HBO, Cinemax и HBO Маx - Филмски тв пакет канали и стриминг платформа за гледање филмови и серии

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте претплатени на HBO каналите ?

  • Вкупно гласачи
    109
:facepalm:
Ох, човече, јас не знам зошто е толку тешко да разбереш - значи имате една претплата, така? Си имате HBO на телевизија, така? Значи, освен тоа, можеш да си направиш една регистрација на смартфон, и плус да додадеш уште еден уред, на пример - лап-топ. Значи САМО ДВАЈЦА МОЖЕ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ, НА ДВА РАЗЛИЧНИ УРЕДИ, НЕ МОЖЕ ПОВЕЌЕ. Значи уште еднаш: двајца може, тројца не, четворица не, петмина не и т.н. Со други зборови, може да гледате дома сите на телевизор, плус ти сам на твојот компјутер, плус брат ти на неговиот компјутер. Се надевам дека сега бев доволно сликовит. :P
Ок не се нервирај. Јас исто колку што разбрав може да се гледа истовремено на два смарт телевизора или на два други исти уреди. Не е важен уредот туку само бројот на уреди.
 
Има ли некој активирано ХБО ГО ?
 
Многу лоша сликата и на андроид бох и на ПЦ, нема никакво штелување како што можам да видам на андроид плеерите,
коди, пицкбоџ и иптв прска сликава, ама ГО ужасно лошо
Како е кај тебе?
 
Многу лоша сликата и на андроид бох и на ПЦ, нема никакво штелување како што можам да видам на андроид плеерите,
коди, пицкбоџ и иптв прска сликава, ама ГО ужасно лошо
Како е кај тебе?
Јас мислам дека тоа зависи од брзината на интернетот - сликата е супер кога не симнувам нешто и кога нема милион уреди приклучени на нет.
 
Јас мислам дека тоа зависи од брзината на интернетот - сликата е супер кога не симнувам нешто и кога нема милион уреди приклучени на нет.
Да зависи од брзината на интернетот. Јас иако имам HBO преку Телеком сеуште немам активирано HBO GO. Гледам има повеќе содржина ама не ме влече нешто да го користам моментално. Ако купам андроид телевизор ќе го инсталирам и користам тогаш здравје ако останам со HBO пакетот.
 
Пробај 1 месец бесплатно. Без обврски.
Отсега HBO GO е достапен директно. Пробај го бесплатниот период од еден месец и откажи кога сакаш. Потоа, можеш да продолжиш да ја користиш услугата по цена од 399,00 ден/месечно.

У превод што би се рекло достапен е и посебно без да мора да ги имаш кај некој оператор HBO каналите.
 
400den која сликата е кристално ужасна :D
 
Јас мислам дека тоа зависи од брзината на интернетот - сликата е супер кога не симнувам нешто и кога нема милион уреди приклучени на нет.

Од стабилноста повеќе него од брзината, нормално доколку имаш + 30 mbps нет, ако имаш 10-15, онда ти зависи и од брзината.
 
Сликата е сосема супер. Еднашгледав некој работи од категоријата бесплатно што ги имаат и супер си е сликата. Е сега не знам како е да се гледа на телевизор и дали имаат HD затоа што и не користам HBO GO.
 
Еве sceenshot-ови од рандом филмче од HBO GO, да видите каква е сликата на компјутер. Од телевизор не можам да направам screenshot, од објективни причини. :P

Screenshot_25.jpg Screenshot_27.jpg Screenshot_28.jpg

Screenshot_26.jpg
 
Мислам дека сликата зависи и до интернетот. Погоре имаше Psyside пишано за тоа.

На Телеком HBO OD сликата е џам.

Иначе мора во Македонија да поработаат и на аудио синхронизација на анимираните филмови како што во Хрватска и сигурно Србија имаат. Тоа би било одличен потег за помаливе деца кој потешко им е читање или за подобро учење на говорот на македонскиот јазик.
 
Па синхронизирани се. Или барем некои. Сега не знам за сите, еден куп ги има, ама Дора, Диего, Пожарникарот Сем се синхронизирани.
 
Па синхронизирани се. Или барем некои. Сега не знам за сите, еден куп ги има, ама Дора, Диего, Пожарникарот Сем се синхронизирани.
Мислев на HBO понудата на анимирани филмови. У Хрватска знам дека се со хрватско аудио сите анимирани филмови на HBO.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom