Овој модел не вреди, ама сигурно нешто може да се одбере од роденденските цени на SETEC
http://setec.mk/index.php?route=product/category&path=10169_10170_10172#category_id=10172&page=0&path=10169_10170_10172&sort=p.price&order=ASC&limit=50&min_price=22499&max_price=81999 на пример Haier Tundra 3,5 за 22,500 или Panasonic TKE за 32,000... или RKE за некоја банка поевтин (јапонци склопени во Малезија) 5 год гаранција на компресорот (и Haiet Tundrata исто така 5 год гаранција)... вреди ли уште нешто од роденденската понуда на СЕТЕК!? Само ко ќе помислам на нивниот сервис ми се повраќа, ама цениве се многу конкурентни....!?
Вреди и таа шугавата ST за 17.5К, а не па Haier i Panasonic што ги листаш. Се е подобро од тоа фамозно ќумбе на дрва. Проблемот е, тие што го читаат ова знаат, а тие што бутаат што ќе им дојде по ќумбињата, појма немаат за овој или друг форум.
Кога
@kodus ми го монтираше хансолот, проаѓа еден комшија и чита на кутијата "Gree". Следеше легендарното прашање: "оваа клима грее, ете пишуе на кутијата, а дали лади во лето?"
Истиот тој до сега набута едно 3 кубика иверица во своето ќумбе. Комшијата од другата страна е тапетар и постојано има вишок стари сунѓери, штофови, парчиња иверица произведена пред 30 - 40 години и што мислиш каде завршува сето тоа?
Ослободување од данок, промовирање на еколошко греење што би го спроведувале соросоидни кокони со 2000 евра плата (демек работа на проект), не помагаат. Писма до политичари (тоа што ти го правиш), исто. Толку им се длабоко рацете во медот, едноставно ништо не ги интересира. Кога би постоеле барем драконски казни за "трујачите", па уште ефикасно откривање, можеби нешто и би се променило ... вака, таму сме кај што сме...
Мал апдејт за надворешните температури во моментов:
- Хан Соло
0C (климата е монтирана на ѕид источна страна)
- живин термометар
+1.5C (поставен надвор на покриена тераса, јужна страна)
- accuweather
-3C
Кому да верувам?