@Stefan-kobe не мислев на тебе конкретно, туку општо на муабетот за Рома. Оваа твоја формулација "подобри од очекувањата" е веќе нешто сосема друго и секако дека е така. А тоа дека се подобри од лани никако не може да се каже, барем не сега.
Џони братко не може Рома да излезе подобра од лани заради една-две утакмици што изиграле. Директниот пласман во ЛШ се обезбедува сезона уназад и самото тоа што добија настап во група без квалификации треба да ти каже нешто за минатата сезона, а кога ќе погледнеш подобро дека тоа го остварија со 87 освоени бодови и второ место значи нешто. Оди види што му направија во мај на Јувентус, победа од 3-1 сосема заслужена со убедлива игра.
Сезонава се солидни засега можеби и заради помалиот притисок или всушност заради никаквиот притисок пред почетокот. Не заборавај дека Рома се до минатата сезона ја почнуваше годината како прв конкурент на Јувентус за да му ја земе титулата,
годинава пред почетокот никој не ги спомнуваше за такво нешто.