Штом Hidroset се такви лопови, што некој од постоечките фирми не стане увозник и за Fujitsu, па да ги понуди на пазарот со нормални цени. Очигледно тие Хидросет се задоволни да продаваат 1 со голем ќар наместо 10 со мал. Таквите фирми веќе стануваат минато, цените на лаптопите, мобилните, телевизорите и останата електроника веќе се изедначи со остатокот од светот. Овие диносаурусите што продаваат со 100-200% маржа ќе ги снема.[DOUBLEPOST=1512978391][/DOUBLEPOST]
Тоа тек треба да се види дали е така. На ова време Хансол прави чести дефрости, како ли ќе биде на -10, ќе каже времето, но малку сум скептичен во способноста да грее на многу ладно.
Морам да се сложам. Нептун треба да ги земе да ги увезува Фуџицу со 2 години гаранција или ако успеат 3 години да направат. И чао пријатно. Хидросет ќе незнае кај му е главата.
А сите ќе добиеме преефтини и одлични клими. Поготово ми е за битните клими како 18LFCA која за кај нас треба да е она што се бара.
Луѓето се навинкати да треба една клима и таа да грее 110м2. „Е ШТО АКО НЕ ПА 3 КЛИМИ ДА НАРЕДАМ ПО ЕДНА ВО СЕКОЈА СОБА СПОРЕД ТЕБЕ!!!“ Да. Не 3, можда и 5 ќе треба. Зависи. Ама 18LFCA за таков народ е измислена. Да може да залаумфа до бесвест и за просечниот „човек“ кој ја гаси климата, ја намалува навечер - ја злоставува, ја родосквернави да може да се згрее. Језда нема да е најекономична во спроедба со хиперинверторите, ама барем ќе е имуна на родосквернавењето кое ќе треба да го трпи во македонскиот стан.
А после тоа кога ќе мислат за следната може да послушаат, па да осетат и по џеб и слично па да одат на хиперинвертори кои ќе се стално пуштени, па ќе научат за неделни тајмери, па за ефикасна употреба на ефтина струја. Ама далеку е Америка ако одиш пешки. Ние прво да заборавиме на горење дрво, кабли, пелети, иверица, папучи, да научиме да ги земеме работите во свои раце. Да не чекаме како неотесани „гасовод да имаше“, „Ееее гасовод не пуштија“, „Да имаше гасовод“. И слични безевезни муабети за ишкање на мувата од капата. И бабата да имаше фалус ќе беше дедо. Ама нема!
Затоа 18LFCA треба да ја земе Нептун. Да ја дила за 49990. Да ја испокупат трујачиве. Да се згреат конечно за прв пат во животот. Да не цепат дрва на балкон во зграда. Да не качуваат трупци со лифт. Да не трујат комшии. Туку за беспари да се греат за прв пат во животот. И тоа еколошки и неканцерогено. Прв пат да осетат да е топло кога ќе стант сабајле.
Затоа треба Фуџицу и Нептун. Зошто нептун може да измолзе добра цена од добавувач, и да оди со мали маржи и со акции.