Читајќи низ финските форуми, налетав на оваа тема.
Has anyone moved the heat sensor.
https://translate.googleusercontent.com/translate_c?act=url&depth=1&hl=en&ie=UTF8&nv=1&prev=_t&rurl=translate.google.com&sl=auto&sp=nmt4&tl=en&u=http://lampopumput.info/foorumi/index.php/topic,4666.0.html?PHPSESSID=fg2gp1plug4fd5c4a4s86tg451&usg=ALkJrhizKXhIyOvgAOLZUGWRNUjWagtGhQ
Разлистувајќи ја темава забележав дека всушност, за правилно функционирање на аутофанот бар на моиве FH па верувам и на други клими е простор на внатрешната одозгора да биде колку што е можно поголем, и од страната од каде е сензорот за топлина да не блиску до ѕид бидејќи ако е така наместена, доаѓа до лоша циркулација на топлиот и ладноот воздух. Особено ако е поставена кон десен ѕид доаѓа до стапица на топлиот воздух и ја лаже климата дека е топло, што всушност не е.
Двете клими ми се поставени со сензорот од десна страна маалку залепени за ѕид с третата е на средина на соба и верувале или не работи како што треба аутофанот работи во 3-та и 4-та брзина.
Морам да признаам дека наајдобра работа на кинезиве е ifeel опцијата, климата користи податоци од далинското за температура и игнорира сензор горе кај неа.
Читајќи кај финциве поместувајќи го сензорот па и по 20 метри должина даваат податок дека работи совршено.
Решив еве и јас да тестирам во мојот дневен простор.
Mitsubishi веќе го имаат ова предвидено, исто и Daikin, исто и Toshiba и имаат извадено додаток за преместување на сензорот.
Еве го соодветниот модел за Митсу
PAC-SE41TS-E
https://rover.ebay.com/rover/0/0/0?mpre=https://www.ebay.com/ulk/itm/162728659039
Јас веќе порачав вакво, иако не е потребен, бидејќи ова е всушност кутиичка за држење на сензорот во неа, но поради естетика се решив да го купам.
Опцијата на финците е да го пресечат кабелчето и да залемат друго на него со селотејп па да продолжат. Секако опцијата сечење не доаѓаше во предвид кај мене поради тоа што се сите клими под гаранција и такво нешто ќе предизвикаше губење на гаранцијата.
Па ја отворив електронската кутиичка каде и што е врзан wifi уредот и најдов дека сензорчето излегува од таму врзано со џекче.
Слика од местото каде што треба да стои сензорчето.
Слика од самото џекче на сензорчето.
Слика од сондата на сензорот.
Најдобар кабел за прдолжување на сензорот е телефонски кабел, скоро иста дебелина, ист отпор.
Бидејќи не сакав да го сечам кабелот на сензорот морав да најдам начин да го поврзам телефонскиот кабел на електронската табла на климата.
Искористив две џекчиња од оние за рестарт и power на пц, ги стегнав малку и се вклопија одлично.
За да избегнам нивно допирање и да бидат стабилни ги залепив и наплнив џекчето со glue gun, како на сликата.
Glue gun е одлилна опција бидејќи е изолатор и ако го расчепкаш со ноктите излегува целосно и не остава штета и траг дека воопшто бил таму.
Од другата страна за поврзување на телефонскиот кабел со џекот на сондата искористив исто тенки пинови (машки) од мало вентилаторче од PC ги стиснав малку со клештата и влегоа во него како да биле направени за него.
Исто изолирав со глуе ган и од другата страна од истата причина спомената горе.
Морав да најдам начин да го прицврстам сензорот додека да дојде кутиичката од Митцубиши.
И најдов едно мало пластично кутиивче на кого избушив дупки да влегува воздух и ја прицврстив сондата во него, со глуе ган со тоа што сондата да не допира ништо туку да лебди.
Тестирав на неколку места и заклучив дека соодветното за мене е метро височина од под одма под климата маалку на лево.
Треба да биде наместено на место каде не е изложено на директно сонце, подалеку од извор на топлина (баш неутрално)
И какви се резултатите.
Еве видео од 7 минути.
Подесена на аутофан на 19 степени во соба оддржува 19 степени, зголемена температурата на 24 степени за околу 3-4-5 минути климата почнува да дува во 3 па и во 4 та брзина и брка температура без проблем.
Можам да дадам 100% точен податок дека со ваков мод аутофанот варира и регулира во сите брзини. И ако зададам 23 ќе направи 23, ако зададам 19 ќе направи 19.
И тоа ако од 19 зададам пример 24 ќе дува во 4 та брзина се додека да дојде до 22-23 па поднамалува во 3 та или втора, ако падне температурата 1-2 степени шалта во 3-та или 4 та.
Митсубишиво разлика од еве Фуџитсу коа менува брзини со аутофан тоа го прави попилека рамномерно за комфорт, споредбено еве со Фуџитсуто каде нагло менува брзини. Сепак тоа се две политики на два производитела.
Еве го видеово, каде се слуша брзината на дување на аутофанот на почетокот и после 3-4 минута каде е мислам во 3 та или 4 та брзина и се додека не постигне температура не престанува.
https://youtu.be/gJIWN2xTJHQ
Секој кој е малку хенди може да го изведе овој мод, и притоа да не загуби гаранција. Коа ќе дојде сервисерот може само да си го врати сензорчето, или ако го купи делот предвиден од Mitsubishi автоматски е нормално да подлежи под гаранција.
Се надевам ќе помогнам со овој пост, и ако може некој модератор да го стави како sticky за понатамошна помош на членовите, не само за оваа клима туку за сите други останати.
edit: Патем климата без проблем троши над до 2kw за дс го загрее просторот и ако не е загреан долго време може да влече 1.6-1.7 kw за да загрее како што видовте од видото.
Така да митот што го сервираат дека не може да повлече повеќе од 900w за да загрее, не е точен, бар не кај мене.
Моментална слика.
Зададена 22, чита 20.5-21 а температура во собата 21.9
Sent from my iPhone using Tapatalk