- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 1.397
- Поени од реакции
- 1.886
Никако ете како.Како климата го суши воздухот во зима, нели во лето кондензира внатрешната а во зимо надворешната единица? Или нешто не сум доразбрал до крај.
Кога се крева температурата на воздухот тој има поголем капацитет да одржи водена пареа.
Значи ако во една соба има 3 литри вода во воздухот на 19ц и исто толку 3 литри на 26 степени во првиот случај влажноста е 60%, а во вториот 40%.
Значи потполно истото количество вода прави да има привидна разлика во релативната влажност.
Тоа е за било какво греење.
Инаку клима не го суши воздухот.
Сушење алишта зимно време прави одлично навлажнување на воздухот. И ароматизација истовремено. Комбинирано со клима уред за економично загревање и карбонски филтер за прочистување на воздухот е совршена комбинација за свеж и топол дом.

