Јас искрено очекував дека за Линделоф ќе се отвори предмет на дискусија зошто влезе братот со отворен ѓон без разлика дали имал или немал намера го собра јако и сета среќа што не заврши со посериозна повреда Кнокарт (Нокарт...како и да е). На прва наликуваше на чист старт, ама по репризите се виде дека му влезе со отворен ѓон.
А ситуации како Лукаку има често пати во тек на натпревар. Дуел игра каде при прекин едниот му досаѓа на другиот со влечење,пратење, туркање и сл, па другиов дали ќе го отурне со рака или ќе изреагира како Лукаку е начин како е фрустриран секако во рамки да не настане физички контакт што ќе го повреди противниот. Отпосле дуел често се случува на натпревари противникот да му се врати и да го турни со рака или еве во пад со нога да го оттурне од него,сопни и сл. според мене не е толку сериозно за да се заседава за црвен или суспензија.
Ако се казнеше Лукаку, според мене логично е по секој меч да се бараат сите вакви дуели и мавај казни и суспензии. Па на времето кога ќе се сетам пр. Кин, требало скоро на секој втор натпревар да е санкциониран.