Најекономично греење и ладење

Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.415
Поени од реакции
5.371
Блиц прашање: Кое од овие две е поефикасно за притоплување?

Маслен радијатор 2KW

VS.
Панелен конвектор 2KW
 
Член од
21 октомври 2016
Мислења
527
Поени од реакции
677
Маслениот пошто има акумулирана енергија.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ме интересира дали и со која инверт. клима би можел да го загреам простор од спална и дневна (без тоалет ходник и другата соба), поставен на позицијата над прозор?
upload_2017-11-24_2-9-59.png

Во фаза на припрема сум за пирспособување на простор за живеење, па ова го гледам како приоритет.[DOUBLEPOST=1511486106][/DOUBLEPOST]Мисир, забораив да пишам квадратура. Целиот простор е 50 метри квадратни, тоа што го планирам за загревање е не повеќе од 35.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Ме интересира дали и со која инверт. клима би можел да го загреам простор од спална и дневна (без тоалет ходник и другата соба), поставен на позицијата над прозор?
Прегледај го приврзокот 180700

Мислам најстручен и најбрз одговор ќе добиеш на IT форумот, оваа тема.
 
Член од
5 октомври 2016
Мислења
95
Поени од реакции
407
Ме интересира дали и со која инверт. клима би можел да го загреам простор од спална и дневна (без тоалет ходник и другата соба), поставен на позицијата над прозор?
Прегледај го приврзокот 180700

Во фаза на припрема сум за пирспособување на простор за живеење, па ова го гледам како приоритет.[DOUBLEPOST=1511486106][/DOUBLEPOST]Мисир, забораив да пишам квадратура. Целиот простор е 50 метри квадратни, тоа што го планирам за загревање е не повеќе од 35.
Заборави исто да кажеш дали се работи за куќа или стан, претпоставувам стан е.
Јас би заборавил на евтина 5.5кв, ќе ве оддува, бидејќи ќе седите под неа. Зависи и колкав ти е буџетот.
Gree Lomo LCLH би бил добар минимум за 31К. Многу задоволни корисници, кои греат 30 - 35 м2 дури и во куќи, но тоа е сепак силување.
Hansol (-20C) исто од Гри се продава по одлична цена од 40К. Гледај на неа како предимензионирана 3.5-ка со одличен Sanyo компресор и мислам дека е најголем Best Buy во моментов.
Двете се со греачи на компресор и тацна, ќе работат без проблем и при длабоки минуси.

Ако си спремен да плукнеш екстра пари и да добиеш екстра квалитет, имаш Gree Amber Nordic за 50К, Mitsubishi FH35VE за 63К. Сигурно има и некој добар модел на Toshiba или Fujitsu, но нив не ги пратам многу затоа што се нереално скапи за тоа што го нудат, IMHO.

Генерално кинезите нудат многу повеќе за парите, особено во нискиот ценовен сегмент. Ако се одлучиш за Gree, тука на форумов го имаш @Strelec кој може да ти обезбеди екстра попуст.
Монтажата е исто многу важна како и изборот на клима. Јас би ти го препорачал маестро @kodus. За среќа и тој е дел од форумов, а можеш да се консултираш со него и за избор на клима. Човекот монтирал, сервисирал илјадници клими и сигурно знае што е што, за разлика од многу теоретичари тука. :)
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2016
Мислења
527
Поени од реакции
677
Ме интересира дали и со која инверт. клима би можел да го загреам простор од спална и дневна (без тоалет ходник и другата соба), поставен на позицијата над прозор?
Прегледај го приврзокот 180700

Во фаза на припрема сум за пирспособување на простор за живеење, па ова го гледам како приоритет.[DOUBLEPOST=1511486106][/DOUBLEPOST]Мисир, забораив да пишам квадратура. Целиот простор е 50 метри квадратни, тоа што го планирам за загревање е не повеќе од 35.
Извини, да не се работи за стан во Голден арт?

Sent from my Lenovo TB2-X30F using Tapatalk
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Se slagam deka se zajde so diskusijata inicirana so problemot na nasiot klime i poveke stranici bea nagagjanje i glushenje ama na kraj sepak isprovociraa odnosno proizvedoa edna dve stranici dobri objasnuvanja i podatoci koi se korisni za site nas..
Sve toa sto spomnuvas "пвц, дограма, кондензација, изолација" ima vrska so најекономично затоплување isto kolku izvorot na toplina ili najdiskutiraniot tuka inverter neli..
И јас се сложувам дека тоа се корисни информации кои имаат допирна точка со темата, но сепак не се за тука, подобро да се префрлат во посебни, соодветни теми, кај што би било попрегледно за некој кој што специјално е заинтересиран за проблемот со кондензацијата... а и можеби и други членови ќе се вклучат во дискусиите. Али ок, гледам дека никој не се побуни, а и модераторите дозволуваат, така да... терајте :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.308
Поени од реакции
15.544
Ме интересира дали и со која инверт. клима би можел да го загреам простор од спална и дневна (без тоалет ходник и другата соба), поставен на позицијата над прозор?
Прегледај го приврзокот 180700

Во фаза на припрема сум за пирспособување на простор за живеење, па ова го гледам како приоритет.[DOUBLEPOST=1511486106][/DOUBLEPOST]Мисир, забораив да пишам квадратура. Целиот простор е 50 метри квадратни, тоа што го планирам за загревање е не повеќе од 35.
Дали ќе имаш простор да ја ставиш над прозор?
 
Член од
27 август 2016
Мислења
161
Поени од реакции
155
Блиц прашање: Кое од овие две е поефикасно за притоплување?

Маслен радијатор 2KW

VS.
Панелен конвектор 2KW
Панелен конвектор.Ова го кажувам од искуство се имам греено (и сеуште ги имам :) ) и едниот и другиот.Маслениот радиатор долго време му треба да ја загрее просторијата (како и секое парно предвидено е да работи без исклучување за да имаш бенефит).За разлика од него конвекторот многу бргу го загрева просторот и има подобро распоредување на топлината, така е дизајниран да има природно и ефикасно струење на воздухот.Само ако купуваш немој како овој на сликава т.е. кинезарија (Нео,Фуего,Теси и сл.).Моја пропорака е францускиот Термор дупло е поскап од кинезиве ама го вреди секој денар.Добрите конвектори имаат вградено прецизен термостат на влезот на ладниот воздух од долната страна и така обезбедува константна температура во просторијата.Додека кај кинеските термостатот е поставен на грејачот (што е поентата незнам :) ) и нема никакава регулација на собната температура.
 
Член од
25 мај 2017
Мислења
84
Поени од реакции
244
Блиц прашање: Кое од овие две е поефикасно за притоплување?

Маслен радијатор 2KW
VS.
Панелен конвектор 2KW
Маслен радијатор, дефинитивно ! Имам 4 маслени радијатори и 2 ѓубриња панелни конектори демек од скапите Atlantic i Thermor од по 2.5KW со прецизни електронски термостати бла бла бла , кои во реалноста се само една лимена лесна тенекија со минијатурен грејач !
Маслениот радијатор, brand, тежок, со мрсни 13-14 ребра грее споро ама сигурно и квалитетно. Има „1“ еден грејач (најчесто 800w-1kw),„ 2“ вториот грејач(1.2kw-1.5kw) и двата заедно (2.5 - 3KW). Некои радијатори имаат и додатен вентилатор од 400w кој брзо откажува при постојано користење. Нема никаква потреба да го исклучуваш затоа што си има термостат ! Маслото во радијаторот има голем топлински капацитет, грее и неколку минути откако термостатот ќе го исклучи радијаторот, за разлика од ѓубрињата панелен конвектор кое истата секунда кога ќе се исклучи станува мраз ладно. Маслениот радијатор грее подобро, повеќе и за помалку пари и е далеку најдоброто и најбезбедно грејно тело од уредите со cop 1 :D
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.085
Поени од реакции
1.191
+1 и од мене за маслениот радијатор[DOUBLEPOST=1511521076][/DOUBLEPOST]+1 и од мене за маслениот радијатор
 
Член од
5 октомври 2016
Мислења
95
Поени од реакции
407
Дечки, да не сте бегале од часови по физика во основно? :)
Енергијата не може да исчезне, може само да го промени својот облик.

Маслени радијатори, панелки, калорифери од Бриколаж за 600 ден., сите имаат COP 1 - 1кв ел. енергија = 1кв топлинска, крај на муабетот.

Маслениот радијатор има инертност, но тоа не го прави подобар/полош. Ќе изгуби 10 мин. да се загрее до работна температура, но ќе оддава топлина 10 мин. откако ќе биде исклучен. На панелката ќе и бидат потребни само 2 мин., а калориферот скоро и да нема инерција.

Тоа што вие субјективно го чувствувате е типот на енергија што е различен кај сите овие грејни тела. Според конструкцијата и начинот на работа, радијаторот освен што го загрева воздухот, голем дел од топлината ја предава како зрачење/радијација (radiant heat). Панелката многу помал дел го испорачува како radiant heat, а највеќе преку затоплување на воздухот (convection). Калориферот го грее само воздухот, нема радијациско греење...

Има и голем број грејни тела што топлината ја предаваат во најголем дел по пат на инфрацрвено зрачење: кварцни греалки, панелни плочи од метал, мермер и т.н.

Секој преферира различни типови на топлина и од таму субјективизмот. Некој сака да го зрачи калиева печка (според мене врв во тој тип на греење), а некој сака да му биде подеднакво топол воздухот во целиот простор (калорифер, клима, панелка)...

Сепак да не забораваме, климата има COP поголем од еден (3.5 - 7) и затоа е економичен начин на греење (не и единствен).
 
Член од
2 март 2017
Мислења
1.396
Поени од реакции
441
Некој сака да го зрачи калиева печка (според мене врв во тој тип на греење)
Kolku sto znam nema kalievi pecki da se kupat na novo ima povolni po oglasive no novi mislam ne se proizveduvaat inaku tocno se odlicni za greenje no ne se ekonomicni
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Панел и маслен радијатор имаат скоро иста моќност. А гледам никој не ја спомна единствената предност на маслениот радијатор. Тоа е термоакумулација. И тоа е и поентата на маслен радијатор. https://en.wikipedia.org/wiki/Oil_heater

Значи доколку се впари со добар неделен термостат и тајмер маслениот радијатор може да се користи малку поефикасно од панел. На пример со термостатот да се подеси максимална термоакумулација во часовите пред почеток на скапа тарифа. Конкретно од 5-7ч изутрина, и 14-16ч попладне. Со тоа што дел од таа акумулирана топлина ќе ја оддаде во наредниот час кога е скапа струја. Со што привидно би работел повеќе KWh на ефтина струја. Нешто слично на термоакумулациона печка.

Сепак темата е Најекономично греење, а овие начини на греење се 2-3 пати понеефикасни од топлински пумпи и инвертери - така што дискусијата е само од информативен карактер, без да се споменува дека се ефикасни уреди.
 
Член од
2 март 2017
Мислења
1.396
Поени од реакции
441
Сепак да не забораваме, климата има COP поголем од еден (3.5 - 7) и затоа е економичен начин на греење (не и единствен).
Osven na klimite inverter so golem COP na koj drugi uredi mislis deka imaat visok slicen COP so klima inverterite?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom