Кухнја / Kukhnya / Кујна

  • Креатор на темата Креатор на темата Shawn Spencer
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.296
Поени од реакции
10.448
Кујна е руски ситком што започнува со емитување на 22 октомври 2012г. Снимени се 6 сезони од по 20 епизоди, а последната епизода се емитувала на 31 март 2016 година. Епизодите траат 25 минути.

thumb.jpg

Во ресторанот "Клод Моне" ќе се запознаеме со новиот готвач Макс, менаџерката Вика, шефот на кујната Витја, барменот Костја, келнерката Настја, како и со останатите чистачки, готвачи, слаткари итн.

Ова е најскапиот серијал во Русија (една епизода чинела 200.000 $ или 8 милиони $ по сезона), кој уште од самиот старт стекнува голема гледаност, а каналот СТС на кој се емитувал станува најгледан во тој термин. Благодарение на големата популарност снимени се и два филма Kukhnya v Parizhe (2014) и Kukhnya. Poslednyaya bitva (2017).

Серијата досега се емитувала во Србија и Хрватска, а во Америка ја имало на Амазон, а лиценца за да направат и емитуваат свои адаптации досега имаат купено Грузија, Грција, Естонија и Португалија. По крајот на серијава, во Русија го создаваат и неговиот спин-оф Otel Eleon кој исто така е доста популарен и сакан од гледачите.

Од пред 2 недели серијата започна да се емитува и во Македонија на ТВ 24. Премиерно оди од 17.45, а репризите се во 22.30.

Јас се заразив со серијалов, има добар хумор, епизодите се кратки, прекрасна храна, убави жени и добра музика. :D

Кој гледа, гледал или сака да му даде шанса на серијалов нек повели на дискусија.
 
Ја имате на сајтот soprevod за гледање снимени од 24 вести.

Имам фатено една епизода на 24 вести интересна е за оние што пред се сакаат готвење.
 
Последно уредено:
Во Кујна и Хотел Елеон серијата глуми и српскиот глумец Милош Биковиќ (Тирке од Монтевидео) Знае некој во кој епизоди/ сезони се појавува ?

Ако некој ја гледа и Хотел Елеон таа серија нека отвори и за неа тема па да имаме за две руски серии теми на форумов.
 
Последно уредено:
Во Кујна и Хотел Елеон серијата глуми и српскиот глумец Милош Биковиќ (Тирке од Монтевидео) Знае некој во кој епизоди/ сезони се појавува ?

Ако некој ја гледа и Хотел Елеон таа серија нека отвори и за неа тема па да имаме за две руски серии тњми на форумов.
Биковиќ мислам дека игра само во Хотел Елеон и тоа една од главните улоги. Во Кујна досега го нема, ако игра, ќе биде со некоја помала улога во следните сезони.
 
Биковиќ мислам дека игра само во Хотел Елеон и тоа една од главните улоги. Во Кујна досега го нема, ако игра, ќе биде со некоја помала улога во следните сезони.
Јас што ја најдов информацијата пишува дека во Хотел Елеон глумел србин газда на хотелот.

http://www.alo.rs/pogledajte-kako-se-bikovic-snasao-u-kuhinji-foto-video/88625
Само што на оваа вест пишале Кујна а уствари се работи за Хотел Елеон. Се извинувам и јас пишав погрешно, само во Хотел Елеон глуми.
 
Еднаш ја фатив 10 минути случајно и од тогаш не ја пропуштам. Ме релаксира, позитивна е, случките се кома :D
 
Јас ја пратам на 24ка, по една епизода на ден, а викендите криза ме фаќа од што нема нова епизода. :(

Денес мислам 17та епизода од прва сезона оди, од понеделник ќе треба втора да почне. Се надевам 24ка ги откупила сите сезони.

За Вика немам зборови, а богами ни Саша не е лоша. :love:
 
Федја по малку ме подсетува на Путин во лик, инаку ги има некој српски сајт серииве бидејќи гледам на Прва ги дале сите до една?
 
Сашењка богами, мхм, мхм, газдарицава сега што им е, онаа хостесата на влез што ги пречекува, а и Вика не е лоша. :love:

Едино Настјенка им руши просек. :D
 
Сашењка богами, мхм, мхм, газдарицава сега што им е, онаа хостесата на влез што ги пречекува, а и Вика не е лоша. :love:

Едино Настјенка им руши просек. :D
Добра е и она бе, не е на ниво на другиве али слатка е :D Него се кладам дека Макс кога-тогаш ќе ја преврти и газдарицава :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom