HBO, Cinemax и HBO Маx - Филмски тв пакет канали и стриминг платформа за гледање филмови и серии

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте претплатени на HBO каналите ?

  • Вкупно гласачи
    109
Во Унгарија и во Унгарија од одамна го имало HBO 3 и HBO 2 a сега они добиваат HBO Comedy наместо HBO 3.

Туку кога ќе почне HBO 3 од утре кај нас со македонски превод мислам дека ќе има бесплатно 2-3 дена гага.

Иначе како што прочитав коментар на Македонски Телеком на фејсбук се планира и HBO HD кај нив но кога точно не пишале.
 
Последно уредено:
HBO 3 е пуштен на МАКС ТВ моментално. Има програма ама пошто го неам пакетот не знам до кога ќе трае.
 
HBO 3 е пуштен на МАКС ТВ моментално. Има програма ама пошто го неам пакетот не знам до кога ќе трае.
До 28 - ми што значи 3 дена ти е бесплатно да гледаш..

И сега новата сезона на Игра на Тронови ќе оди на HBO 3 или на првиот HBO канал ?
 
Последно уредено:
HBO3 ќе има серии само и мислам, документарци. Али мешано нови и стари серии, гледав и РИм почнаа да ја даваат.

Ок е, не ме влече до толку да го земам пакетот. Доволни ми беа два HBO канала и претходно. Дури и премиерите да идат таму, што чистао сумњам, и така ги гледам на интернет истите, ништо не ми скратиле дечкиве од сервисов :D.
 
Не гледам серии али глупо е ако нема HBO 3 премиера на серии. Би сакал HBO првиот програм да тотално ги исфрли сериите и да тие се префрлат на HBO 3 и да се прикажуваат само таму.
 
Иако сум на близу и ги немам овие нканали амислам ни нема опција да се додадат - мислам дека се џабе давање пари за овие канали барем... пошто сериите и филмовите воопшто што ги даваат на HBO ги имате на торент искочени поодамна така да.... се што има на HBG го има претходно на торент
 
Уште ништо од HBO GO во Македонија нити па Cinemax a нема уште ни HBO HD освен кај Тотал тв мислам дека има.

Ај ќе разберам некако Cinemax ама што толку чекаат за HBO GO и HD за сите три канали ?
 
Изгледа за брзо време ќе пуштат HBO GO од Телеком

Кога ќе влезете на сајтот HBO GO има опција за регистрирање преку Телеком и гледам таму пишува повеќе информации на https://www.telekom.mk/hbo-go.nspx , влегувам јас на тој дел од сајтот и ја видов сликава :)
UPISt6G.jpg

На регистрацијата пишува Магента 1 и 3 макс, но сеуште нема официјални информации.

Jaс имам HBO пакет на Макс тв и се надевам дека деновиве ќе излезат со подетални информации околу ова. Дај боже да се информациите дека е без дополнителни плаќања ова за сите корисници на HBO пакетот.
 
Последно уредено:
Ја најдов темава, конечно! :P
Со 3 Max и Magenta 1 (и нормално, претплата за HBO пакетот), од денес конечно HBO GO достапен во Македонија. Јас веќе си се регистрирав на лаптоп и на мобилен. :aplauz:

Знам дека имаше тема за ова, ама некако не ми оди со search-ов на форумов, дефинитивно. Ако ја најдам, ќе го пишам ова и таму.
 
Дали може цело семејство посебно секој да се регистрира на HBO GO ?
Брат ми е на Магента пакет со нас во семејството но се ожени и се пресели да живее во друг стан каде има Макс тв но нема HBO пакет. Дали он ќе може да го користи HBO GO ?
 
Еден претплатник може да гледа на 2 уреди, колку што знам јас. Тоа што он е на MaxTV ништо не значи, штом нема претплата за HBO пакет. Ама ако вие имате, можете едниот уред кај вас, другиот кај брат ти. ;)
 
Мене ми е дали може сите во семејството поединечно секој своја регистрација т.е кориснички профил да си направи како што тоа може на Кајгана форумов или мора само еден корисник да се регистрира ?
 
Мене ми е дали може сите во семејството поединечно секој своја регистрација т.е кориснички профил да си направи како што тоа може на Кајгана форумов или мора само еден корисник да се регистрира ?
Абре ти кажувам дека само двајца може да гледаат со една претплата. Не може сите во семејството, значи, само двајца.
 
Абре ти кажувам дека само двајца може да гледаат со една претплата. Не може сите во семејството, значи, само двајца.
Ок. Значи не може да се регистрираат двајца од едно семјество посебно на една претплата. Штета :(
 
Ок. Значи не може да се регистрираат двајца посебно на услугата. Штета :(
:facepalm:
Ох, човече, јас не знам зошто е толку тешко да разбереш - значи имате една претплата, така? Си имате HBO на телевизија, така? Значи, освен тоа, можеш да си направиш една регистрација на смартфон, и плус да додадеш уште еден уред, на пример - лап-топ. Значи САМО ДВАЈЦА МОЖЕ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ, НА ДВА РАЗЛИЧНИ УРЕДИ, НЕ МОЖЕ ПОВЕЌЕ. Значи уште еднаш: двајца може, тројца не, четворица не, петмина не и т.н. Со други зборови, може да гледате дома сите на телевизор, плус ти сам на твојот компјутер, плус брат ти на неговиот компјутер. Се надевам дека сега бев доволно сликовит. :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom