Premier League - Season 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

#МукиАут


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Тотално незаслужена победа денес, безидејна игра, само високи топки рогаа напред, да не правам муабет колку беше на среќа голот. Плус и лигата веќе не само што се навикна туку и функционира по негов терк, кога сака свират пенал за него (незаслужен денес) и сите други можни комбинации во кои судиите бесрамно помагаат да дојде до 3 бода. Стварно нефер третман према второпласираниот тим кој блеска со својата игра и покрај субјективноста на одредени структури во ФА гордо и чесно се бори со очигледно форсираните комшии од синиот дел на градот. Не сакам да прејудицирам ништо, ама веќе е очигледно дека сезонава е се наместено и само формално се одигруваат колата.
Сега знаеш како ни беше цел живот да ве слушаме како кукате за Fergie Association :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
На повторената снимка од пеналот се гледа дека фаулот почнува надвор од 16. Во мое време тоа ќе беше само слободен надвор од 16!
Разбира се, освен ако судијата не е убеден во нешто друго;)! Или од тогаш се има сменето нешто во таа смисла?
 
Подеднакво тажно ко сега кога ќе прочитам навивач на Јунајтед да се буни за судии :D
Потажни бевте вие. Стварно мислевте дека 20 и кусур години немате ПЛ oти Фергусон ги држел судиите. :ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Не, не. Јас мислам дека овој тим на Сити, многу веројатно шампионски, најдобриот е во историјата на лигата. Вакво нешто не е видено. Посед, атрактивност, лепршавост. Во зависност од моментумот, ќе извлечам заклучок. Бидејќи се случува сега, го живеам. Каков Мурињов Челзи од 2004, каков Фергусонов Манчестер со Роналдо и Руни, каков Челзи со Анчелоти (постигнати 113 голови и по две победи дома-гости против Јунајтед, Ливерпул и Арсенал), а особено каков Венгеров, непобедлив цела сезона Арсенал.
Ништо од тоа.

Сити е навистина феноменален сезонава. Ама дај намалете со драматичност и игнорирање на историјата (и тоа каква, на Премиер Лига во последниве 15 години). Имајте малку почит.
 
Дека заслужено си се Сити први, се. Дека имаат судиски одлуки во нивна корист, имаат.

Им дадоа гол на Арсенал од 2 метра офсајд. Компани против Лестер доби само жолт за старт како последен во одбрана во 5-та минута. Пеналот на Стерлинг против Арсенал и Барнли, сомнителни во најмала рака.
 
Имаше судиски одлуки и во корист на Јунајтед, Арсенал, Челзи, Тотенхем... Тоа што Манчестер Јунајтед игра како фудбалерите првпат да се сретнуваат во живо на терен, а оние на Сити везат како од деца заедно да тренирале во Барселона... е заслуга на Мурињо и Гвардиола.
 
Резултатот го реши наивниот потег на Тарковски ми се чини.Чист пенал нема збор.
Од друга страна повторно мизерни Арсенал,Барнли беше најмалку израмнет противник.Енигма е што се случува со овој состав на гостинските натпревари.
 
Хахахахаха три меча ако може да го казнат за нешто за што би добил жолт картон во случај да го приметил судијата, секоја чест. :D
 
Хахахахаха три меча ако може да го казнат за нешто за што би добил жолт картон во случај да го приметил судијата, секоја чест. :D

Violent conduct, секако дека ќе добие три меча и сигурно ако судијата го видеше немаше да му даде жолт туку ќе го исклучеше. Намерен удар, не ми е јасно како можи да не добие црвен картон.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom