Економска политика на Македонија

Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Иако има репутација за „иселеничка партија“, членството на ВМРО-ДПМНЕ сепак се состои углавном од луѓе кои или живееле во комунистичка Југославија, или се деца на луѓе од комунистичка Југославија. Колку и да се чувствуваат инстинктивно десни, за беља, повеќето луѓе не се свесни до кој нечовечен степен е продрен социјалистичкиот дух длабоко во нивната потсвест. Преку механизмите за индоктринација наречени „медиуми“, „образование“ и „култура“, луѓето уште во младоста се обликувани во крипто-агенти на левите идеологии, иако тие самите можат да се сметаат за центристи или левичари [sic.]. Оттаму имаме ситуација да наводно конзервативната ВМРО-ДПМНЕ стане партијата која нуди бесплатен јавен превоз на пензионерите, вработува десетици илјади членови во државната администрација и постојано ги напумпува субвенциите за земјоделците – дејствија кои се типично социјал-демократски и неприфатливи во десничарската доктрина. Не само народот, туку членството на ВМРО-ДПМНЕ ги бараше овие работи од горниот ешалон, како замена за нивното преќутно одобрување на корупцијата и криминалот. Кажете ми, како е возможна реформа на организација која е трула од дното нагоре?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Од неговата книга си заклучил: дека Грујо не е од кај Тупурко дојден, дека Грујо не бил во Србија да го поднаучат што треба, дека економските потези на Грујо се капиталистички итн итн . А НЕ ти текна дека Љубче може да има селективна меморија и лаже :P :pos:

Ѓорѓи ајде признај зашто му прости на системот кој ти ги уништил предците.

Тука имаш интересни информации да видиш како вас "патриотите" лесно ве манипулираат и тоа за ефтини пари http://kotle.ca/kolumni

Како бе после да не ги стрижеш како овци ова "патриотите" кога толку акал имаат.
УДБА ти ја ебавала фамилијата а сега со сите сили ја браниш, или лажеш дека на дедо ти му одземале или лејка имаш на раменици.

http://www.plusinfo.mk/vest/27115/nikola-gruevski-cestito-17-godishen-jubilej-od-zaclenuvanjeto-vo-demokrtska-alternativa

http://novatv.mk/nikola-gruevski-od-bokser-vo-lesna-do-avtokrat-vo-teshka-kategorija/
Да не си залутал со умот? Си изнапишал еден куп работи, линкови.. Нема потреба. И за Љубчо си „залауфал“, и за претци, УДБА... Боже.. Кои претци ми ги уништил системот? Да не бладаш?
 
B

Bafra

Гостин
Да не си залутал со умот? Си изнапишал еден куп работи, линкови.. Нема потреба. И за Љубчо си „залауфал“, и за претци, УДБА... Боже.. Кои претци ми ги уништил системот? Да не бладаш?
Па нели комунистите на татко ти или дедо ти им одземале имот ??
Или заборави што си лажел, како што кажуваше дека си мултитален во професии, те правник те информатичар.
:lolzz::lolzz:
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Еднаш викаш остави пазарот сам да функционира другпат прогресивен данок.... неможе јаре и паре. Нешто ги мешаш работи.... а тоа е зашто НИКОГАШ не сте рекле да се НАМАЛИ буџетот. Не мешај богати и средна класа со криминалци, олигарси, корумпирани политичари и сл.


Економија и социјално еднакво е НЕПРИРОДНО. Еднакви само по закон треба да сме, по се друго се разликуваме. Овозможи им на посиромашните да станат побогати а не обратно.

https://www.youtube.com/watch?v=MRpEV2tmYz4
Тоа што ти го пропагираш ти е суров капитализам, survival of the fittest. Ги гледаме бенефитите денес од таквиот пристап, неколку богати и корпорации кои го владеат светот и еден куп сиромашни и задолжени.
Концептот на социјална или класна еднаквост што ти го споменуваш е изумрена идеологија, самите сме сведоци дека не функционира, бевме дел од таква држава. Она што јас го зборувам е социјална правда, каде што заедно ќе можат да коегзистираат и богатите и посиромашните и на тој начин ќе се создаде и средна класа. Тогаш кога најбогатите 2% ќе вратат дел од своето богатство кон државата која што му овозможила да се збогатат. Денес имаме ситуација на неконтолирано богатење на една група луѓе кои не враќаат ништо назад кон опшеството кое ги направило богати. Кон тоа се залага концептот на социјална правда, на правична распределба (не еднаква) на богатството со што би се овозможила еднаква шанса како што велиш и ти "сиромашните да станат побогати".

Инаку кај нас не постојат вистински претприемачи, постојат криминалци и сиромашни. Мнозинството се олигарси и криминалци кои се збогатиле преку ноќ. За мене претприемач е оној што почнал од нула, некој кој зел кредит од банка и ја заложил куќата под хипотека, кој влегол во ризик и ноќе не спие од стрес, напорно работи и му требаат години и години контиуирани ивестиции и реинвестирање на добивката за да достигне некакво ниво на рентабилно работење. Колкумина познаваш такви во Македонија? Зборувам за сериозни претприемачи.
Во нив не спаѓаат транзициони богаташи кои зеле фабрика за беспари, разработен бизнис и инфраструктура. Кај нас ваквите се мнозинство и се во топ најбогати. Се збогатиле со национални добра кои го добиле на поклон. Јас не знам како е ова "овозможи му на сиромашните да станат побогати".
Остај ти теоретичари, економијата е жива материја. Она што функционира во САД и Германија не значи дека ќе функционира и кај нас.
Ние треба да формираме модел прилагоден на нашите услови а не да копираме се од учебник.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Па нели комунистите на татко ти или дедо ти им одземале имот ??
Или заборави што си лажел, како што кажуваше дека си мултитален во професии, те правник те информатичар.
Очигледно дека не знаеш да водиш нормален разговор. Скокаш. Правник не сум, никогаш не сум рекол. Ниту дека сум мултиталент во професии. Мојата струка е информатиката, сум го кажал тоа. Инженер по информатика сум. За комунистите сум кажал дека на дедо ми му го одзеле дуќанот, бизнисот кој го развивал повеќе години, 10-15.. не знам точно. Но не реков дека ми ги уништиле претците. Не измислувај за да не бидеш третиран како несериозен соговорник.
А комунистите имаат голем грев што на домаќини луѓе им одземаа. Чесно заработено. Некои и на печалба.
 
B

Bafra

Гостин
Тоа што ти го пропагираш ти е суров капитализам, survival of the fittest. Ги гледаме бенефитите денес од таквиот пристап, неколку богати и корпорации кои го владеат светот и еден куп сиромашни и задолжени.
Концептот на социјална или класна еднаквост што ти го споменуваш е изумрена идеологија, самите сме сведоци дека не функционира, бевме дел од таква држава. Она што јас го зборувам е социјална правда, каде што заедно ќе можат да коегзистираат и богатите и посиромашните и на тој начин ќе се создаде и средна класа. Тогаш кога најбогатите 2% ќе вратат дел од своето богатство кон државата која што му овозможила да се збогатат.
Што пропагирам јас .... јас само кажав НЕ за прогресивен данок, туку НАМАЛИ ебаниот БУЏЕТ. Се друго ти млатење слама, пишувано е на темава, пролистај да не се повторуваме.

Јас не спомнувам социјална или класна еднаквост, ТИ спомна и го оправдуваше воведувањето на прогресивен данок.

Ти исто спомнуваш
Тогаш кога најбогатите 2% ќе вратат дел од своето богатство кон државата која што му овозможила да се збогатат.
Зашто да вратат кон државата ? Како им овозможила државата со милион закони и регулации... Кој ти гарантира дека тие вратени пари Грујо или Зајко дека ќе ги потрошат наменски и праведно.
Абе вие државата како мајка и татко ја гледате, очекувате нешто да ви даде, затоа вакви глупости пишувате :facepalm:

Заедно да коегзистирале богати и сиромашни и од нив ќе настанала средната класа при тоа да имало прогресивен данок итн итн епа со среќа во спроведувањето :P

