Кога ќе се одбие стандардната потрошувачка, ти си платил 2100 денари за климата што ти грее 52-53 м2, плус два панели за во спална и купатило што ти работеле по 12h дневно. Браво друже, ептен ти е економично греењето.
Бидејќи ја имаме истата квадратура, би сакал да ми дадеш повеќе информации. Зошто и јас да не заштедам некој денар како тебе...
1. Дали твојата куќа е 50 години стара, ѕидана со полни тули (0 изолација)?
2. Дали имаш дрвена (извитоперена) двокрилна врата што кога е затворена може глушец да ти се протне доле кај прагот?
3. Дали прозорот во купатилото (60x90cm) ти е толку роскоп што не ти се затвора до крај, а ако запнеш, излегува со се целата каса?
Би можел уште да набројувам, но ми ја разбираш поентата. Секој простор е специфичен.
Инаку знам дека на оваа куќа и е потребенo комплетенo реновирање.
Една моќна клима како Хансол е само прва помош во конкретнава ситуација и ѕверов во целост ги исполнува зададените задачи, без ни еден хикап до сега...
@SlobodanT
Не сум го сретнал тоа во упатството, интересен момент. Сепак ќе сакам и термометаров што последниве денови повеќе е надвор отколку внатре да ми покаже минусна температура, па да споредам со надворешната сонда на Хан Соло.
@omlet13m
Немам грешка, термото не влече константни 5KW (за воља на вистината еден греач е цркнат), туку си има термостат и се полни колку што ќе му зададеш.
@Strelec
Пошто си активен во моментов (твое време), можеш да ја разјасниш дилемата дали надворешната сонда за мерење температура кај Хансол мери и под нула или не?