И јас како
@omlet13m се посомневав во надворешната сонда на Хан Соло.
Рано сабајлево на accuweather кажуваше -5C, а Хансолот 0C. Извадив живин термометар на тераса, го пратев скоро еден час ( од 5 - 6h) и најниско што покажа беше 1C. Ова ми е втор таков тест (во првиот accu -6C, Hansol 0C, живин термометар на тераса 0C).
Едно се измерени температури на Зајчев Рид и Аеродром Петровец, друго во вашата непосредна околина (стан, куќа)...
Стигна и сметката за струја за месец Ноември, 4650 ден. Стандардна потрошувачка во летниот период е 1350 - 1500 ден, значи остатокот е за греење. Имам соба + кујна (22 м2) која е покриена со
термо печка 5 KW (што се полни од 22-07h) и (вкупни) 29 м2 што ги покрива Хан Соло, монтиран на 13.11. До 13 работеше Termor панелка во собата од 16 м2, ходникот и бањата беа оставени на милост и немилост, значи беа ладни. Повеќе инфо
тука.
Пресудете сами колку евтино или скапо ме чинело греењето во стара куќа без изолација и со стари дрвени прозорци/влезна врата.