За комунистите сум кажал дека на дедо ми му го одзеле дуќанот, бизнисот кој го развивал повеќе години, 10-15.. не знам точно. Но не реков дека ми ги уништиле претците. Не измислувај за да не бидеш третиран како несериозен соговорник.
Значи системот ви одземал, така што НЕ измислувам
Тоа одземањето што цел живот некој го создавал не е уништување ???
Јас се извинувам, незнаев дека после тоа убаво сте живееле :cuc:

Ај кажи сега што доби од системот што толку го браниш, што си таков буљаш, биди маж и кажи ни вратија тоа и тоа, добив тендер, работа.. Тоа не е ни лошо ни за срамота.
Срамота е да пљукаш по системот во кој живеел дедо ти, а да величиш истиот систем во кој ти сега живееш ;)
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Што пропагирам јас .... јас само кажав НЕ за прогресивен данок, туку НАМАЛИ ебаниот БУЏЕТ. Се друго ти млатење слама, пишувано е на темава, пролистај да не се повторуваме.

Јас не спомнувам социјална или класна еднаквост, ТИ спомна и го оправдуваше воведувањето на прогресивен данок.

Ти исто спомнуваш
Море чоек дај олади малку и не читај меѓу редови. Читате како што ви одговара и после Цацко ви е крив. Најди еден дел каде што споменувам оданочување со прогресивен данок на средна класа. Гледаш дека упорно верглам топ најбогати, олигарси, 2% најбогати...никаде не споменав оданочување на средна класа која патем е изумрена кај нас и со рамен и со крив данок, правоаголен, каков сакаш, факт е дека кај нас не постои средна класа, тоа е ендемски вид насекаде, не само кај нас.
Јас го оправдувам само до тука прогресивниот данок а дека кај нас не постојат услови тоа да се спроведе исто така е факт а не дека прогресивниот данок е толку лош колку што не се спремни институциите кај нас за таков предизвик.

Зашто да вратат кон државата ? Како им овозможила државата со милион закони и регулации... Кој ти гарантира дека тие вратени пари Грујо или Зајко дека ќе ги потрошат наменски и праведно.
Абе вие државата како мајка и татко ја гледате, очекувате нешто да ви даде, затоа вакви глупости пишувате :facepalm:

Заедно да коегзистирале богати и сиромашни и од нив ќе настанала средната класа при тоа да имало прогресивен данок итн итн епа со среќа во спроведувањето :P
Тука правиме муабет како треба, за тоа како не треба сите знаеме. Баш поради ваквите ставови сме на ова дереџе. И зошто да не врати? Па тој за да произведе ги користи националните ресурси на државата, државата му овозможила институции и услови да работи и функционира од пари на даночните обврзници. Му овозможила инфраструктура и образовен систем кој продуцира кадри за неговиот бизнис и уште еден куп други бенефиции. Кога може најсиромашниот да плаќа данок и да дава некаков придонес за опшеството каде што живее тогаш што го прави привилегиран овој другиот, кој патем многу повеќе зависи од државата и ги користи институциите на системот.
Пред да се нафрлите на мене не зборувам за Македонија, ние сме пример како не треба, тука зборуваме како треба. Нормална држава го стимулира бизнисот и се грижи за социјалниот аспект и благосостојбата на своите граѓани а нормалното функционирање на државата е во интерес и на граѓанинот и на бизнисот.
Тоа што кај нас имаме клептомански власти од нашето осамостојување си е наш проблем, да не релативизираме. Јас зборувам како функционира економската логика од моја перспектива.

