Не напишав ништо самоуверено, туку ти скроз ја утна поентата на постот на
@ElNinho, не ни сфати што сака да каже човекот со што уште еднаш докажува дека ги читаш, а не дочитуваш мислењата.
Гледаш дека убаво те издемантирав кога ти ги напоменав имињата на тимовите а ти упорно инсистираш и се навраќаш на поентата дека Рома би била џек пот во споредба со останатите, а од друга страна го игнорираш Бешикташ..добро го прочитав постот и добро му образложив дека Рома не е истата екипа од минатите сезони што ја знаете,всушност и самиот резултат ти укажува на тоа, но ти реши повторно да ми реплицираш да се навратам на неговиот пост без никаква поента.
Како прво ти прочитајго добро мојот прв пост и ќе разбериш што сакам да напишам, па потоа влегувај во дискусија со мене.
Да ги разграничиме работите..доколку го користиме терминот "џек пот" во фудбалски жаргон за одреден фудбалски клуб тоа означува дека истоимениот фудбалски клуб би бил одличен избор за противник на останатите клубови доколку би бил извлечен за нивни противник во ждрепката за разлика од другите клубови што се на самиот избор...арно ама тука исто во изборот се надоврзува Бешикташ кој како клуб се подолу од нивото на Рома што значи има и друга опција "џек пот" што автоматски вашето тврдење дека Рома би била лесен залак е чиста небулоза и тврдење извадено од памет или од стереотипите од минатите сезони без одреден заклучок,надоврзувајќи се на тоа дека завршија први во група со Атлетико и Челзи тогаш не знам дали е соодветно таквото тврдење.
На следниот пост ќе почнам со цртање.