Крајно време е и јас да споделам искуства.
На 13.11 маестро
@kodus и неговиот колега ми монтираа Хансол, -20, со Sanyo компресор -
GWH12TB-S3DNA1D/O + GWH12TB-S3DNA2D/I. Единствени мајстори што ми влегле во куќа за кои немам замерки. Максимално внимателни, педантни, професионалци во прав смисол на зборот. Работеа во договор со мене и сите барања ми беа испочитувани (местоположба на внатрешната и надворешната единица, по цена да се буши во цврст бетон наместо во цигла).
Прегледај го приврзокот 181115
Бидејки единиците се многу блиску, се решив за 3м црева.
Вакумирањето траеше 22-23 минути.
Си побарав (и добив) гумени бафери. Овие навистина функционираат, бидејќи прават прекин на две метални површини. Сите крпеници од типот парче гума низ кои поминуваат шрафови се чиста козметика, мачкање очи на клиентот и не вршат никаква функција.
Не дека имаше реална потреба, бидејќи надворешната единица "спие", треба ептен да начулам уши (на еден метар од неа) за да ја слушнам како работи.
Истото важи и за внатрешната во споредба со други клими. Се разбира, не е бесшумна како радијатор или панелка. Тоа е еден од компромисите при греење со клима.
Прегледај го приврзокот 181116
Што треба да грее овој Хансол?
Дел од 50 години стара куќа без никаква изолација. Дрвени прозори што слабо дихтуваат, двокрилна дрвена врата со 50% стаклена површина што фура од сите страни. Ѕидовите се од полни тули, малтерисани од двете страни.
Висина на плафон 2.7м, кој единствено има некаква изолација - 10цм стаклена волна. Тоа беше лесно изводливо штом сам ја завршив работата и не повлекува многу пари.
Површина за греење: соба 16 м2 северна страна, 8.5 м2 ходник и купатило 4.5 м2, значи вкупно 29 м2.
Прегледај го приврзокот 181117
Од 13 ноември до сега имаше малку ладни денови, но еве утрата веќе паѓа температурата под 0, па генерално можам да споделам искуства.
Прв впечаток е бесшумноста. Како внатрешната, така и надворешната единица ... предат како мачиња.
Втор впечаток, грее за сите пари. Ја држам на ауто фен, 21 - 23 C. Ако симнам на 20C, знае повремено да исклучува. На овие надворешни температури делува и малку предимензионирано за 29 м2 неизолиран простор во куќа ... зимата топрва доаѓа, ќе видам како ќе се однесува на пониски температури.
Маани:
Знае да се слушне крцкање на пластика при промена на температурата, особено ако била исклучена повеќе часови и почне убрзано да загрева. Зборувам за внатрешната единица. Како заладува, ќе работи константно, нема да има температурни варијации, па ни тоа ретко симболично крцкање.
Кога продолжува со греење после дифрост, се јавува некаква резонанца (вибрација) од внатрешната единица, што трае 20 - 30 секунди. Ширење/стеснување на материјалот при температурна промена (топло/ладно). Ептен е тивка, но јас како перфекционист (аудиофил, ех), успеав да ја детектирам.
Гаранцијата од 10 години е трагикомична. Не е проблемот во тие 800 денари што ги бараат од втората до деветата година, туку што се добива за тоа? Барем едно профи чистење на внатрешната да имам за тие пари, па да биде оправдано...
Тоа е за сега од маани, ако откријам уште нешто, сигурно ќе пишам.
За потрошувачката немам информации, затоа што намам мерач. Гледав на Gearbest, Fasttech и Ali, има еден куп модели од $9 - $15, не би знаел кој е најдобриот. Треба да се убедам дека ќе ми користи и за нешто друго, само за климата не би го купувал. Секако сметката од ЕВН е таа што се брои...