И за коегизтенција и социјална држава, свесен народ и бизниси за значењето на таквата држава и важноста на плаќањето данок види модел на Скандинавски држави.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Значи системот ви одземал, така што НЕ измислувам
Тоа одземањето што цел живот некој го создавал не е уништување ???
Јас се извинувам, незнаев дека после тоа убаво сте живееле :cuc:

Ај кажи сега што доби од системот што толку го браниш, што си таков буљаш, биди маж и кажи ни вратија тоа и тоа, добив тендер, работа.. Тоа не е ни лошо ни за срамота.
Срамота е да пљукаш по системот во кој живеел дедо ти, а да величиш истиот систем во кој ти сега живееш ;)
Многу импулсивно делуваш. Не можеш се во еден кош да ставиш. Прво, јас не сум бил ни роден тогаш, ниту моите родители. Уништување според мене значи смрт или распад на семејство... После војната, моите дедовци работеле државна работа. Додуша, многу посиромашно. Потоа па подобро, побогато.
Ниту нешто му вратиле, ниту па се занимаваме (семејно) со тендери и слични работи.
Сме живееле како огромен дел од населението во тоа време. Според мои процени, напредна средна класа, образована, пред се.[DOUBLEPOST=1511189456][/DOUBLEPOST]
Ајде ти кажи искрено што си! Зошто се плашиш, нели дојде живот и демократија? Или па си срамежлив? Јас сум отворен, кажувам професија, име... Вие ем се криете како вагини под кошула, ем мудрувате...
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.184
Поени од реакции
3.430
Море јас да сум на власт ќе ви опнам и данок на немање деца (данок на целиот приход), па тогаш да ве видам,
нешто вака

нема 5 деца 10%
нема 4 деца 20%
нема 3 деца 40%
нема 2 деца 50%
нема 1 дете 75%

законот нема да важи само за природно неплодни лица, сите други по таа стапка:D
 
B

Bafra

Гостин
Гледаш дека упорно верглам топ најбогати, олигарси, 2% најбогати.
Дефинирај БОГАТИ и кажи граница од која треба да се плаќа прогресивен данок ? Според Тевдовски и Бранкица богати се над 1.000 евра приходи. Твоја гранија која е ?

И зошто да не врати? Па тој за да произведе ги користи националните ресурси на државата, државата му овозможила институции и услови да работи и функционира од пари на даночните обврзници. Му овозможила инфраструктура и образовен систем кој продуцира кадри за неговиот бизнис и уште еден куп други бенефиции.
Зашто Државата не ги искористи сите тие национални ресурси ?
Образовен систем кој продуцира кадри може на запад, кај нас 99% неписмени излегуваме од факултет. Плус Фирмите сами може да си стипендираат се што им треба.

Кога може најсиромашниот да плаќа данок и да дава некаков придонес за опшеството каде што живее тогаш што го прави привилегиран овој другиот, кој патем многу повеќе зависи од државата и ги користи институциите на системот.
Па тоа е проблемот ШТО добива народот за ВОЗВРАТ што плаќа данок.
Tој другиот ако мислиш на побогатите дека се повеќе зависи од државата си грешка, тоа се однесува на ПОЛИТИЧАРИТЕ, олигарсите и организиран криминал.

Пред да се нафрлите на мене не зборувам за Македонија, ние сме пример како не треба, тука зборуваме како треба. Нормална држава го стимулира бизнисот и се грижи за социјалниот аспект и благосостојбата на своите граѓани а нормалното функционирање на државата е во интерес и на граѓанинот и на бизнисот.
Тоа што кај нас имаме клептомански власти од нашето осамостојување си е наш проблем, да не релативизираме. Јас зборувам како функционира економската логика од моја перспектива.
Не ти се нафрлам на тебе, туку твојата логика е нафрлање на повеќе работи, во смисла и јаре и паре без администрација да настрада, некој си привиден социјален мир. За да знаеш како да решиш проблем треба да ги знаеш причините. По тебе причините биле богатите а не државен сектор од 190.000 администрација, корпумпирани политичари, судии и обвинители :D
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.184
Поени од реакции
3.430
Дефинирај БОГАТИ и кажи граница од која треба да се плаќа прогресивен данок ? Според Тевдовски и Бранкица богати се над 1.000 евра приходи. Твоја гранија која е ?
Најдобро е да стават од 12к да нема лутење, сите се еднакви според уставот, би можел да падне законот ако е така предложен.
ШТО добива народот за ВОЗВРАТ што плаќа данок.
:sekcza:
Еднш е печатна грешка
два пати е грешка на природата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom