Premier League - Season 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

#МукиАут

  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Violent conduct, секако дека ќе добие три меча и сигурно ако судијата го видеше немаше да му даде жолт туку ќе го исклучеше. Намерен удар, не ми е јасно како можи да не добие црвен картон.
Да не претеруваме. :)

Го оттурнува со нозе, демек "откачи ми се од грбот". Се знае шо е за црвен, лакт/бокс во лице, нагазнување или удар со отворен ѓон на коска и слично.
 
Не го закачи затоа не верувам да има суспензија од три меча. За намерата може да му дадат 1.
 
Со левата не го закачи?
Ај ако не нека не му дадат :pos::pos:

Ради вакви фанови сакам да му закачат 4-5 меча па да биде уште посмешно.

Не гледам убаво од телефон и ова делува како со морков да е снимано ама ако го закачил нека му дадат и 3 и 5 и 7, не се противам јас :) Памет за друг пат се вика тоа.
 
Ништо не му направи, пак ќе кажам нема потреба да драматизираме. Од една страна плачеме оти во фудбалот се насобрале балетани и дајвери, од друга страна некој кога игра малце погрубо одма 3 меча бан .

Милион посто сум сигурен оти ќе добиеше само жолт и да го видеше судијата. Ете нека го казнат една утакмица за намерата како што вели Фросе, ама 3 меча е смешно. :)
 
Последно уредено:
3 меча е минимум за вакво нешто, тие ако се судии треба 5 да му дадат, можеше многу сериозно да го повреди другиот играч.
 
Не се сите тројца судии, еден е. Другите се екс менаџер и екс играч и за да биде донесена одлука за казна треба сите тројца да се согласат.
 
Ништо не му направи, пак ќе кажам нема потреба да драматизираме. Од една страна плачеме оти во фудбалот се насобрале балетани и дајвери, од друга страна некој кога игра малце погрубо одма 3 меча бан .

Милион посто сум сигурен оти ќе добиеше само жолт и да го видеше судијата. Ете нека го казнат една утакмица за намерата како што вели Фросе, ама 3 меча е смешно. :)

Има разлика помеѓу играње грубо и мавање без потреба.За кој кур клоца ко коњ со нозете, се гледа дека има намера да удри противнички играч.
 
Ништо не му направи, пак ќе кажам нема потреба да драматизираме. Од една страна плачеме оти во фудбалот се насобрале балетани и дајвери, од друга страна некој кога игра малце погрубо одма 3 меча бан .

Милион посто сум сигурен оти ќе добиеше само жолт и да го видеше судијата. Ете нека го казнат една утакмица за намерата како што вели Фросе, ама 3 меча е смешно. :)
Ми стигна нотификација од Скај дека нема да има казна за Лукаку :icon_lol: :icon_lol:

Да го закачеше ќе го казнеа ама штом Бонг на видеоно си оди како ништо да не се десило, не гледам да му го попречи движењето, нема веројатно основа за казна.

Со левата не го закачи?
Брат, ако го подзакачеше и минимално Бонг до толку немаше воопшто да реагира и да се прави како да не се случило ништо??

Правите од мравка слон за ситуацијава. И сметам дека не ни треба да се казни без разлика каква намера имал во ситуацијата кога не ни дојде до контакт. Ако се фати за вакви смешки да се делат суспензии тогаш секое отурнување од играч при напнати ситуации треба со црвен да се санкционира. Вакви дуели има еден куп при корнер каде противникот и би го отурнал противникот и физички со рака или нога, и ајде сега ако не забележи судијата суспензија, а ако забележи што? Црвен?

Чисто илустративно Ибра на истиов го фрли 2 метра да паси трева и помина само со фаул и без жолт.

Ако се прашувам јас повеќе Линделоф заслужува суспензија за остриот старт врз Кнокарт кој помина и без фаул отколку оваа смешка со Лукаку.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Ja па мислам обратно, она што го направи Лукаку е намерно, а на Викторче беше 50/50 дуел. Да стигнеше Нокарт или како и да се вика прв до топката, тој ке му ја однесеше ногата на Линделоф. Она на Лукаку е сосема непотребно, намерно и глупо.

Патем, туркаш со рака, а не со нога.
 
Реков де...без разлика на намера немаше физички контакт. А Линделоф му влезе во старт со отворен ѓон и беше многу поопасен старт без разлика што прв стигна на топка.

И не биди буквалиста ...знам дека туркање е со рака ама читај и физички дуел со рака и нога во постот.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Реков де...без разлика на намера немаше физички контакт. А Линделоф му влезе во старт со отворен ѓон и беше многу поопасен старт без разлика што прв стигна на топка.

И не биди буквалиста ...знам дека туркање е со рака ама читај и физички дуел со рака и нога во постот.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk

Дали има контакт или не, е дискутабилно, иако ми се чини дека Сонг се фати за стомак.

Сколс го исклучија кога се обиде да му акне бокс на Чаби Алонсо, а го промаши. Дали има физички контакт или не, е небитно, ако потегот е опасен.

Пак ке кажам, она што го направи Лукаку, не е туркање, особено вториот обид да го удри противникот. Се гледа дека има фрустрација кај него, и ми е страв дека ке попие црвен за некој глуп потег.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom