку е смешно што баш од Милан испаднаа, со оглед на тоа каква сезона имаат и они, ама не е толку трагична работава. Башка дечките заслужија, се гледаше дека им значи натпреваров, веројатно мислат дека некаква пресвртница ќе им биде или слично.

Неверојатно е колку се распаднаа ментално после натпреварот со Јувентус. Сега се во слободен пад, иако јас не верувам дека ќе трае долго. Мое предвидување е дека ќе го тепаат Лацио сега. :)
Периодов треба да биде добра лекција за клубот, за да не си ги преценуваат можностите како тим.
Една работа што е лесно забележлива е дека, како тим, се многу психолошки нестабилни, и за жал во моменти кога е густо изгледаат како група на пичици. Ова особено се однесува на “лидерите“ на тимот, ликови ко Перишич, Икарди, Кандрева и Валеро. Премногу исплашено делуваат во моменти кога околностите не им одат во прилог. А тоа е одлика на лузерски менталитет.
Кога сме кај критики, покрај напаѓачката тројка напред, според мене огромна критика заслужува Гаљардини, не само за овие неколку натревари, туку и општо за сезонава. Не знам што се случува со него, ама е многу лош. Жоао Марио е најдобро да си оди од клубов, не се снаоѓа очигледно, не изгледа ни дека се труди константно е во некој грч. Ок играч е, ама има многу недостатоци кои очигледно не ги подобрува.
Една позитивна работа од овој натпревар е Кансело. Добро играше и со Сасуоло, не е воопшто лош играч, ама мора да си ја подобри дефанзивата малку.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.955
Поени од реакции
116.517
Мене Марио ми личи како децана од 12 години кога ги ставаат да играат со една година постари од нив, онака кога дебитираат, прв меч и добива топка и само гледа да се ослободи од неа за да не му вика тренерот. Не презема никаква одговорност, ја нема жарта за надигрување, некако дно допира на секој можен начин. Лош играч не е ама едноставно кај нас нема да се снајде, барем не според ова што го имаме видено од него до сега. Јас сум за да му се даде шанса повторно во првиот состав на следните 2-3 меча, вака од еден меч не може конечно да се пресуди. Али мислам дека нема теорија да игра со Лацио, малоумниов Спалети ќе го игра Брозовиќ прва постава и ќе умрам од нервоза.

Утакмицата против Лацио ни е утакмица на сезоната, ако ги добиеме ем ќе повратиме дел од самодовербата ем ќе направиме значителен исчекор во борбата за ЛШ. Доколку не победиме црно ни се пишува, Виола гости па Рома на домашен терен, две ептен тешки утакмици кои може да не дозакопаат.
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2014
Мислења
7.395
Поени од реакции
11.874
Да не речете не сум ви кажал, 2+ прво со Лацио.
Дајте некој клип од промашувањето на Марио,не бев во можност да гледам
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Абе каков Лацио не си фантазирајте, дрско ќе не распарталат, браќата секогаш се тука за да ни ја умрат сезоната.
Удинезе ќе ја имаат таа чест, ако е дојдено до умирање на сезоната.:D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.955
Поени од реакции
116.517
Него Шкринијар какво играчиште е :eek::eek::eek: Не може дуел да изгуби братов, како тенк е, башка разбира фудбал и знае со топка, не е Лусио тип на играч да иде со глава кроз ѕид кога ќе тргне со топката напред.

Против Лацио со истиов тим би искочил ко и денес само Валеро место Гаљардини, мислам дека и Марио доста подобро ќе игра со Валеро како негова поддршка, овој Гаљардини е апла неписмен со топка.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Ејј од умрениве изгубивме, па уште и ни контролираа игра, нема ни С од Спалети во нашата игра.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.395
Поени од реакции
11.874
Не гледај, легни си со добро расположение.
Вртев по каналиве на ТВ и случајно зачекав реприза на СК1
Што промашил бе овај абдалов :facepalm:
Да се спремам физички 3-4 месеци и подобар од мистер Кандрева ќе бидам.За од Гаљардини да не правиме муабет.Овај незнае да подаде братов.Значи не ми е јасно како е возможно играч такозвани професионални фудбалер да незнае да подаде.Можам да си замислам на мали голчина кога шутирал пенал од гол в гол без голман,имаат умирано од смеа другарите се да му ебам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom